Прејди на содржината

Приклучување на Хрватска кон ЕУ

Од Википедија — слободната енциклопедија
  ЕУ членки во 2013
  Нови земји-членки во 2013

Најскорешното и досега последно проширување на Европската унија било на 28 јули, 2013 година кога Хрватска станува 28-та земја-членка на Европската унија. Земјата аплицирала за членство во ЕУ уште во 2003 година, а Европската комисија дала препорака за статус на официјален кандидат на почетокот на 2004 година. Статусот земја кандидат и бил доделен на Хрватска од Европскиот совет во средината на 2004 година. Преговорите за влез, иако првично биле закажани за март 2005 година, започнале во октомври истата година, истовремено со скрининг-процесот.

Процесот на пристапување на Хрватска бил усложнет од инсистирањето на Словенија, земја членка на ЕУ, да се решат граничните прашања на двете земји пред пристапувањето на Хрватска во ЕУ. Хрватската јавност, во главно, го поддржувала процесот на пристапување кон ЕУ и покрај повремените појави на евроскептицизмот.

Хрватска ги завршува преговорите за пристапување на 30 јуни, 2011 година,[1] а на 9 декември, 2011 година го потпишува Договорот за пристапување. На 22 јануари, 2012 година во Хрватска се одржува референдум за пристапување во ЕУ, при што 66% од учесниците гласале за влез во Унијата.[2][3][4][5] Процесот на ратификација завршил на 21 јуни, 2013 година, а стапувањето на сила и пристапувањето на Хрватска кон ЕУ се случило на 1 јули, 2013 година.[6]

ЕУ во тој момент, односно во периодот од 2013-2020, сè додека кога Велика Британија не ја напуштила унијата, имала најголема територија.

Реформа на судството и човековите права

[уреди | уреди извор]

Барањата за пристап биле повеќе на број: реформа на судството за зајакнување на независноста, отчетноста, непристрасноста, професионалноста и ефикасноста на судството; борба против корупцијата и организираниот криминал (ова резултирало со осуда на поранешниот премиер Иво Санадер за примање мито); зајакнување на заштитата на малцинствата; решавање на отворени прашања за враќање на бегалците; подобрување на заштитата на човековите права.[7]

Соработка со Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија

[уреди | уреди извор]

За почеток, Хрватска морала да екстрадира неколку свои граѓани на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКТЈ), тело на Обединетите нации, прашање што честопати било спорно во домашната политика. Односите на Хрватска со МКТЈ постојано биле издвојувани од официјалните претставници на ЕУ, како нешто за кое има простор за понатамошно подобрување. Ратификацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација на ЕУ со Хрватска била закочена поради ова.

Европскиот совет, по самитот на 20 декември, 2004 година, одлучил следниот 17 март да биде датум за почеток на преговорите за влез, под услов Хрватска да продолжи целосна да соработува со МКТЈ. На 16 март, 2005 година, ден пред да започнат преговорите, ЕУ го одложила почетокот на преговорите. Обвинителството на МКТЈ ги оценило хрватските напори за приведување на генералот во бегство Анте Готовина (обвинет од МКТЈ за воени злосторства и злосторства против човештвото, но на слобода од 2001 година) како ниту навремени ниту доволни.

На 7 декември 2005 година, шпанската полиција конечно го уапсила Анте Готовина со помош на хрватската влада на шпанскиот остров Тенерифе, сместен на Канарските острови. Тој бил приведен во Хаг за да му се суди за воените злосторства. Поради приведувањет на Анте Готовина, прашањето било решено, а преговорите за влез започнале одново, по потврдата на главната обвинителка на МКТЈ Карла Дел Понте дека Хрватска сега целосно соработувала со МКТЈ.

Во април 2011 година, хрватските генерали Готовина и Маркаќ добиле продолжени затворски казни во МКТЈ, што наишло на големо негодување од страна на хрватската јавност. Ова предизвикало значително зголемување на спротивставувањето на пристапувањето затоа што, во минатото, некои земји како Холандија,[8] ја условувале својата поддршка за пристапниот процес на Хрватска со континуираната соработка на Хрватска со МКТЈ.

На 16 ноември 2012 година, Апелациониот совет на МКТЈ ги отстранил обвиненијата против генералите Готовина и Маркаќ и наредил нивно итно ослободување.[9]

Несогласувања за границите

[уреди | уреди извор]

Хрватска имала долгогодишни гранични несогласувања со Словенија, особено за границата кај Пиранскиот залив. Помеѓу декември 2008 година и септември-октомври 2009 година, Словенија го блокирала пристапот на Хрватска во ЕУ поради граничните прашања. На 6 јуни 2010 година, Словенија гласала за прифаќање на пресудата на арбитрите на Обединетите нации за спорот, отстранувајќи ја оваа пречка.[10]

Хрватска сѐ уште има гранични спорови со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, но овие земји не се членки на Европската унија и не можат директно да го блокираат процесот на пристапување. Во декември 2008 година, Хрватска и Црна Гора се согласиле дека отвореното прашање на морската граница меѓу двете земји треба да се реши пред меѓународниот суд чија одлука ќе биде прифатена однапред од парламентите на двете земји.[11]

Останати области на приклучување

[уреди | уреди извор]

Хрватска станала членка на 1 јули, 2013 година, но некои области на соработка во Европската унија ќе бидат применети на подоцнежен датум. Овие се:

  1. „EU closes accession negotiations with Croatia“. European Commission. 30 June 2011. Посетено на 30 June 2011.
  2. „Croats say 'yes' to EU membership | Europe | DW.DE | 22.01.2012“. Dw-world.de. Посетено на 3 April 2012.
  3. Independent Newspapers Online (23 December 2011). „Croatia sets date for EU referendum“. Iol.co.za. Посетено на 3 April 2012.
  4. „Croatian parliament calls EU referendum for January 22“. Focus-fen.net. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 3 April 2012.
  5. „Parl't decides that EU referendum will be held on 22 January“. Daily.tportal.hr. Архивирано од изворникот на 24 May 2013. Посетено на 3 April 2012.
  6. „EU Summit: Accession Treaty with Croatia to be signed in 2011“. eu2011.hu. 27 June 2011. Архивирано од изворникот на 30 June 2011. Посетено на 30 June 2011.
  7. „INTERIM REPORT FROM THE COMMISSION TO THE COUNCIL AND THE EUROPEAN PARLIAMENT ON REFORMS IN CROATIA IN THE FIELD OF JUDICIARY AND FUNDAMENTAL RIGHTS (NEGOTIATION CHAPTER 23)“ (PDF). Посетено на 30 June 2013.
  8. „Croatia sees breakthrough in EU talks“. EurActiv. 21 June 2010. Посетено на 14 June 2012.
  9. „Appeals Chamber Acquits and Orders Release of Ante Gotovina and Mladen Markač“. ICTY. 16 November 2012. Посетено на 16 November 2012.
  10. „Slovenia backs Croatia border deal in referendum vote“. BBC News. 6 June 2010. Посетено на 7 June 2010.
  11. „Croatia, Montenegro agree sea border issue should be settled before international court“. Croatian Government. 12 March 2008. Архивирано од изворникот на 17 July 2009. Посетено на 27 December 2009.