Прејди на содржината

Иво Санадер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иво Санадер
Премиер на Хрватска
На должноста
23 декември 2003 ��� 6 јули 2009
Претседател Стјепан Месиќ
Претходник Ивица Рачан
Наследник Јадранка Косор
Претседател на ХДЗ
На должноста
30 април 2000 – 4 јули 2009
Претходник Владимир Шекс
Наследник Јадранка Косор
Лични податоци
Роден(а) Ивица Санадер
8 јуни 1953(1953-06-08)(71 г.)
Сплит, СР Хрватска, СФР Југославија
Партија Независен (2010–сѐ уште)
Други припадности Хрватска демократска заедница (1989–2010)
Сопружник Мирјана Шариќ[1]
Деца Бруна Санадер
Петра Санадер
Установа универзитет во Инсбрук
Занимање писател, историчар, политичар
Вероисповед римокатолик

Иво Санадер (8 јуни 1953 во Сплит) — хрватски политичар кој бил осми премиер на Хрватска во периодот 2003–2009. На таа функција се задржал пет и пол години, со што е премиер со најдолг стаж од независноста на Хрватска. Тој е исто така единствен премиер кој служел во два мандати по победите на парламентарните избори во 2003 и 2007.

Санадер изучувал компаративна книжевност во Австрија, каде работел како новинар, советник за маркетинг и во издаваштвото. Во 1990-тите за кратко работел во администрацијата на народниот театар во Сплит, а потоа во 1992 станал министер за наука и технологија во кабинетот на премиерот Хрвое Шариниќ од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ). Во 1993 преминал во дипломатијата и служел како заменик министер за надворешни работи во два мандати (1993–1995 и 1996–2000).[2]

По смртта на Фрањо Туѓман, Санадер бил избран за водач на ХДЗ во 2000 година, и партијата ја предводел до две последователни победи на парламентарните избори во 2003 и 2007.[3] Во декември 2003 станал премиер на Хрватска, а во јуни 2009 ненадејно си поднел оставка и исчезнал од јавниот живот. Во 2010 се обидел да се врати на политичката сцена, по бил исфрлен од членството во ХДЗ.

Во декември 2010 хрватските власти иницирале две постапки во кој го сомничат Санадер за корупција. Санадер побегнал од земјата, но бил уапсен во Австрија и испорачан во Хрватска во јули 2011.[4] Во ноември 2012 бил осуден на казна затвор од 10 години,[5] но по жалбата до Врховен суд, казната му била намалена на 8 1⁄2 години. Уставниот суд ја поништил пресудата во 2015. Иако хрватските политичари биле осудувани на затвор во Југославија, Санадер бил прв премиер и највисок владин функционер кој лежел затвор.

  1. Plamenko Cvitić; Orhidea Gaura (10 December 2010). „How the runaway prime minister built his estate“. Zagreb: Nacional. Архивирано од изворникот 2012-07-08. Посетено на 23 November 2011.
  2. „Eytan Bentsur“. Jewish Virtual Library. American–Israeli Cooperative Enterprise. Посетено на 22 November 2012.
  3. „Deseta vlada“ (хрватски). Croatian Information-Documentation Referral Agency. Архивирано од изворникот на 2012-07-10. Посетено на 10 December 2010.
  4. „Ex-PM Sanader back in Croatia“. Croatian Times. 19 July 2011. Архивирано од изворникот на 2011-10-05. Посетено на 19 July 2011.
  5. „Croatia jails ex-PM Ivo Sanader for taking bribes“. BBC. 20 November 2012. Посетено на 20 November 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]