Прејди на содржината

Grand Theft Auto IV: The Lost and Damned

Од Википедија — слободната енциклопедија
Grand Theft Auto IV:
The Lost and Damned

Изработувач(и) Rockstar North
Rockstar Toronto (ЛС)
Издавач(и) Rockstar Games
��истрибутер Take-Two Interactive
Серијал Grand Theft Auto
Погон RAGE,
Euphoria (движечки погон)[1]
Подлоги Microsoft Windows, PlayStation 3, Xbox 360
Датум на издавање Xbox 360
17 февруари 2009
PlayStation 3, Windows

СА 13 април 2010[2]
ЕВР 16 април 2010[2]

Жанр(ови) Песочник, пукач од трето лице, акциона авантура
Режим(и) Самостоен, групен
Медиум Блу-реј диск, ДВД, дигитално преземање
Побарувања Grand Theft Auto IV
Начин на
контролирање
Гејмпад, тастатура и глувче

Grand Theft Auto IV: The Lost and Damned е првото од двете епизодични раширувања на верзиите на Grand Theft Auto IV за Xbox 360, PlayStation 3 и ЛС, изработена од Rockstar North. Првично е издадена за Xbox 360 на 17 февруари 2009[3] и за PlayStation 3 и Windows на 13 април 2010 година.[2] Ова е третото раширување од серијалот Grand Theft Auto (првото од Grand Theft Auto: London, 1961, издадено во 1999 година) и дванаесеттото издание воопшто.

The Lost and Damned има нов протагонист, Џони Клебиц, кој е член на моторџиската банда „The Lost“ (Изгубените) од Либерти Сити, која се среќава и низ Grand Theft Auto IV. Ден Хаузер, потпретседателот на творечкиот развој во Rockstar Games, тврди дека оваа епизода ќе прикаже „поинаква страна на Либерти Сити“.[4] Џеронимо Барера, потпретседател на развој на производи во Rockstar Games, изјавил дека епизодите се експерименти бидејќи не се сигурни дали има доволно корисници со пристап до интернет на Xbox 360.[5] Главниот финансиски директор на Take-Two Interactive, Лејни Голдстин откри дека Microsoft платиле вкупно 50 милиони долари за првите две епизоди.[6]

  1. Бојер, Брендон (2007-06-29). „Product: Grand Theft Auto IV Using NaturalMotion's Euphoria“. Gamasutra. CMP Game Group. Посетено на 2008-04-03.
  2. 2,0 2,1 2,2 Grand Theft Auto: Episodes from Liberty City Gets Delayed. IGN. 2010-03-18. Архивирано од изворникот на 2012-05-22. Посетено на 2010-03-18.
  3. Брамвел, Том (2009-01-22). „Rockstar prices GTAIV: Lost and Damned“. Eurogamer. Посетено на 2009-01-22.
  4. Снајдер, Мајк (2008-11-20). 'Grand Theft Auto' yields road to the 'Lost and Damned'. USA Today. Посетено на 2008-11-20.
  5. „Grand Theft Auto IV: Rockstar Experimenting with Episodic Content“. Kotaku. 2008-02-11. Архивирано од изворникот на 2008-02-13. Посетено на 2008-02-12.
  6. „Take-Two F2Q07 (Qtr End 4/30/07) Earnings Call Transcript“. SeekingAlpha. 2007-06-11. Посетено на 2007-06-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]