PlayStation 3
PlayStation 3 (プレイステーション3 Pureisutēshon Surī; официјално рекламиран како PS3[1]) е третата конзола за видеоигри на Sony Computer Entertainment и е наследник на PlayStation 2 конзолата од генерацијата на PlayStation конзоли. Конзолата беше развивана во соработка со Foxconn и ASUSTeK, а користи графички обработувач од NVIDIA. PlayStation 3 е во конкуренција со конзолите Xbox 360 на Microsoft и Wii на Nintendo како дел од натпреварот помеѓу конзолите од седмата генерација.
Голема новина што го разликува PlayStation 3 од неговите предци е неговата PlayStation Network[2] Интернет платформа што ја надвладеа поранешната политика на Sony околу овозможувањето играње на Интернет за играчите на видеоигрите.[3] Други големи новини се можностите за мрежно поврзано играње со корисниците на PlayStation Portable[4] мини конзолата, како и можноста да ги чита оптичките дискови од најновата генерација Blu-ray Disc.[5]
PlayStation 3 за првпат се појави во продажба на 11 ноември 2006 во Јапонија,[6] на 17 ноември 2006 во Северна Америка,[7] на 16 март 2007 во Обединетото Кралство и Ирска, и на 23 март 2007 во останатите држави во Европа и Океанија.[8][9]
Две изданија од конзолата беа објавени:
- основно издание (Basic) со тврд диск со капацитет од 20 GB; и
- посебно издание (Premium) со тврд диск со капацитет од 60 GB и неколку предности[10]
(изданието со 20 GB не беше издадено во Европа и Океанија).[11]
Од тогаш, конзолата претрпи неколку промени во изданијата во кои е продавана, од кои најзабележливата е претставувањето на новото Slim издание во септември 2009.[12][13]
Историја
[уреди | уреди извор]Sony официјално и го претстави PlayStation 3[14] на јавноста на 16 мај 2005 за време на Electronic Entertainment Expo (E3) конференцијата.[15] Иако не беше претставена функционална верзија на конзолата на Е3,[16] ниту на Tokyo Game Show во септември 2005,[17] сепак беа извршени некои демонстрации и на двата настани, како на пример PC и PS3 верзиите на Metal Gear Solid 4: Guns of The Patriots.[16] Исто така беа покажани и некои спецификации на конзолата.
Системот првично беше планирано да има две HDMI порти, три мрежни Ethernet порти и шест USB порти,[18] но сепак како што беше прикажано на Е3 2006 системот претрпе измени користејќи само една HDMI порта, како и само една мрежна порта, а бројот на USB порти беше намален од шест на четири, најверојатно за да се намалат потрошувачките цени.[10][19]
Исто така беа најавени две конфигурации[10] на системот: изданието Basic со тврд диск со капацитет од 20GB и изданието Premium со тврд диск со капацитет од 60GB. Premium изданието беше единственото со HDMI порта, Wi-Fi Интернет и хроматска надворешна изработка, со логото во сребрена боја сместено на средината.[10] Беше најавено дека конзолата ќе излезе во продажба во Јапонија на 11 ноември 2006, а во Северна Америка и Европа на 17 ноември 2006,[20] но на 6 септември 2006 Sony објави дека PAL регионите, Европа и Океанија ќе мора да почекаат до март 2007 поради немање доволно диоди користени во Blu-ray уредот.[21]
На Tokyo Game Show на 22 септември 2006 Sony најави дека и Basic изданието ќе доаѓа со HDMI порта и со сребреното лого сместено на средината, но ќе ја нема хроматската надворешна изработка и без Wi-Fi.[22] Исто така цената на истото издание во Јапонија беше намалена за 20%[23] и беше најавено Premium изданието со тврд диск со капацитет од 60GB со цел цените во Јапонија да бидат поприфатливи за тамошните купувачи.[23]
За време на настанот, Sony прикажа 27 PS3 игри играни на конечната верзија на конзолата.[24]
Лансирање
[уреди | уреди извор]PlayStation 3 беше лансиран во продажба во Јапонија на 11 ноември 2006 во 07:00 часот.[6] Според Media Create, во првите 24 часа од лансирањето во продажба во Јапонија, продадени биле 81.639 системи.[25]
Наскоро по лансирањето на PlayStation 3 во Јапонија, конзолата беше исфрлена во продажба и во Северна Америка на 17 ноември 2006.[7] Извештаи за насилство за време на продажбата на првите примероци од конзолата во Северна Америка тврдат дека имало застрелан купувач,[26] купувачи ограбени откако излегле од продавници,[27] па дури и пукање во купувачи од возила во движење. Исто така се споменуваат и големи гужви во продавниците во ситуација во која што 60 купувачи се бореле за да дојдат до 10 конзоли.[28]
На 24 јануари 2007 Sony најави дека PlayStation 3 ќе биде исфрлен во продажба во Европа, Австралија, Океанија, Нов Зеланд, Блискиот Исток и Африка на 23 март 2007.[8][9]
На 7 март 2007, PlayStation 3 беше исфрлен во продажба во Сингапур.
PlayStation 3 конзолата беше исфрлена во продажба во PAL регионите на 23 март 2007, при што во рок од 48 часа продадени беа околу 600.000 примероци.[29]
Конзолата беше исфрлена во продажба во Јужна Кореја на 16 јуни 2007 во единствено издание со тврд диск со капацитет од 80GB и IPTV поддршка.[30]
PS3 Slim и ребрендирање
[уреди | уреди извор]По шпекулации дека "потенок и послаб" модел е во производство, Sony официјално го најави PS3 CECH-2000 моделот на 18 август 2009 на Sony Gamescom прес конференцијата.[13][31] Меѓу главните одлики на ова ново Slim издание на PlayStation 3 спаѓаат намалената големина и помалиот простор кој го зафаќа конзолата, како и потивкиот режим на работење. PS3 Slim беше исфрлен во продажба во септември 2009. Уште една измена кај PS3 Slim е изменетото лого, кое од PLAYSTATION 3 е изменето во PS3.[32] Исто така, сменет е и текстот кој се прикажува на екранот при вклучување на конзолата, кој од "Sony Computer Entertainment" е изменет во "PS3".[33]
Конфигурации
[уреди | уреди извор]Има четири PlayStation 3 модели коишто најчесто се разликуваат по капацитетот на тврдиот диск : 20, 40, 60 и 80 GB модели. Сите системи доаѓаат со еден или два Sixaxis контролери, еден USB кабел, еден composite video/audio надворешен кабел, еден ethernet кабел (само во изданијата со тврди дискови со капацитет од 20, 60 и 80 GB) и еден кабел за електрично напојување.
Модел | Одлики | Достапни бои | Исфрлен во продажба | Во производство | Достапни изданија | |
---|---|---|---|---|---|---|
20 GB CECHBxx NTSC[34] |
Н/П |
|
ЈАП СА ноември 2006 | не[36] | Н/П | |
60 GB CECHAxx NTSC[34] |
|
|
Не | |||
60 GB CECHCxx PAL[34] |
(MGS4 изданија продадени со DualShock 3 џојстик) |
ОК, ИРС 16 март 2007[8][9] ЕВР, АВС 23 март 2007[8][9] |
| |||
80 GB CECHExx NTSC[34] |
СА август 2007 |
| ||||
40 GB CECHGxx CECHHxx CECHJxx PAL, NTSC[39] |
ЕВР АВС октомври 2007 СА ЈАП ноември 2007 |
не[42] | ||||
80 GB CECHKxx CECHLxx CECHMxx PAL, NTSC[42][44] |
|
СА ЕВР АВС август 2008 ЈАП октомври 2008 |
Не |
80 GB изданија
| ||
160 GB CECHPxx CECHQxx PAL, NTSC[52][53] |
|
СА ноември 2008 ЕВР октомври 2008 |
| |||
120 GB slim CECH-20xxA CECH-21xxA PAL, NTSC |
|
|
СА ЕВР 1 септември 2009 АВС ЈАП 3 септември 2009[55][56] |
Не |
| |
250 GB slim CECH-20xxB CECH-21xxB PAL,[58] NTSC |
|
ЈАП 17 декември 2009 |
250 GB slim изданија
| |||
160 GB slim CECH-25xxA[72] PAL,[73] NTSC[74] |
ЈАП 29 јули 2010[74] СА август 2010[77] ЕВР октомври 2010[73] |
Да |
| |||
320 GB slim CECH-25xxB[72] PAL,[73] NTSC[74] |
|
ЈАП 29 јули 2010[74] СА 19 септември 2010[77] ЕВР 15 септември 2010[73] |
|
Сите пијано црни и керамички бели модели се со глос изглед на огледало[78]
Сите модели доаѓаат со: Blu-ray/DVD/CD уред, HDMI 1.3a порта,[79] Bluetooth 2.0, Gigabit Ethernet мрежна порта (10BASE-T, 100BASE-TX, 1000BASE-T) и PlayStation One поддршка преку софтверска емулација.[80][81]
Броевите на моделите се разликуваат по регион на продажба и на користење. Видете PlayStation 3 хардвер – броеви на модели за детали.
^ a Linux поддршка отстранета од firmware верзија 3.21. Видете Отстранување на "OtherOS" поддршка за детали
^ b Керамички белиот модел е достапен само во Азија и Јапонија.
^ c Сребрениот модел е достапен само во Азија и Јапонија.
^ d Сивиот модел е достапен само кај MGS4 изданието.
^ e Yakuza 3 изданието доаѓа со керамички бел модел со сив змејски дизајн. Ова издание е ограничено на 10.000 примероци.[48][82]
^ f Белиот и розовиот модел се достапни само кај јапонското издание на Final Fantasy XIII и доаѓа со розов дизајн на Final Fantasy XIII карактерот "Lightning" на куќиштето.
Во споредба со 20GB изданието, изданието со тврд диск со капацитет од 60GB поседува IEEE 802.11 b/g Wi-Fi приклучок, читачи за flash картици од типот : SD/MultiMedia Card, CompactFlash Type I/Type II, Microdrive, Memory Stick/PRO/Duo и хроматска надворешна изработка. Од хардверски гледна точка, 80GB моделот исфрлен во продажба во Јужна Кореја е идентичен со 60GB моделот исфрлен во продажба во PAL регионите, со единствена разлика во капацитетот на тврдиот диск. Како Јужно Корејскиот, Европскиот и Австралискиот, така и Северно Американскиот 80GB модел не доаѓа со вграден обработувач Emotion Engine (EE) што овозможува компатибилност на конзолата со игрите наменети за PlayStation 2. Но, сепак конзолата го задржа таканаречениот Graphics Synthesizer графички обработувач што го имаше во PlayStation 2 конзолата. Emotion Engine компатибилноста беше намалена поради емулација. Моделот со тврд диск со капацитет од 40GB има две USB порти, за разлика од останатите модели коишто имаат по четири USB порти, а исто така не поседува читачи за различни мемориски картици, Super Audio CD (SACD) поддршка, како и обработувачот Graphics Synthesizer, што ја прави конзолата хардверски неспособна за да биде компатибилна со PlayStation 2 игри.
До сега официјално Sony нема исфрлено додатен хардвер за 20GB моделот од типот : читачи за мемориски картици и Wi-Fi, иако сепак најавени се планови за вакви додатни компоненти наменети за конзолата во иднина. Но сепак, моделот со тврд диск со капацитет од 20GB поседува 4 USB порти, коишто можат да се искористат за приклучување на читачи на мемориски картици, како и за приклучување на опрема наменета за безжично поврзување и на Интернет.
Имаше шпекулации, подоцна потврдени од страна на претседателот на Sony Computer Entertainment (SCEI), Каз Хираи, дека третата генерација на PS3 конзоли (изданието со тврд диск со капацитет од 40GB) ќе користат 65 нанометарски обработувачи Cell.
Исто така има непотврдени шпекулации дека се подготвуваат модели со тврди дискови со капацитети од 120GB и 160GB, коишто би требало да бидат исфрлени во продажба во есента 2008. Шпекулираните модели, иако не доаѓаат со читачи за Memory Stick, SD и CF мемориски картици, имаат целосна компатибилност со игрите наменети за постарите конзоли од PlayStation генерацијата и би го користеле 65 нанометарскиот обработувач Cell.
Продажби и производствени потрошувачки
[уреди | уреди извор]Регион | Продадени примероци | Исфрлен во продажба на |
---|---|---|
Канада | 520.000, заклучно со 1 август 2008[83] | 17 ноември 2006 |
Европа (Можеби се вклучени и Обединетото Кралство и други PAL региони) |
16 милиони, заклучно со 17 август 2010[84] | 23 март 2007 |
Јапонија | 5 милиони, заклучно со 13 април 2010[85] | 11 ноември 2006 |
Обединето Кралство | 3 милиони, заклучно со 26 јануари 2010[86] | 23 март 2007 |
САД | речиси 12 милиони, заклучно со 14 април 2010[87] | 17 ноември 2006 |
Во светски рамки | 38.1 милиони, заклучно со 31 јуни 2010[88] | 11 ноември 2006 |
Првите проценки за цените на PlayStation 3 конзолите беа дека 20GB моделот би чинел (во американска валута долар) $805.85, додека пак за 60GB моделот беше предвидена цена од $840.35, но сепак првите официјални продажни цени беа $499 за 20GB моделот и $599 за 60GB моделот. Високите цени на хардверските компоненти значеа загуба од $250 по примерок за Sony, така што фирмата објави загуба од вкупно (во јапонска валута јен) ¥232.3 милијарди, или $1.97 милијарди кон крајот на фискалната година, на крајот на март 2007. Откако беа објавени овие резултати Кен Кутараги, претседателот на SCEI во април 2007 ги најави плановите за своето пензионирање. Неколку новински агенции, вклучувајќи ги и The Times, The Wall Street Journal тврдеа дека причина за ова се слабиот профит, додека SCEI информираше дека Кутараги го планирал своето пензионирање уште шест месеци порано.
Од лансирањето на системот во ��родажба, производствените потрошувачки беа намалени како резултат на прекинот на производство на обработувачот Emotion Engine за конзолата и намалените производствени потрошувачки за хардверски компоненти. Цените на Cell микрообработувачите драматично падна како резултат на појавата на 65 нанометарските обработувачи, а и Blu-ray диодите станаа поевтини за производство. Заклучно со јануари 2008, производствената потрошувачка изнесуваше $400 по примерок.
На 7 јануари 2007, Sony ја оствари својата цел за испорачување 1 милион примероци во Северна Америка. Една недела подоцна, на 16 јануари 2007, Sony информираше за уште 1 милион примероци испорачани во Јапонија, така што бројот на примероци испорачани во светски рамки изнесуваше над 2 милиони. Заклучно со 1 април 2007, испорачани беа околу 5.5 милиони примероци во светски рамки !
На светскиот пазар, PlayStation 3 конзолата е позади нејзините најголеми конкуренти Xbox 360 и Wii во продажба. Во Јапонија во текот на 2007 година, Wii го надмина PlayStation 3 во продажба, со следните разлики : 4:1 во април 2007, 5.6:1 во мај 2007, 6.5:1 во јуни 2007, 4:1 во јули 2007, и 3:1 во август 2007. Заклучно со јануари 2008, во Јапонија продадени се 4.618.479 Wii конзоли наспроти 1.673.063 PlayStation 3 конзоли. Но сепак, Xbox 360 конзолата која што беше исфрлена во продажба една година порано пред конзолите на нејзините конкуренти, беше продадена во само 548.308 примероци од нејзиното лансирање во продажба во Јапонија на 10 декември 2005, заклучно со 1 јануари 2008, според јапонскиот магазин Enterbrain.
Во Северна Америка, PlayStation 3 беше надминат во продажба од неговите конкуренти 4.4:1 од Wii и 2.2:1 од Xbox 360 во периодот од јануари до април 2007. Најмалата побарувачка беше во април 2007, кога беа купени дури 37% помалку конзоли од претходниот месец. Sony ги оправдуваше ваквите слаби побарувачки со недостигот од нов софтвер за конзолата. Во многу случаи PlayStation 3 е надминат во продажба и од сопствениот предок, конзолата PlayStation 2.
Во периодот од октомври 2007 до ноември 2007, PlayStation 3 продажбата се зголеми за дури 285% во Соединетите Американски Држави ! Претседателот на Sony, Хауард Стрингер ја оправда зголемената побарувачка поради намалените цени на конзолата и недостигот на Nintendo од Wii конзола доволно квалитетна за да ги оствари побарувањата на јавноста.
Заклучно со 1 јануари 2008, во САД продадени се 3,25 милиони примероци од PlayStation 3 конзолата, според меѓународната пазарна истражувачка агенција со седиште во Вашингон NPD Group, 1.673.063 примероци во Јапонија, според Enterbrain и над 180.000 примероци во Австралија, според мрежното место наменето за видеоигри GameSpot. Вкупниот број на PlayStation 3 конзоли продадени во светски рамки, заклучно со 31 јуни 2010 изнесува нешто над 38 милиони примероци, според Sony.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Entertainment on PS3 has a new look“. Sony Computer Entertainment Europe. 2009-08-18. Архивирано од изворникот на 2010-01-29. Посетено на 2009-09-01.
- ↑ „PlayStation Direct.net“. PlayStation Direct.net. Архивирано од изворникот на 2010-07-25. Посетено на 2010-08-06.
- ↑ „Sony confirms PS2 online plans“. The Register. 2002-08-15. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ De Leon, Al (2007-12-26). „PlayStation Blog — PS3 Tips — Remote Play and PlayStation Store“. SCEA. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ „PlayStation 3 Features - BluRay“. SCEA. Архивирано од изворникот на 2010-03-07. Посетено на 2010-03-04.
- ↑ 6,0 6,1 „PS3 sells out at launch“. BBC. 2006-11-11. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ 7,0 7,1 „Sony's PS3 makes U.S. debut“. USA Today. 2006-11-17. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 „SCEE official press release“. Sony Computer Entertainment Europe. 2007-01-24. Архивирано од изворникот на 2008-01-19. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 „Sony Confirms PS3 Euro Launch Details“. Next Gen. 2007-01-24. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 „IGN: E3 2006: The final word on PlayStation“. IGN. 2006-05-24. Архивирано од изворникот на 2012-05-17. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ „Reeves: No PAL 20GB/80GB PS3 Plans“. Interactive Entertainment Today. June 10, 2007. Посетено на 2007-08-31.
- ↑ „Sony PlayStation 3 review“. CNET. 2007-11-16. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ 13,0 13,1 „Entertainment on PS3 has a new look“. PlayStation UK. 2009-08-18. Архивирано од изворникот на 2010-01-29. Посетено на 2009-08-18.
- ↑ „PLAYSTATION is in capitals“. Kotaku. 2006-08-10. Архивирано од изворникот 2012-05-26. Посетено на 2008-01-18.
- ↑ Sulic, Ivan (2005-05-16). „IGN: E3 2005: PS3 Official“. IGN. Архивирано од изворникот на 2012-05-17. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ 16,0 16,1 „TGS 2005 booth round-up“. Gamasutra. 2005-09-15. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ „Sony E3 2005 press conference video“. IGN. 2005-05-17. Архивирано од изворникот на 2007-12-11. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ „PlayStation 3 announced for 2006“. GameSpot. 2005-05-16. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ „IGN's Official PlayStation 3 FAQ“. IGN PlayStation 3. 2007-03-26. стр. 1 of 4. Архивирано од изворникот на 2007-04-09. Посетено на 2007-04-23.
- ↑ „Sony PlayStation 3 launch details“. Arstechnica. 2006-05-09. Посетено на 2008-01-18.
- ↑ „PlayStation 3 Euro launch delayed“. BBC. 2006-09-06. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ „TGS 2006 - TGS 06: No US PS3 price drop; HDMI in 20 GB model“. GameSpot. 2006-09-23. Архивирано од изворникот на 2009-10-17. Посетено на 2008-01-14.
- ↑ 23,0 23,1 Anoop Gantayat (2006-09-22). „TGS 2006: Price Drop For Japanese PS3“. IGN PlayStation 3. Архивирано од изворникот на 2012-05-17. Посетено на 2007-01-15.
- ↑ „Sony announces 27 playable titles for the September Tokyo Game Show“. IGN. 2006-08-16. Архивирано од изворникот на 2012-05-17. Посетено на 2006-08-16.
- ↑ „Japanese PS3 Sales Data Also Depressing“. Media Create Co. via Kotaku. 2006-11-14. Архивирано од изворникот 2012-05-26. Посетено на 2008-10-24. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „1 Shot in Conn. PlayStation Waiting Line“. CBS. 2006-11-17. Посетено на 2010-03-27.[мртва врска]
- ↑ „Camping PlayStation gamers robbed at gunpoint“. KMTR. Архивирано од изворникот на 2008-02-28. Посетено на 2006-11-17.
- ↑ „PlayStation3 Crowd Gets More Than It Bargained for in Tysons“. WTOP News. 2006-11-17. Архивирано од изворникот на 2007-03-03. Посетено на 2006-11-17.
- ↑ „Sony's PS3 has record launch in Europe“. Financial Times. March 28, 2007. Посетено на 2007-09-01.
- ↑ „PlayStation 3 (80 GB) Korean“. SCEI. Архивирано од изворникот на 2007-05-23. Посетено на 2008-01-18.
- ↑ „Sony Announces Slim PS3 - It Lives This September!“. Kotaku. 2009-08-18. Посетено на 2009-08-18.
- ↑ the console's finish
- ↑ the console
- ↑ 34,0 34,1 34,2 34,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеspecs
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеps3sacd
. - ↑ „Sony Scraps Sale of Priciest PlayStation 3s in Japan“. 2008-01-10. Посетено на 2008-01-10.
- ↑ „Sony's Euro PS3 will play fewer older games“. IDG Network. Посетено на 2009-11-07.
- ↑ „BBC Confirms European PS3 Bundle Deal“. Kotaku. 2007-07-12. Архивирано од изворникот 2012-07-18. Посетено на 2010-05-20.
- ↑ „New PLAYSTATION3 Model to Take Holiday Season by Storm“. Sony Computer Entertainment. October 5, 2007. Архивирано од изворникот на 2015-11-05. Посетено на 2007-10-05.
- ↑ Tanaka, John (2008-02-04). „New PS3 colour in Japan“. IGN. Архивирано од изворникот на 2012-05-17. Посетено на 2008-02-05.
- ↑ GamingBits (2008-05-19). „Metal Gear Solid 4 Limited Edition PLAYSTATION3 Bundle“. Gamingbits.com. Архивирано од изворникот на 2009-10-19. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ 42,0 42,1 Randolph Ramsay and Luke Anderson (2008-07-16). „E3 08: 80GB PS3 coming to Europe, Australia on August 27“. GameSpot. Посетено на 2008-07-17.
- ↑ Jem Alexander (2008-04-23). „"GTA IV bundle confirmed for Europe"“. Joystiq. Архивирано од изворникот на 2012-07-21. Посетено на 2010-04-28.
- ↑ Tretton, Jack (speaker). (2008-07-15). E3 2008: Sony Press Conference (Part 3). Sony Computer Entertainment America (via IGN). Се случува во 17:38. Archived from the original on 2008-07-19. https://web.archive.org/web/20080719072626/http://ps3.ign.com/dor/articles/889996/e3-2008-sony-press-conference/videos/sonyconf_03_071508.html. Retrieved 2008-07-16.
- ↑ „PS3 80GB Console with LittleBigPlanet (PlayStation 3) at Gameplay - FREE UK Delivery“. Shop.gameplay.co.uk. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ „Sony confirms inFamous PS3 bundle“. Eurogamer.
- ↑ „PS3 80 GB Console with Infamous (PlayStation 3) at Gameplay - FREE UK Delivery“. Shop.gameplay.co.uk. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ 48,0 48,1 „Limited "Dragon" PlayStation 3 Console Is For Japanese Eyes Only“. Kotaku. 2009-01-06. Посетено на 2010-04-29.
- ↑ „Sony Playstation 3 80GB Console with I Am Legend Blu-ray (PlayStation 3) at Gameplay - FREE UK Delivery“. Shop.gameplay.co.uk. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ „Sony Playstation 3 80GB with Terminator + Blue Ray Pack (PlayStation 3) at Gameplay - FREE UK Delivery“. Shop.gameplay.co.uk. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ „PS3 80GB Console with 300 Blu-ray (PlayStation 3) at Gameplay - FREE UK Delivery“. Shop.gameplay.co.uk. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ „company press release“. SCEE. 2008-08-20. Архивирано од изворникот на 2010-03-14. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ „Live from Leipzig: North American Hardware Announcements“. SCEA. 2008-08-20. Посетено на 2008-08-20.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеHDbitstream
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеPS3SlimPressReleaseAU
. - ↑ „Sony Computer Entertainment Europe - Virtual Press Office“. Архивирано од изворникот на 2009-08-22. Посетено на 2010-09-04.
- ↑ Ellie Gibson (2010-01-06). „Michael Jackson PS3 bundle on the way PlayStation 3 News - Page 1“. Eurogamer.net. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ 58,0 58,1 „TGS 09: Motion Controller Details, Other New Info“. PlayStation Blog Europe. September 24, 2009. Посетено на October 2, 2009.
- ↑ „NEW 250GB PlayStation 3 System Available November 3 – PlayStation.Blog“. Blog.us.playstation.com. 2009-10-15. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ 60,0 60,1 60,2 60,3 60,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеSlim 250GB
. - ↑ 61,0 61,1 „PS3 250GB bundles priced, detailed“. Eurogamer. 2009-09-09. Посетено на 2010-05-20.
- ↑ „Sony PlayStation 3 Slim Console (250GB Model) with Uncharted 2: Among Thieves (PS3): Amazon.co.uk: PC & Video Games“. Amazon.co.uk. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ Nick Broughall (2009-11-24). „"PS3 PlayTV Bundle: 250GB PS3 With PlayTV For $599"“. Gizmodo. Посетено на 2010-04-28.
- ↑ „Tekken 6 250GB PS3 bundle skips over UK“. Neoseeker.com. 2009-10-07. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ „Rumour: Tekken 6 Getting A PS3 Slim Bundle Too“. PushSquare.com. 2009-10-07. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ „PS3 News: Tekken 250GB PS3 bundle not for UK“. ComputerAndVideoGames.com. 2009-10-06. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ „PS3 250GB Blue Ray Bundle including Wolverine and Dark Knight“. Shop.gameplay.co.uk. 2009-09-01. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ „Sony Playstation 3 250GB with Assassins Creed 2“. Shop.gameplay.co.uk. 2009-09-01. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ „PS3 250GB Slim Console with God of War III“. game4u.com. Архивирано од изворникот на 2013-05-09. Посетено на 2010-05-20.
- ↑ „Sony Playstation 3 250Gb PS3 Slim with ModNation Racers“. game.co.uk. Архивирано од изворникот на 2010-10-03. Посетено на 2010-06-26.
- ↑ „Sony PlayStation 3 Slim + ModNation Racers“. lefdal.com. Посетено на 2010-06-26.
- ↑ 72,0 72,1 72,2 72,3 „Sony Computer Entertainment Japan to introduce PlayStation®3 (PS3®) with 160GB and 320GB hard disk drive, available from July 29, 2010 at a Recommended Retail Price of 29,980 yen and 34,980 yen respectively“. Sony. 2010-07-06. Архивирано од изворникот на 2016-01-18. Посетено на 2010-07-06.
- ↑ 73,0 73,1 73,2 73,3 73,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име160-320GB-EU
. - ↑ 74,0 74,1 74,2 74,3 74,4 „White PS3 Slim out in Japan this month“. Eurogamer. 2010-07-06. Text "accessdate-2010-07-06" ignored (help)
- ↑ „White PS3 Slim with 160GB HDD hits Japan July 29th, new 320GB HDD option“. Engadget. 2010-07-06. Text "accessdate-2010-07-06" ignored (help)
- ↑ 76,0 76,1 Ashcraft, Brian (2010-08-18). „Gran Turismo 5 Gets Blue PS3 In Japan“. Kotaku, Gawker Media. Посетено на 2010-08-18.
- ↑ 77,0 77,1 77,2 Frucci, Adam (2010-08-17). „New, Higher-Capacity PS3 Models Coming This Fall“. Gizmodo, Gawker Media. Архивирано од изворникот на 2013-05-12. Посетено на 2010-08-18.
- ↑ „PlayStation 3 40GB model official specifications“. SCEI. Архивирано од изворникот 2008-01-23. Посетено на 2008-01-15.
- ↑ Sony Computer Entertainment (22 септември 2006). "PLAYSTATION3 HDD 20 GB EQUIPPED WITH HDMI AS STANDARD" (PDF). Соопштение за печат. посет. 24 мај 2007 г Архивирано на 19 август 2011 г. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-19. Посетено на 2010-09-04.
- ↑ Boyes, Emma (2007-10-05). „UK PS3 drops price, 40GB finally official“. GameSpot. CNET. Посетено на 2007-10-06.
- ↑ Plunkett, Luke. „Customer Service: Sony Could Run BC on 40GB PS3s. They Just Don't Want To“. Архивирано од изворникот 2012-12-16. Посетено на 2007-10-09.
- ↑ „Yakuza 3 PS3 Special Edition unveiled“. Quick Jump Network (QJ.net). 2009-01-06. Посетено на 2010-04-29.
- ↑ Neil Davidson (2008-08-26). „Nintendo Wii surpasses mark of one million consoles sold in Canada“. The Canadian Press. Yahoo!.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Shaun McInnis (2010-08-17). „New Ratchet and Clank, Resistance headline Sony conference“. GameSpot. Архивирано од изворникот на 2010-08-21. Посетено на 2010-08-17.
- ↑ „How Many PS3s Have Been Sold In Japan?“. Famitsu. Kotaku. 2010-04-13. Посетено на 2009-01-05.
- ↑ Richard Mitchell (2010-01-25). „UK PS3 sales surpass 3 million“. Joystiq. Посетено на 2010-02-04.
- ↑ Ben Reeves (2010-04-13). „Yakuza 4 One Of Japan's Best Selling PS3 Games“. Game Informer. Архивирано од изворникот на 2019-08-25. Посетено на 2010-04-14.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеWorldSales
.
„PlayStation 3“ на Ризницата ? |
|