Милет
- Оваа статија е за античкиот град. За поделбата по религиозна основа во Отоманското Царство, видете Милет (Отоманско Царство).
Милет (старогрчки: Μίλητος) бил антички град на западниот брег на Анадолија (во сегашната покраина Ајдин во Турција), во близина на утоката на реката Меандер. Местото било населено од Бронзеното доба.
Легенда
[уреди | уреди извор]Хомер наведува дека во времето на Тројанската војна, градот им припаѓал на Карите (Илијада, книга II). Други грчки митови велат дека градот бил основан според херојот Милет, кој го напуштил Крит поради кралот Минос. Овие митови кажуваат понатаму и дека херојот Милет го основал градот по убивањето на џинот наречен Астериус, син на Анакс; и дека регионот познат како Милет бил оригинално познат како „Анакторија“. Според една друга легенда, меѓу девојките од Милет завладеала епидемија на самоубиства. Оттука, за да се пречи оваа појава, било наредено младите самоубијки да се закопуваат голи заедно со ортомата околу вратот. Така, девојките од Милет се вразумиле, зашто се срамеле од таквиот начин за закопување.[1]
Милетска школа
[уреди | уреди извор]Милетската школа била отворена од страна на милетските филозофи при крајот на VII век п.н.е. Овие филозофи (уште наречени и први грчки филозофи) ќе дадат поинакво објаснување за Светот, односно материјалистичко сфаќање за постоењето на Светот. Основач на оваа школа е Талес, филозоф кој за архе ја гледа водата. Она бесконечното и неуништливото, она трајното и непроменливото, она што е прапричина за постоењето на Светот - тоа е водата. Од неа сè доаѓа во неа, сè завршува. Меѓутоа со појавата на нови филозофи се среќаваме и со нови теории. Тука бил Анаксимандер кој тврдел дека архето е всусношт апејрон, односно сè се засновува на спротивности топло-ладно, суво-влажно, а од таму и потекнуваат четирите праелементи во кои тој го гледа квалитативно-бесконечнотото, квантитативно-н��определеното. Наспроти него се среќаваме со уште еден филозоф, уште еден талесов ученик со своја теорија, според кого архето е воздухот, а од него со мешање настануваат останатите елементи. Еден од најпознатите милетски филозофи е Питагора веќе доста познат по теорема која го добила неговото име. Тој доаѓа со свое сфаќање за основата на Светот. Според него архето е бројот. Зад секој предмет или суштество постои број кој е всушност вечен, неминлив, траен, неуништлив и е основа на сè што постои. Од овој филозоф кој изјавува дека не е мудрец туку дека само ја љуби мудроста и настанува името филозофија (љубов кон мудроста).
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Милет“ на Ризницата ? |
- Антички монети од Милет
- Архива со слики Ливиус: Милет Архивирано на 4 јуни 2006 г.
|
- ↑ „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 123.