Прејди на содржината

The Human League

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Human League
Постава: Сузан Ен Сали, Филип Оуки, Џоан Катерал
Животописни податоци
Познат(а) и какоThe Future (1977), the Men, the League, the League Unlimited Orchestra (1982)
ПотеклоШефилд, Англија
Жанрови
Период на активност1977–денес
Издавачи
Мреж. местоthehumanleague.co.uk

The Human League ― англиска синт-поп[1] група основана во Шефилд во 1977 година. Оваа експериментална електронска група во 1979 година потпишала договор со Virgin Records, а најголем успех постигнале со нивниот трет албум Dare од 1981 година.

Единствен постојан член на групата од 1977 година е главниот пејач и текстописец Филип Оуки. Клавијатуристите Мартин Вер и Ијан Крег Марш ја напуштиле групата во 1980 година. Под водство на Оуки, The Human League еволуирала во успешна нов-поп група,[2] а на групата ѝ се приклучиле женските вокали Џоан Катерал и Сузан Ен Сали. Од средината на 1990-тите, групата во суштина била трио: Оуки, Катерал и Сали.

Human League има издадено 9 студиски албуми, еден ремикс албум, еден албум во живо, 6 EP-а, 29 синглови и 13 компилациски албуми. Тие имале 6 Топ-20 албуми и 13 Топ-20 синглови во ОК и до 2010 година продале преку 20 милиони плочи ширум светот.[3] [4] Како пионери во техно-поп музиката[5] тие се сметаат за еден од предводниците на Втората британска инвазија во САД од 1980-тите.[6]

Историја

[уреди | уреди извор]

Почетоци (1977-1980)

[уреди | уреди извор]

По неколку музички настапи на експерименталната музичка сцена во Шефилд, Мартин Вер и Ијан Крег Марш во јуни 1977 година ја основале групата The Future. Ним им се приклучил Ади Њутн кој набрзо ја напуштил групата за да ја основа групата Clock DVA. Вер тогаш сватил дека му треба пејач, а не клавијатурист.[7]  Како пејач им се приклучил Фил Оуки (Phil Oakey), поранешен соученик на Мартин Вер, а од октомври 1977 година групата се преименувала како „The Human League“ според термин од друштвената игра StarForce. Како четврти член на групатав бил додаден студентот по уметност Филип Адријан Рајт.[8]

По два албума издадени под Virgin Records (Reproduction (1979) и Travelogue (1980)) и некои забележителни успеси (особено клупскиот хит Being Boiled, објавен во јуни 1978 година), како и турнеите за поддршка на други групи како The Rezillos (август 1978 година во Лондон), Siouxsie and the Banshees (турнеја 1978) и Иги Поп (Европска турнеја 1979) избувнала расправија во групата по која што Мартин Вер и Ијан Крег Марш ја напуштиле групата во ноември 1980 година и набргу потоа ја формирале групата Heaven 17.[9][10]

Големи успеси (1981-1986)

[уреди | уреди извор]
Податотека:Human leaguemk2.jpg
The Human League во 1984 година. Членови: Катерал, Калис, Рајт, Оуки, Сали, Бурден

За да ја спаси турнејата, Оаки морал за неколку дена да најде нови членови. Во ноќниот клуб Crazy Daisy во Шефилд, Филип Оуки и Адријан Рајт ги откриле тогаш 17-годишната Сузан Сали (сега позната како Сузан Ен Сали) и 18-годишната Џоан Катерал. Тие прво требало да им помигнат само како позадински пејачи и танчери за турнејата,[11] но по објавувањето на синглот Boys & Girls (2/1981) станале постојани членови. Регрупирањето завршило со басистот Ијан Бурден и гитаристот Џо Калис (мај 1984 година).

Со оваа постава, The Human League станале една од главните групи на New Romantic сцената. Следните синглови Love Action (јули 1981) и Open Your Heart (октомври 1981) веќе ��танале топ-10 хитови, албумот Dare! (октомври 1981) станал пресвртница во овој стил на музика. Особено, синглот Don't You Want Me (декември 1981) станал светски хит, како и британски божиќен хит број еден.

Human League може да се опише како пионер на денешните ремикс албуми, кои се речиси задолжителни за успешните уметници во електронската музика. Во 1982 година, бил издаден Love and Dancing, еден од првите ремикс албуми во историјата на поп музиката. На албумот имало инструментални верзии на успешни песни од Human League, измиксирани од Мартин Рушент, продуцент на групата во тоа време. Албумот не бил издаден под името на групата The Human League, туку како референца за придружниот бенд на Бери Вајт, The Love Unlimited Orchestra под името The League Unlimited Orchestra.

По ова групата објавила уште неколку хит синглови како: (Keep Feeling) Fascination (април 1983) и The Lebanon (мај 1984). Во 1984 година групата го објавила албумот Hysteria. По „Hysteria“, групата се нашла во креативна стагнација.

Со синглот Human, групата го имала својот последен голем хит во летото 1986 година, кој бил продуциран од денес успешните американски продуценти од Минеаполис, Џими Џем и Тери Луис. The Human League е првиот „бел“ бенд со кој работеа американските продуценти Џими Џем и Тери Луис.

The Human League како трио

[уреди | уреди извор]

По честите промени во составот и претежно игнорираните албуми Crash и Romantic? групата се свела на трио во состав Оукли, Сали и Катерал. Во оваа постава биле издадени албумите Octopus (1995) и Secrets (2001) под EastWest Records. Со албумот Octopus групата направила кам-бек во Велика Британија. Албумот и синглот Tell Me When се пласирале на топ-10 (6 место) на топ-листите во ОК. Меѓутоа, немале успех во други земји. Албумот Secrets од 2001 година бил издаден на Papillon Records (подружница на Chrysalis Records) и на него се наоѓала хит песната All I Ever Wanted. Иако албумот бил пофален од критичарите, сепак немал комерцијален успех. Албумот стигнал до само на 42то место на топ листите во Обединетото Кралство. Главна причина за неуспехот на Secrets била недоволната промоција поради пропаѓањето на издавачката куќа на почетокот од 2002 година.

Следните години The Human League биле многу активни со настапи во живо, а биле преработени и неколку нивни хитови. На лондонските Q Awards во 2004 година, The Human League ја добиле наградата „Q Innovation In Sound“ за нивниот придонес во електронската музика. Групата во 2007 година била на Европска турнеја. Being Boiled бил ставен на листата од The Wire „100 песни кои го запалија светот (додека никој не слушаше)“ .

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]
  • Reproduction (1979)
  • Travelogue (1980)
  • Dare (1981)
  • Hysteria (1984)
  • Crash (1986)
  • Romantic? (1990)
  • Octopus (1995)
  • Secrets (2001)
  • Credo (2011)

Тековни членови

  • Филип Оуки – водечки вокал, клавијатури (1977-денес)
  • Џоан Катерал – придружен и главен вокал (1980-денес)
  • Сузан Ен Сали – придружен и главен вокал (1980-денес)

Поранешни членови

  • Ијан Крег Марш – клавијатури, придружни вокали (1977–1980)
  • Мартин Вер – клавијатури, придружни вокали (1977–1980)
  • Филип Адријан Рајт – визуелни слики (1977–1986) , клавијатури (1980–1986)
  • Иан Бурден – клавијатури, бас (1980–1987)
  • Џо Калис – клавијатури, гитара, придружни и повремени водечки вокали (1980–1985)
  • Џим Расел – тапани, гитара, програмирање (1982–1987)

Времеплов

[уреди | уреди извор]

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]
Награда Година Номиниран Категорија Исход Ref.
Британски музички награди 1982 The Human League Британски пробив на годината Победник [12]
Dare Британски албум на годината Номинација
Награди Греми 1983 The Human League Најдобар нов музичар Номинација [13]
Награда Ајвор Новело 1982 "Don't You Want Me" Најдобра поп песна Номинација [14]
Најпродавана „А“ страна Номинација
1983 Меѓународен хит на годината Номинација [15]
Q награда 2004 The Human League Иновација во звукот Победник [16]
  1. Ankeny, Jason. „The Human League Biography“. AllMusic. Посетено на 24 January 2017. Synth pop's first international superstars, the Human League were among the earliest and most innovative bands to break into the pop mainstream on a wave of synthesizers and electronic rhythms, their marriage of infectious melodies and state-of-the-art technology proving enormously influential on countless acts following in their wake.
  2. Harvel, Jess. "Now That's What I Call New Pop!". Архивирано на 5 март 2016 г. Pitchfork Media. 12 September 2005.
  3. Празен навод (help)
  4. „Human League record first album for nine years“. Sheffield Telegraph. 14 January 2010. Посетено на 30 January 2014.
  5. „WTOJ Magic 103.1 – The North Country's Best Mix“. Cbwatertown.com. Посетено на 9 October 2019.
  6. Празен навод (help)
  7. Turner, Sean. „Complete guide to The Human League 1977–1980“. Blindyouth.co.uk. Посетено на 30 January 2014.
  8. The Human League – Travelogue bei Discogs (englisch)
  9. Turner, Sean. „Complete guide to The Human League 1977–1980“. Blindyouth.co.uk. Посетено на 30 January 2014.
  10. Turner, Sean. „Complete guide to The Human League 1977–1980“. Blindyouth.co.uk. Посетено на 30 January 2014.
  11. „The Human League: do you still want them, baby?“. The Guardian. Посетено на 18 November 2016.
  12. „History“. Архивирано од изворникот на 2012-10-21. Посетено на 2023-11-04.
  13. „Human League“. Grammys.com. Посетено на 29 May 2023.
  14. „Archive | the Ivors | the Ivors Academy | Champions of Music Creators“. Ivorsacademy.com.
  15. „The Ivors 1983“. Theivors.com. Архивирано од изворникот на 3 August 2017.
  16. „The Human League“. The-black-hit-of-space.dk.