Прејди на содржината

Анатомија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Час по анатомија на д-р Николас Тулп - слика на Рембрант на која е прикажан час по анатомија во Амстердам во 1632 година.

Анатомијата или телознаниебиолошка наука која се занимава со проучување на структурите на организмот, или поточно, градба на живиот организам.

Анатомски (или претежно анатомски) дисциплини се миологија - наука за мускулите, остеологија - наука за коските, артрологија - наука за зглобовите, спланхнологија - наука за внатрешните органи и слично. Според предметот на проучување (растение или животно), анатомијата се дели на анатомија на растенијата, анатомија на животните и анатомија на човекот.

Анатомијата е комплексна наука и се состои од макроскопска анатомија, микроскопска анатомија или хистологија и ембриологија.

  • Целта на проучување на макроскопската анатомија се деловите од организмот што се гледаат со голо око (на пример, органи итн.)
  • Целта на проушување на микроскопската анатомија е структурата на организмот којашто не може на да се види под голо око, а со електронски или светлосен микроскоп (на пример, градба на ткивата, мироскопска градба на органите итн.)
  • Целта на ембриологијата е да ја проучи нормалната градба на организмот од зачнувањето до раѓањето - partus)

Анатомијата се дели и на:

  • Системска анатомија - ги проучува структурите на организмот организирани во системи
  • Топографска анатомија - ја проучува положбата на структурите во организмот во однос на другите структури
  • Клиничка анатомија - ја изучува специфичната градба на организмот за потребите на клиниката, најмногу на хирургијата

Методот којшто го користи анатомијата за истражување и изучување на градбата на организмот е дисекцијата. Тоа е многу стар метод, којшто го воведува таткото на медицината-Хипократ. Името означува режење, расечување, сечење. Преку дисекцијата се сечат и вадат органи од организмот, којшто претходно се подготвува по специјални методи и се фиксира, така што на тој начин најдобро се учи и се увидува положбата на органите (крвните садови, нервите итн.) во организмот.