Белкаменска Река
Белкаменска Река Δροσοπόταμος | |
---|---|
Реката кај Бел Камен | |
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Леринско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Вич |
• координати | 40°37′54″N 21°24′01″E / 40.6316° СГШ; 21.4002° ИГД |
Устие | |
• место | Сакулева Река кај Лажени |
• координати | 40°47′38″N 21°27′44″E / 40.7938° СГШ; 21.4622° ИГД |
Особености на сливот | |
Белкаменска Река (Менска Река, Елешка Река или Которска Река; грчки: Δροσοπόταμος, Дросопотамос или Δροσοπηγιώτικο ρέμα, Дросиопигиотико рема) — река во Леринско, Егејска Македонија.[1][2]
Опис
[уреди | уреди извор]Реката извира од планината Вич северно под врвот Клепелото (1.878 м) под името Сара и тече на североисток[2] низ густа и дива букова шума.[1] Ја прима десната притока Богаз и левата Павлин во котлината на поранешното село Елово (по кое реката е наречена Елешка).[2] Кај старото село на Бел Камен (по кое е наречена Белкаменска) стои камен мост од 1852 г., дело на месни мајстори, како и убава стара воденица која сè уште работи.[1] Минува низ Бел Камен и излегува од планината кај Горно Котори (по кое е наречена Которска), свртува на север, па проаѓа низ Долно Котори и Кучковени. Традиционално се влева во Сакулева Река кај Лажени,[2] но денес реката е зафатена во голем број на мали акумулации.[1]
Притоки
[уреди | уреди извор]→ лева притока, ← десна притока