Владо Поповски
Владо Поповски | |
---|---|
Министер за одбрана | |
На должноста 4 септември 1992 – 20 декември 1994 | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Претходник | Трајан Гоцевски |
Наследник | Благоја Ханџиски |
Министер за правда | |
На должноста 20 декември 1994 – 29 мај 1997 | |
Претседател | Бранко Црвенковски |
Претходник | Туше Гошев |
Наследник | Ѓорѓи Спасов |
Министер за одбрана | |
На должноста 26 ноември 2001 – 1 ноември 2002 | |
Претседател | Љубчо Георгиевски |
Претходник | Владо Бучковски |
Наследник | Владо Бучковски |
Министер без ресор | |
На должноста 2002 – 2006 | |
Претседател | Бранко Црвенковски Хари Костов Владо Бучковски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 21 септември 1941 Долно Дупени, Кралство Албанија |
Националност | Македонец |
Вероисповед | Православен христијанин |
Владо Поповски (роден на 21 септември 1941 во Долно Дупени, Ресенско) — македонски професор на Правниот факултет во Скопје и политичар. Поповски бил министер за одбрана, министер за правда, и директор (основач) на Агенција за разузнавање на Република Македонија[1], како и член на Советот за безбедност на Република Македонија. Во 1991 година бил член на Стручната група која го подготвила текстот на Уставот на Република Македонија.
Професорска кариера
[уреди | уреди извор]Поповски основното образование го завршил во Штип, како и два класа гимназија, а последните ва класа гимназија во Скопје со одличен успех. Правен факултет завршил во Скопје. Магистарски студии завршил во Скопје со просечна оценка 10 (десет). Магистрирал на тема: „Политичките институциии и општествено-политичките системи на Стара Грција“. Докторирал на тема: „Национално-политичкиот профил на македонското-ослободително движење до ТМОРО“ со што се стекнал со докторат по историски науки.
Бил избиран како: асистент и научен соработник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје; за вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје; и за вонреден и редовен професор на Правниот факултет во Скопје. Држел настава по предметите: Основи на марксизмот, Политички систем на Југославија и на политичка социологија – на филозофскиот факултет; Историја на правото, Современа европска и македонска историја и Историја на дипломатијата – на Правниот факултет во Скопје – на правните студии, на политичките студии и на студиите по новинарство.
Бил шеф на Катедрата по Историја на правото и римско право; раководител на политичките студии при Правниот факултет; и декан на Интерфакултетските студии по новинарство. Бил член на Сенатот на „УКИМ“ Скопје; член на Матичните комисии за формирање на воената академија „Михајло Апостолски“ и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Политички ангажман
[уреди | уреди извор]Професор д-р Владо Поповски бил еден од тројцата автори на работниот текст на Уставот на Р Македонија донесен на 17 ноември 1991 година, како и еден од тројцата овластени застапници на претседателот на Р Македонија, Киро Глигоров, како предлагач за донесување на нов Устав на Р Македонија, во постапката за негово донесување пред уставната комисија на Собранието на Р Македонија и во постапката на самото тоа Собрание. Исто така, Поповски бил еден од двајцата советници на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски при донесувањето на Охридскиот рамковен договор и еден од двајцата негови застапници во постапката пред уставната комисија на Собранието и пред самото Собрание при донесувањето на амандманите на Уставот на Р Македонија предложени од претседателот Трајковски врз основа на Охридскиот рамковен договор.
На двајцата споменати претедатели на Репбулика Македонија, како и на премиерот Никола Груевски, извесно време, им бил советник за правни и политички прашања. Во два мандати бил член на Советот за безбедност на Р Македонија од редот на членовите што ги именува претседателот на Републиката.
Во Владата на Република Македонија двапати бил министер за одбрана (септември 1992 - декември 1994 година и ноември 2001 – ноември 2002 година), и министер за правда (декември 1994 - април 1997).
Професор д-р Владо Поповски бил прв директор на Агенцијата за разузнавање на Р Македонија (од април 1997 до март 1999 година) во кој период таа била основана и формирана како посебна установа во правниот и институционалниот систем на Република Македонија.
Дела
[уреди | уреди извор]Професор д-р Владо Поповски досега има објавено научни трудови: монографии, студии и статии, меѓу кои десет самостојни и дванаесет соавторски монографии; повеќе од четириесет прилози во зборници на научни трудови, од кои повеќето меѓународни; повеќе од 150 статии во домашни и странски списанија, како и во годишници на повеќе научни установи. Покрај на македонски јазик, научните трудови се објавувани и на албански, бугарски, српски, руски, турски, украински и англиски јазик. Нагови научни трудови се препорачани како литература на три странски државни универзитети.[2]
Добитник е на Републичката награда за наука од областа на историските науки "Гоце Делчев".
- „Социјално-политичкиот живот и политичките институции – огледи за политичката пракса на Стара Грција“, Скопје: ИСППИ, 1975 (монографија)
- „Македонското национално-ослободително движење до ТМОРО“ Скопје: Македонска книга, 1989 (монографија);
- „Албанското национално-ослободително движење (1830‒1912)“, Св. Николе: МЦСП, 2012 (монографија);
- „Lëvizja combëtare çlirimitare Shqiptare (1830‒1912)“, Tetovë: Universiteti Shtetëror i Tetovës, 2012 (монографија);
- „Руската и Советската надворешна политика и македонското прашање“, Скопје: Макавеј, 2013 (монографија);
- „Христо Матов“, Скопје: ДАРМ и „Македоника литера“, 2015 (монографија);
- „Христо Татарчев“, Скопје: Филозофски факултет при УКИМ, 2016 (монографија);
- „Изборите и положбата на граѓаните во изборниот процес“, Скопје, 1994 година (монографија);
- „Правилата ‒ Уставот на Македонскиот востанички комитет во Кресненското востание„, Скопје: ИСППИ, 1978 (соавторска книга);
- „Македонската лига и Уставот за идното државно уредување на Македонија од 1880 година“, Скопје: Мисла, 1985 (соавторска книга);
- „Теорија и практика на делегатскиот систем“, Скопје: ИСППИ, 1988 (соавторска книга);
- „Општините во Република Македонија“, Скопје: Мисла, 1999 (соавторска книга);
- „Македонското прашање во документите на Коминтерната“, Скопје: Ѓурѓа. Т. 1. Д. 1. 1999 (еден од составувачите на зборник од документите);
- „Историја на македонскиот народ“, Скопје: ИНИ. Т. 3. 2003 (соавторска книга);
- „Општините во Република Македонија (според новиот закон за локална самоуправа и за територијална поделба на Р Македонија)“, Скопје: ИБДЦ, 2006 (соавторска книга);
- „Македонското прашање во Советската надворешна политика (1922‒1940)“, Проект на Историско-документарен департман на МНР на Руската федерација, Правен факултет „Јустинијан Први“ и Историски факултет при Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“. Скопје: Правен факултет „Јустинијан Први“, 2008 (еден од составувачите на зборник од документите);
- „Огледи за македонската интелигенција“, Скопје: Макавеј, 2015 (соавторска книга);
- „Локалната самоуправа и територијалната поделба на Република Македонија“; Скопје:Макавеј, 2016 (монографија)
- „The creation of the modern Macedonian state“, Skopje: Македоника литера, 2016 (соавторска книга);
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „www.pf.ukim.edu.mk“. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2010-12-06.
- ↑ „Биографија на ukim.edu.mk“ (PDF).
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Трајан Гоцевски |
Министер за одбрана на Македонија 4 септември 1992 – 21 декември 1994 |
Наследник Благоја Ханџиски |
Претходник Туше Гошев |
Министер за правда на Македонија 21 декември 1994 – 29 мај 1997 |
Наследник Ѓорѓи Спасов |
Претходник Владо Бучковски |
Министер за одбрана на Македонија 26 декември 2001 – 1 ноември 2002 |
Наследник Владо Бучковски |
|
|
- Луѓе од Долно Дупени
- Родени во 1941 година
- Министри за одбрана на Република Македонија
- Министри за правда на Република Македонија
- Министри без ресор на Република Македонија
- Македонски политичари
- Состав на Владата на Република Македонија од 1992
- Состав на Владата на Република Македонија од 1994
- Состав на Владата на Република Македонија од 2002
- Состав на Владата на Република Македонија од 2004
- Долно Дупени
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“