Прејди на содржината

Survivor (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Survivor
Survivor на рок-фестивал во Шведска во 2013
Животописни податоци
ПотеклоЧикаго, Илиноис, САД
Жанрови
Период на активност1978–1988, 1993–2019
ИздавачиScotti Brothers, PolyGram, Frontiers
Мреж. местоsurvivorband.com

Survivor (транскрипција: Сурвајвор) ― американска рок-група основана во Чикаго во 1978 година од Џим Петерик и Френки Саливан. Групата најголем успех постигнала во 1980-тите, кога многу нејзини синглови се пласирале на топ-листите, најчесто во САД. Најпозната песна од групата е „Eye of the Tiger“ (1982), тематска песна за филмот Роки III.[1] Синглот поминал шест недели на прво место во САД. За оваа песна групата ја освоила наградата Греми за најдобра рок-изведба од дуо или група со вокал, а песната исто така била прогласена за „Омилена песна“ на People's Choice Awards и била номинирана за Оскар.

Други синглови од групата кои се нашле на топ-листите биле: „Burning Heart“,[2][3] „The Search Is Over“, „High on You“, „Is This Love“ и „I Can't Hold Back“.

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Survivor (1979)
  • Premonition (1981)
  • Eye of the Tiger (1982)
  • Caught in the Game (1983)
  • Vital Signs (1984)
  • When Seconds Count (1986)
  • Too Hot to Sleep (1988)
  • Reach (2006)
  1. „Interview: Guitarist Jim Peterik Talks 'Tiger' and the New Pride of Lions Album, 'Immortal'. Guitar World. Посетено на 5 април 2023.
  2. Billboard, 2 November 1985, S. 72 "burning heart" cold war&f=false Google Books Burning Heart Retrieved 6 April 2023
  3. Daniel S. Papp: "Contemporary international relations: frameworks for understanding", Macmillan, 1988, S. 15 Internet Archive

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]