Прејди на содржината

RSS

Од Википедија — слободната енциклопедија
RSS
Икона за тековник

Иконата за тековник
Наставка.rss, .xml
MIME-типпрограмски прилог/rss+xml (регистрацијата не е довршена)[1]
Тип на форматмрежна синдикација
Проширен одXML

RSS (кратенка од англ. Really Simple Syndication = „навистина проста синдикација“) — тековник на мрежно емитување. форматите кои се користат за објавување на најнови информации – како што се блог-објави, наслови на вести, аудио и видео во стандардизиран формат.[1] Еден RSS документ (кој се нарекува „тековник“ (англ. feed) вклучува цел или краток преглед на текст, плус метаподатоци како што се датуми на објавување и автори, категории и сл. Тековниците на издавачите им дозволуваат автоматски да ја организираат содржината. На читателите им овозможуваат претплата на новости од нивните омилени мрежни места и агрегирација на тековници од повеќе страни на едно место. RSS тековниците можат да бидат прочитани со помош на програмска опрема наречена „RSS-читач”, или „агрегатор“, којшто може да е вдомен на интернет, работната површина, мобилен уред или каква било сметачка направа поврзана со интернет. Стандардизиран XML file формат дозволува информацијата да биде објавена еднаш и видлива со многу различни програми. Корисникот се претплатува на одреден тековник со внесување на URL-адресата на самиот тековник, (иако технички, овие два поима и не се баш синонимни) во читачот или кликање на RSS иконата во пребарувачот којшто го иницирана процесот на претплаќање. RSS читачот редовно ги проверува претплатените тековници на корисникот во случај на новости, ги презема истите доколку ги најде истите и обезбедува еден кориснички посредник за контролирање и читање на тековниците.

RSS форматите се утврдуваат користејќи XML, општонаменско задавање (спецификација) за создавање на формати за податоци. Иако RSS форматите еволуираа од март 1999 [2] RSS-иконата ("") првпат ја доби својата широка употреба меѓу 2005 и 2006 година. [3]

Во мрежните (интернет) читачи на RSS-тековници спаѓаат Google Reader [4] Архивирано на 18 ноември 2008 г., Bloglines [5] и други.

Бидејќи RSS-податотеките во суштина се прост текст во XML формат, самата RSS-податотека е релативно лесно читлива како за автоматизираните постапки, така и за луѓето. Еве еден пример за податотека со нејзините елементи. Ова може да се постави во секој соодветен протокол на комуникација за пристап на податотеки, како HTTP или FTP, а програмот ги чита информациите и на крајниот корисник му ги претставува во уреден приказ.

<?xml version="1.0" encoding="UTF-8" ?>
<rss version="2.0">
<channel>
	<title>Наслов на RSS</title>
	<description>Ова е пример за RSS-тековник</description>
	<link>http://www.someexamplerssdomain.com/main.html</link>
	<lastBuildDate>понеделник, 6 септември 2010 00:01:00 +0000 </lastBuildDate>
	<pubDate>понеделник, 6 септември 2009 16:45:00 +0000 </pubDate>

	<item>
		<title>Пример за запис</title>
		<description>Еве текст што содржи интересен опис.</description>
		<link>http://www.mk.wikipedia.org/</link>
		<guid>единствена низа по ставка</guid>
		<pubDate>понеделник, 6 септември 2009 16:45:00 +0000 </pubDate>
	</item>

</channel>
</rss>

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „The application/rss+xml Media Type“. Network Working Group. 22 мај 2006. Посетено на 16 август 2007.