Катар
Катар (арапски: قطر) или службено Држава Катар (دولة قطر) — држава во Југозападна Азија. Се наоѓа на полуостровот Катар. Главен град е Доха. Го опфаќа малиот полуостров на западниот брег на Персискиот Залив и неколку соседни островчиња. На југ се граничи со Саудиска Арабија, а на запад по море се граничи со Бахреин. По државно уредување е апсолутна монархија — емират.
Во последните 150-ина години, во политиката на Катар доминира семејството ел-Тани, од коешто потекнува и сегашниот емир. По крајот на британскиот протекторат во 1971, земјата не се приклучува во Обединетите Арапски Емирати, одбирајќи целосна независност.
Најзастапена религија е исламот. Јазикот на мнозинството од населението е арапскиот, односно неговиот локален дијалект. Голем број од жителите се странски државјани на работа во индустријата на нафта и на земен гас.
Со нафтената индустрија доминира доминира владата. Приходите од продажбата на нафта овозможија подобрување на животниот стандард и воведување на социјална држава, слична на оние во Европа. Во 2003, БДП по семејство бил 21 500 американски долари.
Катар е седиште на познатата арапска телевизија Ал-Џезира. Во последно време, земјата забрзано се демократизира. Локални избори првпат се спроведени во 1999, а собраниски избори во 2005.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Според одредени историски извори, името на државата доаѓа од името на античкиот град „Катара“ или Катари, важен трговски град. Зборот Катар, за првпат се појавил на птоломејска карта за Арапскиот полуостров.
Во стандардниот арапски јазик името се изговара како [ˈqɑtˁɑr], додека локално името се изговара како [giṭar].
Историја
[уреди | уреди извор]Скорешни археолошки истражувања укажуваат дека на работ на островот на запад од Катар имало човечки живот во праисторијата. Во текот на ископините, откриен е антички град од 6 милениум п.н.е. именуван како Шагра. На североисток од земјата се ископани исто така важни археолошки пронајдоци за животот на Катар во праисторијата.
Исламот се проширил на целиот Арапски полуостров во 7 век, отфрлајќи ги старите верувања.
Британско владеење (1916–1971)
[уреди | уреди извор]Со англо-турската конвенција од 1913, Османлиите се согласиле да се откажат од своите барања за Катар и да го повлечат својот гарнизон од Доха. Меѓутоа, со започнувањето на Првата светска војна, ништо не било направено за да се спроведе тоа и гарнизонот остонал во тврдината на Доха, иако нејзиниот број бил намален како што војниците дезертирале. Во 1915, со присуството на британски бродови во пристаништето, Абдула бин Јасим ал Тани (кој бил пробритански настроен) ги убедил останатите да ја напуштат тврдината, а кога британските трупи следното утро навлегле во тврдината, ја нашле напуштена.[4][5]
Катар станал британски протекторат на 3 ноември 1916, кога Обединетото Кралство потпишало договор со шеикот Абдула бин Јасим ал Тани за да го стави Катар под неговиот систем на управа. Абдула се согласил да не влегува во никакви односи со која било друга сила без претходна согласност од Британската влада, додека таа гарантирала заштита на Катар од агресија од море.[4][6] Резервите на нафта прв пат биле откриени во 1939. Меѓутоа, експлоатацијата и развојот биле одложени поради Втората светска војна.[7]
Независност
[уреди | уреди извор]После вековна отоманска и британска доминација, Катар станал независна држава на 3 септември 1971, но како ден на слободата во Катар се слави 18 декември.
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Катарскиот полуостров е долг 161 километар. Поголемиот дел од земјата е покриена со песок и со ниски треви. На југот од земјата се наоѓа Хор ел-Адаид или во превод „внатрешно море“- територија со дини.
Највисоката точка на Катар е Кураин Абу ел-Бавл со 103 метри надморска височина и се наоѓа на запад од земјата.
Политички систем
[уреди | уреди извор]Политичкиот систем на Катар е апсолутна монархија, каде Емирот на Катар е шеф на државата и претседател на владата.
Емир | Премиер |
---|---|
Хамад бил Халифа | Хамад ибн Џабер ел-Тани |
од 27 јуни 1995 | 3 април 2007 |
Право на религиска определба
[уреди | уреди извор]Владата на Катар ги користи сунитските закони како основа за криминалните и граѓанските регулативи. Во државата се почитува одредена религиска толеранција. Странските граѓани имаат право да се поистоветуваат со други религии освен Исламот, како на пример Христијанството, Хиндуизмот, Сикизмот или Будизмот, сè додека тие не се приватни работи и не го нарушуваат „јавниот ред“ и „морал“. Во март 2008 година црквата „Нашата дама од Розари“ била осветена во Доха. Сепак, таму не биле дозволени мисионери, не се дозволиле ѕвона, крстови и останати христијански симболи на објекот.
Рамазански пости
[уреди | уреди извор]Јадење и пиење на јавни места за време на светиот муслимански месец Рамазан се казнува со закон во Катар и најчесто следува притвор.
Алкохол и храна
[уреди | уреди извор]Конзумирањето алкохол во Катар е дозволено но со голем број ограничувања. Луксузните хотели и ноќни клубови може да продаваат алкохол на возрасни лица кои не се Муслимани. Конзумацијата и поседувањето алкохол надвор од наведените места не е легално, освен во приватни простории каде лица кои не се Муслимани имаа стекнато дозвола за истото од Катарската дистрибутивна компанија. На јавните места не смее да се има алкохол, освен кога се пренесува од едно место до друго, но и тпогаш треба да се има дозвола. Со закон се казнува возење во пијана состојба, понудување алкохол на малолетен или Муслиман и пиење на јавно место. Исто така во државата не е дозволен увоз на свинско месо и нема продажба на свински производи, поради исламските вредности.
Сексуална ориентација
[уреди | уреди извор]Кон хомосексуалноста во Катар се гледа негативно и општеството и јавноста не ги одобрува. Аналниот секс во државата се смета за нелегален и може да доведе до казна затвор од пет години. Сексуалната ориентација и половите идентитети не се дел од ниту еден граѓански закон за човекови права и во државата не се признати истополовите бракови, граѓанските сојузи или домашните партнерства.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Катар се дели на 7 општини почнувајќи од 2004 г.[8] Со реформите е создадена новата општина Дајен[9] од делови на Ум Салал и Хор. Гуварија е споена со Хор, Џумалија со Рајан; Џарајан ел-Батна е поделен помеѓу Рајан и Вакра, а Месајид е споен со Вакра.
За статистички цели, општините се делат на the municipalities на 87 зони Архивирано на 4 април 2013 г., кои пак понатаму се поделени на блокови[10].
Општина | Админ. центар | Површина (км²) |
Население (2010) |
Густина (жит./км²) |
ISO |
---|---|---|---|---|---|
Доха | Доха | 234 | 796.947 | 3.405,76 | QA-DA |
Дајен | Дајен | 236 | 43.176 | 182,95 | QA-ZA |
Хор | Хор | 1.551 | 193.983 | 125,07 | QA-KH |
Вакра | Вакра | 2.520 | 141.222 | 56,04 | QA-WA |
Рајан | Рајан | 5.818 | 455.623 | 78,31 | QA-RA |
Шамал | Руајс | 902 | 7.975 | 8,84 | QA-MS |
Ум Салал | Ум Салал | 310 | 60.509 | 195,19 | QA-US |
Вкупно | 11.571 | 1.699.435 | 146,87 |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Пред да се открие нафтата, економијата на Катар се фокусирала на риболов и производство на бисери. По појавувањето на јапонските бисери, овој бизнис во Катар пропаднал. Во 1940-те се открила нафтата и тоа било проследено со реконструкција на економијата која се засновала на нафтата. Денес, Катар има висок стандард на живеење и една од најбогатите земји во светот.
Население, јазик и религија
[уреди | уреди извор]Религија
[уреди | уреди извор]Исламот е доминантна религија во Катар со околу 77.5% од населението. Од муслиманското население, сунити се околу 98%. Останатиот процент од населението се христијани, шиити, хиндуси и будисти. Хиндусите се скоро сите од Индија, додека будистите се од јужна, југоисточна и источна Азија.
Население
[уреди | уреди извор]Поголемиот дел од населението се етнички арапи. Покрај арапите, има и население од останати националности кои мигрирале во Катар за да работаат во нафтената индустрија. Арапскиот јазик е службен јазик, но англискиот е исто така многу зборуван во Катар. Покрај овие два јазика во Катар се зборуваат и хинди, паштунски, малајалски, урду и други.
Година | Население |
---|---|
1908 | 26.000 - 27.000[11] |
1939 | 28.000[11] |
доцни 1960-ти | 70.000[12] |
1986 | 369.079 |
1997 | 522.023[13] |
2000 | 744.483 |
2001 | 769.152 |
2002 | 793.341 |
2003 | 817.052 |
2004 | 840.290 |
2005 | 863.051 |
2006 | 885.359 |
2007 | 907.229 |
Населението во Катар денес е околу 1.650.000.[11][14][15][16]
Култура
[уреди | уреди извор]Катарската култура е многу слична со културата на останатите арапски земји во тој регион. Арапските племиња од Саудиска Арабија мигрирале во Катар и поради тоа културата е слична со околните држави.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Populations“. Qsa.gov.qa. Архивирано од изворникот на 2010-07-09. Посетено на 2010-10-02.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Qatar“. International Monetary Fund. Посетено на 2011-04-21.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ 4,0 4,1 „Amiri Diwan – Shaikh Abdullah Bin Jassim Al Thani“. Diwan.gov.qa. Архивирано од изворникот на 10 February 2012. Посетено на 28 October 2012.
- ↑ Zahlan, Rosemarie Said (1979). The Creation of Qatar. Abingdon: Croom Helm. стр. 74. ISBN 978-1-138-18167-0. Посетено на 27 May 2019.
- ↑ Zahlan, Rosemarie Said (1979). The Creation of Qatar. Abingdon: Croom Helm. стр. 73–85. ISBN 978-1-138-18167-0. Посетено на 27 May 2019.
- ↑ Morton, Michael Quentin (2017). Empires and Anarchies: A History of Oil in the Middle East. London: Reaktion Books. стр. 139–140. ISBN 978-1-78023-810-4. Посетено на 27 May 2019.
- ↑ „Qatar Municipalities“. Qatar Ministry of Municipality and Urban Planning. Архивирано од изворникот на 2013-01-16.
- ↑ Решение бр. 13: Општина Дајен Архивирано на 27 април 2011 г. (англиски)
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-12-12. Посетено на 2013-03-11.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 The population of Qatar
- ↑ Qatar - Country overview, Location and size, Population, Industry, Mining, Manufacturing, Services, Tourism
- ↑ „CGIS Home Page - Main Section“. Архивирано од изворникот на 2009-07-23. Посетено на 2009-05-31.
- ↑ „Current population in Qatar, Doha“. Архивирано од изворникот на 2009-08-31. Посетено на 2009-05-31.
- ↑ „CIA - The World Factbook - Qatar“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2009-05-31.
- ↑ Qatar's population doubles since '04 - Politics & Economics - ArabianBusiness.com
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Катар“ на Ризницата ? |
- Qatar Living - вести и информации
- Катар во 1940 Архивирано на 6 октомври 2010 г.
- Министерство за надворешни работи Архивирано на 29 октомври 2008 г.
- Статистички центар на Катар Архивирано на 21 август 2008 г.
- ILQ Вести и информации
- Шеф на државата и владата Архивирано на 11 февруари 2009 г.
- Катар на UCB Архивирано на 29 април 2011 г.
- Катарски Yellow Pages Архивирано на 23 април 2009 г.
|
|