Роберто Болањо
Роберто Болањо | |
---|---|
Графити со матрици во Барселона со Болањо (2012) | |
Роден/а | Роберто Болањо Авалос 28 април 1953 Сантјаго, Чиле |
Починат/а | 15 јули 2003 Барселона, Шпанија | (возр. 50)
Занимање | Писател, поет |
Јазик | шпански |
Потпис |
Роберто Болањо (шпански изговор: [roˈβeɾto βoˈlaɲo ˈaβalos]; Сантјаго де Чиле, 28 април 1953 - Барселона, 15 јули 2003) — чилеански поет, раскажувач, есеист и романописец. Живеел во Чиле, Мексико и Шпанија, активно учествувајќи во политиката како левичарски интелектуалец. Иако пишувал поезија поголемиот дел од својот живот, тој се здобил со признание за проза. Тој е познат по неговите романи: Далечна sвезда, Диви детективи, Амајлија, Чиле ноќе и 2666; како и збирки раскази: „Телефонски повици“ и „Курви Убици“.
Отфрлајќи го магичниот реализам, Болањо се свртел кон реалноста, испитувајќи на многу поетски јазик и преку единствени форми: насилство, криминал, зло, митот за поезијата и односот меѓу литературата и политиката.[1].
Биографија
[уреди | уреди извор]Болањо бил роден 1953, во Сантјаго де Чиле, син на боксер и камионџијата Леон Болањо и учителката Викторија Авалоса. Самото семејство припаѓало на пониската средна класа, така што неговото семејство често се преселувало на различни места во Чиле, барајќи подобар живот,кога имал петнаесет години се преселиле во Мексико. Во Мексико, како и во Чиле, живеел во неколку градови. Во главниот град на Мексико, тој го напуштил средното училиште и се вработил како новинар, застапувајќи и бранејќи ја идеологијата на левицата.
Со цел да ја поддржи револуцијата и реформите на социјалистичкиот претседател Салвадор Аљенде, Болањо во 1973 се враќа во родното Чиле. Меѓутоа, откако Пиноче ја соборил владата на Аљенде со воен удар, започнаа масовни ликвидации и апсења на левичари, кога, меѓу другите, беше уапсен и Болањо. Осум дена минал во притвор, од каде успеал да побегне со помош на чувар, кого го познавал од школските денови.
Враќајќи се во Мексико, младоста ја поминал живеејќи како боем, односно како професионален провокатор, кој често упаѓал и ги прекинувал литературните собири. Во овој период, тој страсно пишувал поезија. Заедно со неговиот пријател Марио Сантјаго Папаскиар, тој го започна поетското движење инфрареализам, или висцерален реализам.
Во 1977 година, Болањо се преселил во Шпанија, односно Каталонија, каде што живеел во мал стан во Бланес, каталонски крајбрежен град во близина на Барселона. Работел како мијач на садови, чувар на кампови, портир и чистач на улици. Со години работел дење, а пишувал навечер. Во Шпанија се оженил и доби син и ќерка.
Во своите четириесетти, тој започна активно да пишува проза. Во едно интервју изјавил дека почнал да пишува проза, затоа што чувствува одговорност за финансиската иднина на своето семејство, бидејќи знаел дека не може да обезбеди доволно пари со поезијата. Ова го потврди неговиот уредник Хорхе Хералде, кој објасни дека Болањо го оставил „своето бунтовничко постоење во сиромаштија“ затоа што по раѓањето на неговиот син 1990. се чувствувал одговорен за иднината на семејството. И покрај тоа, Болањо продолжил да се идентификува првенствено како поет до крајот на својот живот.
За десет години, од 1993. до 2003 објавил над десет прозни дела, меѓу кои се издвојуваат романите: „Далечна ѕвезда“, „Нацистичка литература во двете Америки“, „Диви детективи“, „Чиле ноќе“; и збирка раскази „Курви Убијци“. За романот „Диви детективи“ ја добил наградата Ромуло Галегос, престижна шпанска книжевна награда за роман. По долго влошување на неговото здравје, тој починал во 2003 година поради откажување на црниот дроб[2].
Постхумна слава
[уреди | уреди извор]Иако за време на својот живот го привлече вниманието на критичарите и читателите, особено на оние од шпанското говорно подрачје, дури по неговата смрт стекна светска слава. За овој статус особено придонесе постхумно објавениот роман „2666“. Оваа книга, која во шпанско издание има повеќе од 1000 страници, критиката ја дочека со ентузијазам. Романот е награден со наградите Алтазор, Саламбо и Хосе Мануел Лара, додека во САД е прогласен за книга на годината од списанието Time. Не ретко, современите критичари го предвидуваат идниот статус на оваа книга како класика.Романот 2666 е напишан со едноставен а возбудлив јазик кој веднаш го плени читателот. Такво е и дејството, кое се развива во повеќе меѓусебно преплетени приказни што нема да ви дозволат да ја испуштите книгата од раце. Роберто Болањо веројатно е најзначајниот латиноамерикански писател по Маркес, а познат е како автор кој му става крај на магичниот реализам.[3].Негово клучно дело е токму гигантскиот роман 2666, кој не може да се дефинира и опише преку традиционалните книжевни жанрови и поетики бидејќи е едно од оние ретки оригинални дела кои ја редефинираат теоријата на книжевноста.[4].
Творештво
[уреди | уреди извор]Влијанија
[уреди | уреди извор]Иако како момче покажувал знаци на дислексија, Болањо се развил во страствен читател. Слично на неговиот „учител“ Борхес, тој сметал дека читањето е поважна активност од пишувањето. Освен Борхес и Хулио Кортасар, писатели на кои, по сопствено признание, несомнено им должел, Болањо ја нагласи важноста на некои други Латиноамерикански писатели, како што се: Никанор Пара, Гонсало Рохас, Хорхе Едвардс, Хосе Доносо, Адолфо Бојо Касарес, Енрике Лин, Силвина Окампо, Хуан Рулфо, Мануел Пуиг, Марио Варгас Љоса, Серхио Питол, Хуан Марсе, Мигел Анхел Астуријас и многу други. Покрај латиноамериканските писатели, Болањо страсно ги читал писателте од други национални литератури. Меѓу другите ги издвоил делата на: Франц Кафка, Витолд Гомбрович, Херман Мелвил, Филип К. Дик, Роберт Музил, Блез Паскал но и неколку современи американски писатели како што се Кормак Мекарти, Томас Харис и [[Џејмс Елрој] ].
Од друга страна, Болањо ги предизвика високите уметнички вредности со делата на Карлос Фуентес, Изабел Аљенде, Антонио Скармета, Луис Сепулведа и мексиканскиот нобеловец Октавио Паз.[5].
Поетика
[уреди | уреди извор]Болањо припаѓаше на генерацијата автори кои силно се спротивставија на магичен реализам, како најпрепознатлив литературен израз во латиноамериканската литература, заговарајќи свртување кон реалноста. Кога зборувал за суштината на литературата, Болањо го истакна нејзиниот политички аспект. Тој напиша: „Целата литература е, во одредена смисла, политичка. Прво, тоа е одраз на политиката, а второ, тоа е и политичка програма.[6]. Еден од клучните елементи на неговата проза е постојаната поврзаност на животот и литературата. Ликовите во неговата проза често се романописци или поети, вклучувајќи ги и оние што ги измислил Болањо и оние што навистина постоеле Пабло Неруда се појавува како спореден лик во романот „Чиле ноќе“. Книжевниот критичар Стејси д'Еразмо истакнал:
...„читањето на делата на Роберт Болањо, кој почина во 2003 година на педесетгодишна возраст, лежи во неговата идеја дека културата, особено книжевната култура, е курва. Соочени со политичката репресија, пресврти и опасност, писателите продолжуваат да се возбудуваат од пишаниот збор, а за Болањо ова е извор на благородност и мрачен хумор во исто време. Во неговиот роман Диви детективи, двајца страсни млади латиноамерикански поети никогаш не губат верба во нивната префинета уметност, без оглед на пресвртите во животот, времето и политиката. Иако понекогаш се смешни, секогаш има нешто херојско во нив. Но, што значи тоа, прашува тој во неговиот мрачен, извонреден, немирен роман „Чиле ноќе“, дека интелектуалната елита пишува поезија, слика и дискутира за финесите на авангардниот театар, додека хунтата ги мачи луѓето во подрумот? Зборот не познава лојалност кон народот, ниту основна политичка тенденција; таа е џин од светилка што може да ја повика секој господар. Дел од генијалноста на Болњо е што тој прашува преку иронија, која е толку остра што можеш да си ги исечеш тупаниците на страниците, дали сме можеби премногу конформисти ако ја користиме уметноста како анестетик, изговор и место за криење од светот, кој е многу зафатен да прави вистински работи за многу реални луѓе. Дали е храбро да се чита Платон за време на воен удар или е нешто друго?
Други значајни теми на неговото дело вклучуваат: потрагата, митот за поезијата, односот помеѓу поезијата и криминалот, насилството и криминалот во современа Латинска Америка, како и суштината на младоста, љубовта и смртта.
Избрана библиографија
[уреди | уреди извор]Романи
[уреди | уреди извор]- „Совет од ученик на Морисон до обожавател на Џојс“(1984)
- „Ледената патека“ (-{La pista de hielo}-, 1993)
- „Патот на слоновите“ (La senda de los elefantes, 1994)
- „Нацистичка литература во Америка“ (La literatura nazi en America, 1996)
- Далечна ѕвезда (-{Estrella distante}-, 1996)
- Дивите дедективи (-{Los detectives salvajes}-, 1998)
- Амајлија (-{Амајлија}-, 1999)
- Чиле ноќе (-{Nocturno de Chile}-, 2000)
- Антверпен (-{Amberes}-, 2002)
- Лупенромантик (-{Una novelita lumpen}-, 2002)
- 2666 (објавено постхумно, 2004 година).
- „Третиот рајх“ (објавен постхумно, 2010 година).
- „Несреќи на вистински полицаец“ (објавено постхумно, 2011 година).
Збирки раскази
[уреди | уреди извор]- „Телефонски повици“ (-{Llamadas telefónicas}-, 1997)
- „Курви убијци“ (-{Putas asesinas}-, 2001)
- Ел гаучо несуфрибл} (-{Ел гаучо несуфрибил}-, објавена постхумно)
Збирки песни
[уреди | уреди извор]- Врапците ја земаат висината (-{Gorriones cogiendo altura}-, 1975)
- Повторно измислување љубов (Reinventar el amor, 1976)
- „Фрагменти од непознатиот универзитет“ (Fragmentos de la Universidad Desconocida, 1992)
- Романтично куче (-{Los perros románticos}-, 1993)
- Последниот дивјак (-{El último salvaje}-, 1995)
- Три (-{Tres}-, 2000)
Есеи и интервјуа
[уреди | уреди извор]- Во загради (постхумно издание, 2004 година).
- Болањо сам: избрани интервјуа (постхумно издание, 2011 година).
- На отворено: новинарски соработки, јавни интервенции и есеи (постхумно издание, 2018).
Последните години и смртта
[уреди | уреди извор]Последните години од животот на Болањо поминале помеѓу развојот на неговото литературно дело и напредувањето на неговото заболување на црниот дроб. Во овој период ги создава своите најзначајни дела. Умрел 1 јули 2003 година кога бил примен во болницата Универзитари Вал д Хеброн за откажување на црниот дроб.Неговата пепел била расфрлана во морето.
Роберто Болањо е еден од најпознатите и најчесните чилеански писатели. По неговата смрт, се одржаа безброј културни и литературни настани во негово име. Во негова чест се подигнати статуи во повеќе градови во неговата родна земја и беа откриени спомен плочи. Слично на тоа, наградата именувана по него е основана во 2006 година.
Стил
[уреди | уреди извор]Литературниот стил на Роберто Болањо беше вграден во движењето инфра-реализам, затоа неговата поезија уживаше во слободата, личноста и креативноста. Интелектуалецот користел едноставен и прецизен јазик преку кој опишал многу свои лични искуства.
Болањо пишуваше за животот, крајот на постоењето, вредностите и самата литература. Од друга страна, прозата на Болањо се карактеризираше со присуство на вистински и автентични ликови, што ги доведе до фикција преку описот на неговите достигнувања и неуспеси.
Понатаму, неговите текстови не беа многу описни и тој често користеше сезнаен наратор и раскажувач од прво лице, освен главниот лик[7],[8].
Цитати
[уреди | уреди извор]- „Пишувањето не е нормално. Нормално е да се чита и пријатно е да се чита; дури и елегантната работа е да се прочита. Пишувањето е вежба за мазохизам (…) ”.
- „Да се биде писател не е пријатно. Не, убаво не е зборот. Тоа е активност на која не недостасуваат многу смешни моменти, но знам и други активности кои се уште позабавни “.
- „Одлучив да започнам да пишувам на 16 години во Мексико, а исто така и во момент на целосен прекин, со семејството, со сè, како се прават овие работи“.
- „Секако, секогаш сакав да бидам левичарски политички писател, но левичарските политички писатели ми изгледаа неславно“.
- „Да бев во можност да изберам, сега веројатно ќе бев рурален белгиски господин, со железно здравје, ерген, редовен во бордели во Брисел, читател на детективски романи и кој ќе се расфрлаше со здрав разум, богатство акумулирани со генерации “.
- „Чиле е земја каде што да се биде писател и да се биде сиромашен е скоро исто“.
- „Јас би му дала совет на аспирантниот писател што ние младите подреалисти во Мексико си го дававме едни на други. Кога бевме 20, 21, имавме поетска група и бевме млади, груби и храбри. Си рековме: живее многу, читај многу и води љубов многу “.
- „Не ми е јасно до кој степен Енрике Лин е препознаен во Чиле. Она што го имам многу јасно е дека Лин е главен поет на 20 век на наш јазик “.
- „Никогаш нема премногу книги. Има лоши книги, многу лоши, полоши и слично, но никогаш премногу “.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Болањо
- ↑ „Roberto Bolaño (1953-2003)“. Архивирано од изворникот на 30 ноември 2022. Посетено на 2 април 2023.
- ↑ Болањо[мртва врска]
- ↑ Roberto Bolaño Chilean author
- ↑ Bolaño: el escritor que quiso contarlo todo [мртва врска]
- ↑ Roberto Bolaño
- ↑ Болањо
- ↑ Roberto Bolaño(1953-2003)
Литература
[уреди | уреди извор]- Patricia Espinosa Hernández: Territorios en fuga. Estudios críticos sobre la obra de Roberto Bolaño (Colección ensayos). Frasis, Providencia Santiago 2003, ISBN 956-8170-03-0.
- Alma Durán-Merk: Representaciones de la experiencia migratoria en la literatura: „Los detectives salvajes“ de Roberto Bolaño. Opus, Augsburg 2010 (PDF-Datei).
- Ursula Hennigfeld (Hrsg.): Roberto Bolaño. Violencia, escritura, vida. Vervuert, Madrid 2015, ISBN 978-84-8489-917-4.
- Nataniel Christgau: Tod und Text. Zu Roberto Bolaño ›2666‹. Matthes & Seitz, Berlin 2016, ISBN 978-3-88221-094-1.
- Susanne Klengel: Jünger Bolaño. Die erschreckende Schönheit des Ornaments. Königshausen & Neumann, Würzburg 2019, ISBN 978-3-8260-6692-4.
- Benjamin Loy: Roberto Bolaños wilde Bibliothek. Eine Ästhetik und Politik der Lektüre. Berlin/Boston: De Gruyter 2019, ISBN 978-3-11-065815-6.
- Stephanie Catani (Hg.): Roberto Bolaño. Autor und Werk im deutschsprachigen Kontext. Bielefeld: transcript 2020, ISBN 978-3-8376-5127-0.
- Anne Picard et Melina Balcázar (éd.), Revue Europe, Roberto Bolaño, n° 1070-1071-1072 – juin/juillet/Предлошка:Date-.
- Karim Benmiloud et Raphaël Estève (coord.) Les Astres noirs de Roberto Bolaño. Bordeaux, Presses universitaires de Bordeaux, 2007.
- (шпански) Patricia Espinosa H. Territorios en fuga: estudios criticos sobre la obra de Roberto Bolaño. Providencia (Santiago), Ed. Frasis, 2003.
- (шпански) Celina Manzoni (coord). Roberto Bolaño, la escritura como tauromaquia. Buenos Aires, Corregidor, 2002.
- (шпански) Celina Manzoni, Dunia Gras, Roberto Brodsky. Jornadas homenaje Roberto Bolaño (1953-2003): simposio internacional. Barcelone, ICCI Casa Amèrica a Catalunya, 2005.
- (шпански) Fernando Moreno (coord.). Roberto Bolaño, una literatura infinita. Poitiers, université de Poitiers, 2005.
- (шпански) Bolaño por sí mismo. Entrevistas escogidas. Santiago du Chili, Ediciones Universidad Diego Portales, 2006.
- Antonio Werli, Julien Frantz et Julien Schuh (dir.) Revue Cyclocosmia n° 3. Dossier critique avec Eric Bonnargent, Horacio Castellanos Moya, Julien Frantz, Rodrigo Fresan, Sergio Gonzalez Rodriguez, Jorge Herralde, Eduardo Lago, Joaquin Manzi, François Monti, Alban Orsini, Néstor Ponce, Yaël Taïeb, Antonio Werli... Strasbourg, Editions Minuscule, 2010.
- Éric Marty, « LIttérature et féminicide - sur 2666 de Roberto Bolaño, AOC, Предлошка:Date-.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Literatur von und über Roberto Bolaño[мртва врска] im Katalog der Bibliothek des Instituto Cervantes in Deutschland
Nachruf auf Bolaño (englisch)
- Autorenspecial vom Carl Hanser Verlag
- Letztes Interview 2003 Архивирано на 18 август 2022 г. (spanisch)
- Roberto Bolaño und der literarische Kanon, Hg. Jordi Balada Campo, in: Romanische Studien, 1, 2015, S. 27–136
- Eine vielseitige Reise durch absurde Welten. Marie-Christin Starck zur Übersetzung Der unerträgliche Gaucho, ReLÜ, 4, 2006
- Roberto Bolaño en el sitio web Memoria Chilena, con biografía, cronología, fotos, documentos y algunos libros que se pueden descargar legal y gratuitamente
- Bolaño en Anagrama
- Archivo Bolaño, blog que recoge los artículos que se escriben sobre el escritor chileno
- Roberto Bolaño Архивирано на 9 октомври 2020 г. Fotografías de Mathieu Bourgois
- Six pages de 2666 : la pomme et le taxi, article de Christine Bini pour La Clé des Langues Архивирано на 25 август 2011 г.
- Entrevue avec Bolaño En espagnol (vidéo)
- Roberto Bolaño en el programa de TVE Imprescindibles.
- Conversatorio Hablemos de Bolaño, con la participación de Álvaro Bisama, Oswaldo Zavala, Ignacio Echevarría, Roberto Brodsky y Felipe Ríos Baeza.