Прејди на содржината

ICMPv6

Од Википедија — слободната енциклопедија

Internet Control Message Protocol version 6 (ICMPv6) е имплементацијата на Internet Control Message Protocol (ICMP) за Internet Protocol version 6 (IPv6) дефинирана во RFC 4443.[1] ICMPv6 e интегрален дел од IPv6 и извршува пријавување на грешки, дијагностички фукции, и фрејмворк за екстензии за имплеметација на идни промени. Објавени се неколку екстензии, кои дефинираат нови ICMPv6 типови на пораким како и нови опции за веќе постоечки типови. NDP е протокол за откривање на јазли во IPv6 кој ги заменува и збогатува функциите од ARP. SEND е екстензија на NDP со додатна сигурност. MDR дозволува откривање на мултикаст насочувачи.

Петте нивоа на TCP/IP моделот
5. Применето ниво (Application layer)

DHCP • FTP • IMAP4 • POP3 • SIP • SMTP • SSH • BGP •

4. Преносно ниво

UDP • TCP • DCCP • SCTP • RSVP • ECN

3. Мрежно ниво

IP (IPv4 • IPv6) • ICMP • IGMP • RSVP • IPsec

2. Податочно ниво

ATM • DTM • Ethernet • FDDI • Frame Relay • GPRS • PPP • ARP • RARP • L2TP • PPTP

1. Физичко ниво

Етернет • ISDN • Модеми • PLC • SONET/SDH • G.709 • Wi-Fi •

Технички детали

[уреди | уреди извор]

ICMPv6 пораките можат да бидат класифицирани во две категории: пораки за грешки и пораки за информации. ICMPv6 пораките се транспортираат со IPv6 пакети во кои IPv6 Next Header вредноста е 58.

Формати на пакети

[уреди | уреди извор]

ICMPv6 пакетот се содржи од заглавие и содржина на протоколот. Заглавието се содржи од три полиња: тип (8 бита), код (8 бита) и контролен збир (16 бита). „Тип“ го укажува типот на порака. Вредностите кои се движат од 0 до 127 се пораки за грешка, додека вредностите од 128 до 255 определуваат информациска порака. Вредноста во полето „код“ зависи од типот на пораката и овозможува додатно ниво на грануларност на порака. Полето „контролен збир“ овозможува минимално ниво на заверка на интегритетот на ICMP пораката.

ICMPv6 пакет
Битово отстапување 0–7 8–15 16–31
0 Тип Код Контролен збир
32 Тело на пораката

Типови ICMPv6 пораки

[уреди | уреди извор]
Тип Код
Value Meaning Value Значење
ICMPv6 пораки за грешка
1 Destination Unreachable 0 нема пат до одредиштето
1 комуникација со одредиштето е забранета од администрација
2 надвор од распонот на изворната адреса
3 адресата е недостапна
4 портот е недостапен
5 изворната адреса падна на ingress/egress полиса
6 одбиена патеката до одредиштето
7 грешка во изворното насочувачко заглавје
2 Packet Too Big 0
3 Time Exceeded 0 лимитот на скокови е престигнат
1 времето за составување на фрагменти е преминато
4 Parameter Problem 0 грешно поле за заглавје
1 непрепознаен Next Header тип
2 непрепознаена IPv6 опција
100 Private experimentation
101 Private experimentation
127 резервирано за проширување на ICMPv6 пораки
ICMPv6 информациски пораки
128 Echo Request 0
129 Echo Reply 0
130 Multicast Listener Query 0
131 Multicast Listener Report 0
132 Multicast Listener Done 0
133 Router Solicitation (NDP) 0
134 Router Advertisement (NDP) 0
135 Neighbor Solicitation (NDP) 0
136 Neighbor Advertisement (NDP) 0
137 Redirect Message (NDP) 0
138 Router Renumbering 0 Команда за пребројување на насочувачи
1 Резултат од пребројување на насочувачи
255 Рестартирање на број на секвенца
139 ICMP Node Information Query 0 Полето за податоци содржи IPv6 адреса која е субјект во ова барање
1 Полето за податоци содржи име кое е субјект во ова барање, или полето е празно
2 Полето за податоци содржи IPv4 адреса која е субјект во ова барање
140 ICMP Node Information Response 0 Успешен одговор.
1 Полето за одговор ќе биде празно.
2 Qtype на барањето е непознато од одговарачот
141 Inverse Neighbor Discovery Solicitation Message 0
142 Inverse Neighbor Discovery Advertisement Message 0
143 Multicast Listener Discovery (MLDv2) reports (RFC 3810)
144 Home Agent Address Discovery Request Message 0
145 Home Agent Address Discovery Reply Message 0
146 Mobile Prefix Solicitation 0
147 Mobile Prefix Advertisement 0
148 Certification Path Solicitation (SEND)
149 Certification Path Advertisement (SEND)
151 Multicast Router Advertisement (MRD)
152 Multicast Router Solicitation (MRD)
153 Multicast Router Termination (MRD)
155 RPL Control Message
200 Private experimentation
201 Private experimentation
255 Reserved for expansion of ICMPv6 informational messages

Моменталната целосна листа може да биде најдена на следниот линк: IANA: ICMPv6 Parameters.

Операција

[уреди | уреди извор]

Контролен збир на пораки

[уреди | уреди извор]

ICMPv6 добавува само минимален степен на заштита и заверка на интегритетот на пораките, преку вклучувањето на 16-битни суми за проверки во заглавјето на пораките. Овој збир се пресметува почнувајќи со псевдо-заглавје за IPv6 полињата, според IPv6 стандардот, којшто се состои од изворот и одредиштате за пораките, како и од должината на пакетите и последното поле во заглавјето, кое е по дефиниција 58. Следејќи го ова псевдо-заглавје, збирот се продолжува со ICMPv6 пораката, во која збирот е почетно поставен на 0. Збирот се пресметува според IP стандардите користејќи 16-битен единечен комплемент, продолжено со комплементирањето на самиот збир и внесувајќи ја во соодветното поле. Забележете дека ова се разликува од начинот на којшто збирот се пресметува за IPv4 во ICMPv4, но е многу слично со пресметките во TCP.

ICMPv6 псевдо-заглавје
Битово отстапување 0 - 7 8–15 16–23 24–31
0 Изворна адреса
32
64
96
128 Дестинациска адреса
160
192
224
256 ICMPv6 должина
288 Нули Следно заглавје

Обработка на порака

[уреди | уреди извор]

Кога ICMPv6 јазол ќе прими пакет, мора да преземе акции што зависат од типот на пораката. ICMPv6 протоколот мора да го ограничи бројот на пораки за грешки пратени до исто одредиште, за да се избегне преоптоварување на мрежата. На пример, ако јазол продолжува да препраќа пораки за грешка, ICMP ќе ја сигнализира грешката на првиот пакет, и ќе продолжи да го прави тоа периодично, со фиксен минимум период, или со фиксен максимум товар на мрежата. ICMP порака за грешка никогаш не смее да се прати како одговор на друга ICMP порака за грешка.

  1. RFC 4443, Internet Control Message Protocol (ICMPv6) for the Internet Protocol Version 6 (IPv6) Specification

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Предлошка:IPv6