Ѓорѓи Николов Делчев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија[1], идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. век.
Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите...
“
„
Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население...
“
„
Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива...
“
„
Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија...
“
„
Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце...
“
„
Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите...
“
„
Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата - тоа е првиот ��слов за нашиот успех!
“
„
Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух...
“
„
Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница...
“
„
Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците...
“
„
Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа...
“
„
Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?