Стар Рим
Стар Рим бил италијанска цивилизација која се формирала на италијанскиот полуостров на почетокот на 8 век п.н.е.. Се простирала покрај Средоземното Море сосредоточувајќи се кон градот Рим. Се проширила за да стане една од најголемите империи во античкото време, со процена од 50 до 90 милиони жители (околу 20% од светската популација) заземајќи 6,5 милиони квадратни километри за време на својот најголем успех помеѓу првиот и вториот веќ од н.е. За време на своето постоење од околу 12 века, римската цивилизација се променила од монархија кон аристократска република, но подоцна и зголемена автократска империја. Преку освојување и асимилација, таа владеела со Јужна Европа, Западна Европа, Мала Азија, Северна Африка, делови од Северна Европа и делови од Источна Европа. Рим бил бројчено надмоќен насекаде низ средоземниот регион и бил еден од најмоќните градови во античко време. Тој е често групиран во „класична древност“ заедно со Стара Грција и нивните слични култури и општества се познати како грчки-римски свет.
Римјаните сè уште се запаметени и денес, вклучувајќи имиња како Јулиј Цезар, Цицерон и Август. Античкото римско општество имаше голем придонес во владата, правото, политиката, инженерството, уметноста, литературата, архитектурата, технологијата, војувањето, религијата, јазикот, општеството и многу други придонеси во западниот свет. Римската цивилизација која била високо развиена за своето време се унапредила и во голема мера ја проширила својата војска и создала систем на владеење наречен „res publica“, кој е инспирација за современите републики како што се САД и Франција. Рим постигнал импресивни технолошки и архитектонски подвизи, како што е изградбата на обемен систем за канали и патишта, како и големи споменици, палати и јавни објекти. Кон крајот на Републиката, Рим ги освоил териториите на Медитеранот и пошироко: неговата област се проширила од Атлантикот до Арабија, од устието на реката Рајна до Северна Африка. Римското Царство се појавила под раководството на Август Цезар. Под водството на Трајан, империјата го достигнала својот територијален врв. Републиканските обичаи и традиции започнале да се намалуваат во текот на царскиот период, каде што граѓанските војни станале заеднички обичај за доаѓањето на власт на императорот. Државите како Палмира, привремено ја поделиле империјата во кризата од третиот век. Со делење на империјата на западни и источни половини, императорите-војници ја обединиле. Поради измачувањето од внатрешна нестабилност и нападите од различни миграциони народи, западниот дел од империјата се поделил на независни царства во 5 век. Оваа поделба е обележје кое историчарите го користат да го поделат античкиот период на општа историја од предсредновековната „Мрачна доба“. Источното Римско Царство ја преживеало оваа криза и било управувано од страна на престолнината Цариград по поделбата на империјата. Царството ја сочинувало Грција, Балканот, Мала Азија, Сирија и Египет. Покрај понатамошното губење на Сирија и Египет од Арапско-исламската Империја, источното Римско Царство траело уште еден милениум, додека неговите останки биле конечно присоединети од страна на новата Турско-отоманска империја. Оваа источна христијанска средновековна фаза на империјата историчарите обично ја нарекуваат Византиско Царство.
Мит за создавање на Рим
уредиСпоред митот за создавањето на Рим, на 21 април 753 година п.н.е. градот бил основан од страна на близнаците Ромул и Рем кои биле потомци на тројанскиот принц Енеј и внуци на латинскиот крал Нумитор Алба Лонга. Кралот Нумитор бил соборен од престолот на неговиот брат Амулиус, додека Реја Силвија која била ќерката на Нумитор, родила близнаци. Бидејќи Реја Силвија била силувана и оплодена од страна на римскиот бог на војната Марс, близнаците се сметале за полубогови. Новиот крал се плашел дека Ромул и Рем ќе се вратат на престолот и затоа им наредил да се удават. Ги спасила и ги одгледала една волчица (или во некои приказни се спомнува како овчарка) и кога тие биле доволно стари, си го повратиле престолот од Алба Лонга на Нумитор. Потоа близнаците основале свој град, но Ромул го убил Рем за време на караница за локацијата на Римската Британија, иако некои извори наведуваат дека караницата била за тоа кој требало да владее или да му го даде своето име на градот. Градот бил именуван по Ромул. Со цел да се привлечат луѓе во градот, Рим станал засолниште за сиромашните, протераните и несаканите. Ова предизвикало проблем за Рим, каде што имало голема работна сила и недостиг на жени. Ромул патувал до соседните градови и племиња и се обидел да обезбеди права за склучување на брак, но бидејќи Рим бил полн со непожелни луѓе, тие го одбиле. Според легендата се верува дека Латините ги поканиле Сабињаните на фестивал и ги украле нивните немажени девојки, што довело до обединување на Латините и Сабињаните.
Според друга легенда која е запишана од грчкиот историчар Дионис Халикарнасус, се верува дека принцот Енеј ја предводел групата од Тројанци на морско патување, за да откријат нова Троја, откако старата земја била уништена како последица на Тројанската војна. По долго време поминато на немирното море, тие пристигнале на бреговите на реката Тибар. По краток период откако пристигнале, мажите сакале повторно да пловат, но жените коишто биле со нив, не сакале да си заминат. Една жена по име Рома, им предложила на другите жени да ги изгорат бродовите за да го спречат заминувањето. На почетокот мажите и биле лути на Рома, но тие подоцна сфатиле дека се наоѓале на идеалното место за населување. Тие го нарекле ова населување по името на жената која ги уништила нивните бродови. Римскиот поет Виргил ја раскажал оваа легенда во неговата класична епска поема Енеида. Во Енеида, тројанскиот принц Енеј бил предодреден од боговите за да основа нова Троја. Исто така во епот жените одбиле повторно да пловат на морето, но тие не биле оставени кај Тибар. По освојувањето на Италија, Енеј кој сакал да се ожени со Лавинија, бил принуден да води војна со нејзиниот поранешен додворувач Турнус. Според поемата латинските кралеви на Алба Лонга потекнуваат од Енеј, и на тој начин основачот на Рим- Ромул бил негов потомок.
Царство
уредиГрадот Рим се зголемил од населбите покрај брегот на реката Тибар, која била крстоносница за сообраќај и трговија. Според археолошките докази, селото Рим најверојатно било основано некаде во 8 век п.н.е., иако според членови од Латинското племе ��о Италија, би можело да биде основано и во 10 век п.н.е. на врвот на ридот Палатин. Се верува дека Етрурците кои претходно се населиле на север во Етрурија, воспоставиле политичка контрола над регионот кон крајот на 7 век п.н.е., формирајќи аристократска и монархиска елита. Етрурците очигледно ја изгубиле власта во регионот кон крајот на 6 век п.н.е., и во тој момент оригиналните латински и сабински племиња повторно ја создале нивната влада, преку создавање на република со многу поголеми ограничувања врз способноста на владетелите да ја спроведуваат моќта. Римската традиција и археолошките докази укажуваат на сложеност во рамките на Римскиот форум како седиште на власта за царот и почетоците на религиозниот центар. Нума Помпилиј бил вториот цар на Рим, наследувајќи го Ромул. Тој започнал големи проекти за градби во Рим со својата кралска палата Регија и комплексот на Весталките.
Република
уредиСпоред традицијата, а подоцна и според писателите како Ливиј, Римската република била основана околу 509 година п.н.е., кога последниот од седумте кралеви на Рим, Тарквиниј Гордиот бил соборен од страна на Луциј Брут. Тогаш бил основан систем за годишно бирање на судии и различни претставнички собранија. Со Уставот биле поставени неколку проверки, рамнотежи и поделба на власта. Двата конзули биле најважните судии кои заедно остварувале извршна власт како империум, или воена наредба. Конзулите морале да работат со Сенатот кој првично бил советодавно тело за благородништвото или патрициите, но неговата голема моќ се зголемила. Другите судства во Републиката вклучувале трибуни, квестори, едили, претори и римски цензори. На почетокот судствата биле ограничени само за патриции но подоцна им биле достапни на обичните луѓе или сиромашните (плебејците). Во собранијата за републичко гласање било вклучено центуриско собрание кое гласало за прашања за војни и мир, како и избирање на луѓе на најважните функции. Исто така било вклучено и трибутско собрание кое избирало помалку важни функции. Во 4 век п.н.е. Рим бил нападнат од Галите, чија моќ се протегала низ Италијанскиот полуостров, по долината По и преку Етрурија. На 16 јули 390 година п.н.е. армијата на Галите под водството на племенскиот водач Бренус, се судрила со Римјаните на брегот на реката Алија, оддалечена 10 милји северно од Рим. Бренус ги поразил Римјаните, а Галите се упатиле кон Рим. Повеќето Римјани избегале од градот, но некои поставиле барикади на ридот Капитолино и се спремале за последно соочување. Галите го ограбиле и го запалиле градот и подоцна го опседнале ридот Капитолине. Опсадата траела седум месеци и подоцна Галите се согласиле да им дадат мир на Римјаните во замена за 1000 фунти (450килограми злато). (Во една легенда која настанала подоцна се смета дека при римското надгледување на мерењето било забележано дека Галите користеле лажни размери). Потоа Римјаните зеле оружје и ги победиле Галите. Нивниот победнички водач Камилиус рекол: „Римјаните ја купиле нивната слобода со железо, а не со злато.“ Римјаните постепено ги покориле другите народи на италијанскиот полуостров, вклучувајќи ги и Етрурците. Последната закана за римската хегемонија во Италија се случила кога голема грчка колонија Таренто обезбедила помош од Пир од Епир во 281 година п.н.е., но и овој напор бил залуден. Римјаните ги обезбедиле своите освојувања преку основање римски колонии во стратегиските области, и со тоа создавање стабилна контрола над италијанскиот регион.
Пунски војни
уредиВо 3 век п.н.е. Рим требало да се соочи со нов сериозен противник: Картагина. Картагина била богата, развиена феникиски град-држава со намера да доминира на Медитеранот. Двата града биле сојузници во времето на Пир, кој претставувал закана за нив, но со хегемонијата на Рим во просторот на Италија и картагинската таласократија, овие града станале две главни сили во западниот Медитеран- што било знак за претстојната војна. Првата пунска војна започнала во 264 година п.н.е., кога луѓето од градот Месана побарале помош од Картагина во борбата со Хиерон II од Сиракуза. По посредувањето од Картагина, луѓето од Месана побарале од Рим да ги избркаат Картагинците. Рим учествувал во оваа војна бидејќи Сиракуза и Месана биле премногу блиски по новоосвоените грчки градови од јужна Италија и затоа сега Картагина можела да формира напад низ римската територија, со помош на ова Рим се проширил низ Сицилија. Иако Римјаните имале искуство во битките на копно, за да го победат овој непријател била потребна поморска битка. Картагина била поморска сила а поради римскиот недостиг на бродови и поморско искуство, патот кон победа бил многу потежок за Римската Република. И покрај ова, по 20 години поминати во војна, Рим ја победил Картагина и бил потпишан мировен договор. Меѓу причините за втората пунска војна биле и подоцнежните воени репарации кои ги прифатила Картагина на крајот на првата пунска војна. Втората пунска војна е позната по своите брилијантни команданти: на пунската страна Ханибал и Хасдрубал, на римската страна Марцел, Фабиј Максим и Скипион Африканецот. Рим со соочил со оваа војна во исто време со првата македонска војна. Како избувнување на војната се сметала смелата инвазија од Италија водена од Ханибал, син на Хамилкар Барка кој бил картагински командант и ја водел Сицилија за време на првата пунска војна. Ханибал брзо се упатил низ Хиспанија и Алпите. Оваа инвазија предизвикала паника во градовите и единствениот начин за да се одврати Ханибал од неговата намера бил да се насочи кон малите битки. Оваа стратегија била водена од Фабиј Максим кој бил наречен Cunctator (што значи одложувач на англиски), и до денес се нарекува фабијанската стратегија. Поради ова, целта на Ханибал не се постигнала: тој не можел да ги убеди италијанските градови за револт против Рим, и како што неговата армија се намалувала после секоја битка, тој немал доволно машини и работна сила да го опколи Рим. Инвазијата на Рим траела повеќе од 16 години и се уништиле резервите на италијанските градови и области. Кога Римјаните забележале дека нивните резерви се намалуваат, тие извршиле инвазија над незаштитената Картагина и го принудиле Ханибал да се врати. За време на враќањето тој се соочил со Скипион, кој го победил неговиот брат Хасдрубал. Резултатот од овој конфликт го донел крајот на втората пунска војна со познатата битка кај Зама во октомври 202 година п.н.е., преку која Скипион го добил својот прекар Африканецот. Конечниот резултат на Рим довел до многу жртви но исто така и убедливи придобивки: освојување на Хиспанија од страна на Скипион, како и освојување на последното грчко царство Сиракуза од страна на Марко Клаудиј Марцел. По повеќе од половина век подоцна од овие настани, Картагина била понижена и во Рим веќе немало грижи за африканските закани. Фокусот на републиката сега бил насочен кон хеленските царства на Грција и револтите во Хиспанија. Сепак, откако платиле за обесштетувањето од војната, Картагинците мислеле дека нивната заложба и потчинување кон Рим веќе престанале. Овој настан не бил споделен со римскиот Сенат. Во 151 година п.н.е. Нумидија извршила инвазија над Картагина и по барањето помош од Рим, биле испратени претставници до Картагина. Меѓу нив бил и Марко Порциј Катон кој откако видел дека Картагина би можела да се врати назад и да ја врати својата важност, ги завршил сите свои говори со една мисла, без разлика за што била темата. Тој велел: "Ceterum censeo Carthaginem esse delendam" (И покрај тоа мислам дека Картагина мора да биде уништена). Во битката која се одвивала помеѓу Картагина и Нумидија без римска согласност во 149 година п.н.е. Рим објавил војна на Картагина. По првиот напад Картагина се спротивставила добро, со учеството на сите жители од градот. Сепак, Картагина не можела да го издржи нападот на Скипион кој целосно го уништил градот и неговите ѕидови, ги поробил и продал сите жители и воспоставил контрола над тој регион, кој станал провинција на Африка. Така завршил периодот на пунските војни. Сите овие војни резултирале со првите римски странски освојувања на Сицилија, Хиспанија и Африка, како и подемот на Рим како значајна империјална силa.
Проширување и развој на републиката
уредиПо поразувањето на Македонската и Селевкидската Империја во 2 век п.н.е. Римјаните станале доминантни луѓе во областа кај Средоземното Море. Освојувањето на Хеленското царство предизвикало спојување на римската и грчката култура и римската елита која порано била рурална, а подоцна станала луксузна и космополитска. Во тоа време Рим претставувал зацврстена империја во поглед на војската и немал поголеми непријатели. Странската доминација довела до внатрешни судири. Сенаторите се збогатиле на трошок на провинциите, но војниците кои главно биле земјоделци, биле подолг временски период далеку од дома и не можеле да ја одржуваат нивната земја. Достапноста на платена работа се намалила поради зголемената употреба на странски робови и зголемувањето на латифундијата. Резултатот од воениот грабеж, меркантилизмот во новите провинции и даноците за земјоделството создале нови економски можности за богатите и формирање нова класа на трговци и коњаници. Законот „ The lex Claudia “ им забранил на членовите на Сенатот да се вмешаат во трговијата и додека коњаниците би можеле теоретски да се приклучат во Сенатот, ним им била строго ограничена политичката моќ. Во Сенатот постојано се воделе дискусии и се забранувале важни реформи за земјиштата како и се одбивало да им се даде поголемо право на коњаниците во владата. Насилни банди составени од невработени луѓе и контролирани од страна на соперничките сенатори, го заплашувале Избирачкото тело преку употребување на сила. Во 2 век п.н.е. ситуацијата кулминирала кога неколку трибуни под водство на браќата Граки пробале да донесат закон за реформи на земјиштето што ќе ги прераспредели поголемите аристократски земјопоседништа меѓу сиромашните луѓе. Двајцата браќа биле убиени и Сенатот донел реформи кои биле спротивни на активностите на браќата. Ова довело до зголемена поделба на сиромашните луѓе и класата на коњаниците.
Мариј и Сула
уредиГај Мариј ја започнал својата политичка кариера со помош на моќната фамилија Метели и наскоро станал водач на републиката, извршувајќи едно од првите седум конзулства (со невидено искуство) во 107 година п.н.е.. Тој тврдел дека неговиот поранешен заштитник Квинт Цецилиј Метел Нумидски не бил во можност да го порази и да го зароби кралот на Нумидија- Југурта. Подоцна Мариј ја започнал својата воена реформа: за да се бори со Југурта, тој регрутирал многу сиромашни луѓе и многу луѓе кои немале земја, влегле во војската. Со овој начин се обезбедувало лојалност од војската кон главниот командант. Во тоа време, Мариј ја започнал својата караница со Луциј Корнелиј Сула. Мариј кој сакал да го зароби Југурта, побарал од зетот на Југурта- Бок I да го предаде Јогурта на Римјаните. Кога Мариј не успеал, Сула којшто бил негов заштитник во тоа време, се ставил себеси во опасна ситуација и отишол кај Бок. Го убедил Бок да му го предаде Јогурта. Бидејќи многу од неговите непријатели го охрабрувале Сула да му се спротивстави на Мариј, ова претставувала провокација за него. И покрај ова, Мариј бил избран за пет последователни конзулства од 104 до 100 година п.н.е., поради тоа што на Рим му бил потребен воен водач да ги порази племињата Кимбри и Тевтонци, кои претставувале закана за Рим. По повлекувањето на Мариј, Рим доживеал краток мир, во кој италијанските сојузници побарале римско државјанство и право на глас. Реформистот Марко Ливиј Друз го поддржал нивниот правен процес, но тој бил убиен и сојузниците се кренале против Римјаните во Сојузничката војна. Во еден момент биле убиени двајцата конзули, Мариј бил задолжен да командува со војската заедно со Луциј Јулиј Цезар и Сула. Кон крајот на Сојузничката војна, Мариј и Сула биле главните лица на војската во Рим. Нивните приврзаници имале конфликт, борејќи се за моќ. Во 88 година п.н.е. Сула бил избран за неговото прво конзулство и неговата прва задача била да го порази Митридат VI од Понт, кој имал намера да го освои источниот дел на римската територија. Сепак, приврзаниците на Мариј ги извршиле воените постројки, спротивставувајќи се на Сула и на Сенатот. Ова била причина за гнев на Сула. За да ја зацврсти својата моќ, Сула спровел изненадувачко и незаконско дело: тој марширал до Рим заедно со својата легија и ги убил сите оние кои ги поддржале причините на Мариј и им ги набил главите на колци кај Римскиот форум. Во следната 87 година п.н.е. Мариј кој побегнал од маршот на Сула, се вратил во Рим додека Сула ја водел својата кампања во Грција. Тој дошол на власт заедно со конзулот Луциј Корнелиј Цина и го убил другиот конзул Гнеј Октавиј. На тој начин го постигнал своето седмо конзуларство. Во обид да го зголемат гневот на Сула, Мариј и Луциј Корнелиј Цина ги одмаздиле своите приврзаници така што извршиле масакр и ги набиле на шилци главите на приврзаниците на Сула (како што претходно бил набиен Публиј Сулпициј Руф од страна на Сула). Само неколку месеци по освојувањето на власта, Мариј починал во 86 година п.н.е. од старост и лошо здравје. Цина имал апсолутна власт сè до неговата смрт во 84 година п.н.е.. По враќањето од неговите источни кампањи, тој имал слободен пат за повторно да ја воспостави својата власт. Во 83 година п.н.е. тој го направил својот втор марш во Рим и започнал крваво време на терор: илјадници благородници, витези и сенатори биле убиени. Исто така Сула имал две диктатури и уште едно конзуларство, кое ја формирало кризата и падот на Римската република.
Цезар и неговиот прв триумвират
уредиВо средината на 1 век п.н.е. римските политики биле многу активни. Политичките поделби во Рим биле помеѓу две групации: популаристи (кои се надевале на поддршка од народот) и оптимати (се сметале за најдобри и кои сакале да одржат целосна аристократска контрола). Сула ги соборил сите популаристички водачи и со неговите уставни реформи се отстраниле овластувањата (како оние на трибуните за сиромашните луѓе) за поддршка на сите популаристички пристапи. Во меѓувреме продолжиле да се појавуваат социјални и економски стресови: Рим станал метропола со пребогата аристократија, задолжени претенденти и голем пролетеријат составен од осиромашени фармери. Другите групи го поддржувале катилинарскиот заговор кој бил убедлив неуспех, бидејќи конзулот Маркус Тулиј Цицерон брзо ги затворил и ги погубил главните водачи на заговорот. По овој бурен настан, се појавил Гај Јулиј Цезар од многу аристократско семејство со ограничено богатство. Неговата тетка Јулија била сопруга на Мариј и Цезар бил дел од популаристите. За да постигне моќ Цезар се здружил со двајцата најмоќни мажи во Рим: Марк Лициниј Крас, кој финансирал голем дел од неговата поранешна кариера; и неговиот соперник Гнеј Помпеј ( познат како Помпеј), кој се оженил со ќерката на Цезар. Тој заедно со нив создал нова неформална алијанса која се викала првиот триумвират (тројца мажи). Оваа алијанса ги задоволила интересите на сите тројца: Крас кој бил најбогатиот човек во Рим, станал побогат и на крајот добил високо воено овластување; Помпеј имал поголемо влијание во Сенатот и Цезар добил конзулство и воено овластување во Галија. Тие всушност претставувале владетели на Рим. Во 54 година п.н.е. ќерката на Цезар, односно жената на Помпеј, починала при породување. Ова предизвикувало разрешување на една врска во алијансата. Во 53 година п.н.е Крас извршил инвазија врз Партија и бил убиен во Битката кај Каре. Триумвиратот се распаднал по смртта на Крас. Крас бил посредник меѓу Цезар и Помпеј и без него двајцата генерали војувале еден против друг за моќ. Цезар ја освоил Галија, добивајќи огромно богатство, почит во Рим и лојалност на борбено појаките легии. Тој исто така станал јасна закана за Помпеј и бил мразен од страна на оптиматите. Партијата на Помпеј која била убедена дека Цезар може да биде запрен со правни мерки, се обидела да го одвои Цезар од неговите легии. Тоа било вовед кон судењето, осиромашувањето и прогонството на Цезар. За да ја избегне оваа судбина, Цезар ја преминал реката Рубикон и го нападнал Рим во 49 година п.н.е.. Бидејќи биле протерани од Цезар, Помпеј и неговата партија побегнале од Италија. Во Битката кај Фарсал Цезар имал сјајна победа. Во оваа и други воени акции тој ги убил сите водачи на оптиматите: Квинт Цецилиј Метел Скипион, Марко Порциј Катон помладиот и синот на Помпеј- Гнеј Помпеј. Помпеј бил убиен во Египет во 48 година п.н.е. и Цезар бил водечки генерал за Рим и привлекувал се полоши непријателства на многу аристократи. Нему му биле доделени многу должности и почести. За само пет години, тој извршил четири конзулства, две обични диктатури и две специјални диктатури: една за 10 години и друга за постојано време. Тој бил убиен во 44 година п.н.е. на мартовските Иди од либератите.
Октавијан и вториот триумвират
уредиАтентатот на Цезар предизвикал политички и социјални немири во Рим. Без раководството на диктаторот, градот бил управуван од страна на неговиот пријател и колега Марк Антониј. Подоцна, пристигнал Октавијан, кој Цезар го вметнал во својот тестамент. Октавијан се обидел да се приклучи кон фракцијата на Цезар. Во 43 година п.н.е. заедно со Антониј и Марко Емилиј Лепид кој бил најдобар пријател на Цезар, тие законски го основале вториот триумвират. Оваа алијанса траела 5 години. По нејзиното формирање, од 100 до 130 сенатори биле погубени, а нивниот имот бил запленет поради нивната можна поддршка кон либератите. Во 42 година п.н.е. Сенатот го возвишил Цезар како „Divus Iulius“ (што значи обожуван). На тој начин Октавијан се сметал како син на обожуваниот „Divi filius“. Во истата година, во Битката кај Филипа Октавијан и Антониј ги поразиле атентаторите на Цезар и водачите на Либератите, Марко Брут и Гај Касиј Лонгин.