Бој ван Попел
Ван Попел на Трката околу Британија 2016 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Бој ван Попел |
Роден | 18 јануари 1988 Утрехт, Холандија |
Висина | 1,85 м |
Маса | 70 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Лидл-Трек |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | спринтер |
Професионални клубови | |
2006–2010 2011–2012 2013 2014– | Рабобанк Континентал Тим ЈунајтедХелткер Вакансолел-ДКМ Трек Фактори Рејсинг |
Последна промена 22 март 2018 |
Бој ван Попел (холандски: Boy van Poppel; р. 18 јануари 1988 во Утрехт) — холандски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[1] Тој е син на поранешните велосипедисти Жан Пол ван Попел[2] и Леонтин ван дер Линден.[3]
Професионална кариера
[уреди | уреди извор]На 12 септември 2008, Ван Попел ја освоил петтата етапа на Трката околу Мисури. Со таа победа му го нанел првиот пораз во масовен спринт на Марк Кевендиш од Џиро д’Италија 2008 одржана во мај1.[4] На Трката околу Британија 2012, Ван Попел постојано завршувал во првите десет на бројни етапи, што му помогнало да го обезбеди бодовниот пласман пред второпласираниот Марк Кевендиш.[5]
Кон крајот на 2012, Ван Попел потпишал договор за сезоната 2013 со екипата Вакансолел-ДКМ[6], станувајќи трет член на неговото семејство кој е дел од екипата; неговиот брат Дани исто така ѝ се приклучил на екипата за сезоната 2013, како прва година професионална сезона, додека неговиот татко Жан Пол работел како спортски директор во екипата.[6]
Ван Попел му се приклучил на Трек Фактори Рејсинг за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Вакансолел-ДКМ, се распаднала на крајот на сезоната 2013.[1] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015.[7]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2008
- 1. Етапа 5 Трка околу Мисури
- 9. Омлоп ван хет Васланд
- 2009
- 1. Етапа 3 Тур де Норманди
- 1. Пролог (ТТТ) Трка Олимпија
- 2. Шал Селс-Мерксем
- 2010
- 1. Етапа 4 Крајц Брајц
- 5. Класик Шатору
- 6. Зелик-Галмарден
- 9. Дварс дор Дренте
- 2011
- 5. Краен пласман Ронде ван Дренте
- 2012
- 3. Нокере Курсе
- 8. Краен пласман Трка околу Британија
- 8. Класик Хандзаме
- 2013
- 4. Кансер Кансил Хелплајн Класик
- 6. Ватенфал Класик
- 6. Амстел Курасао Рејс
- 2014
- 8. Хале-Ингоигем
- 2017
- 9. Краен пласман Три дена Де Пане
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|---|
Џиро | — | 131 | 146 | СО |
Тур | 144 | — | — | — |
Вуелта | — | — | 158 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Трек потпиша со браќата Ван Попел и Фелине за 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. 3 октомври 2013. Посетено на 1 декември 2013.
- ↑ Роб Лампард (13 септември 2012). „Де Мар победи сам во Стоук“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 14 септември 2012.
- ↑ „u23 Mock Last: Place 15 – Boy van Poppel“. Place 15 – Boy van Poppel. cycling4fans.de. 2010. Посетено на 29 јуни 2013.
- ↑ Марк Залевски (12 септември 2008). „Млад член на Рабобанк им покажа на спринтерите во Мисури“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 14 септември 2012.
- ↑ Роб Лампард (16 септември 2012). „Тирнан-Локе ја освои Трката околу Британија“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 16 септември 2012.
- ↑ 6,0 6,1 „Бој ван Попел им се приклучува на Вакансолел-ДКМ“. Cycling News. Future Publishing Limited. 27 декември 2012. Посетено на 28 декември 2012.
- ↑ „Vuelta a España 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бој ван Попел“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Бој ван Попел“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Бој ван Попел“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Бој ван Попел“. ProCycling.
- Профил на Cycling Base Архивирано на 4 март 2016 г.