7Q5
7Q5 е мало парче папирус пронајден во пештерата 7 кај Кумран. Дел е од Свитоците од Мртвото Море, напишан на грчки јазик. Датиран е според стилот на пишување дека потекнува од периодот меѓу 50 г. п.н.е. и 50 г. од нашата ера. Шпанскиот научник Хосе О'Калањан Мартинес во 1972 година напишал дека ова парче папирус содржи текст од Евангелие по Марко, дел 6 стих 52-53. Но, поголемиот дел од научниците не се согласуваат со ова тврдење[1][2] па денес е отфрелно.[3][4]
Идентификација
[уреди | уреди извор]Во текстот од Евангелие по Марко на грчки јазик што О'Калањан го идентификувал како дел од 7Q5, црвените букви ги претставуваат деловите кои се читаат на папирусот.:[5]
Доколку 7Q5 е навистина Евангелие по Марко, тоа значи дека ова е најраниот пронајден текст со делови од Новиот завет. Бидејќи датирањето на папирусот е меѓу 50 г. п.н.е. и 50 г. од нашата ера, доколку навистина е дел од Евангелие по Марко, значи дека некој го пишувал ова евангелие кој бил поблиску временск идо вистинскиот Исус. Сепак, науката смета дека евангелијата се напишани во 2 век од нашата ера.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑
Millard, A. R. (2000). Reading and Writing in the Time of Jesus. NYU Press. стр. 56. ISBN 0-8147-5637-9.
C.P. Thiede drew on papyrology, statistics and forensic microscopy to try to prove O'Callaghan's case, yet without convincing the majority of other leading specialists.
- ↑ McCready, Wayne O. (1997). „The Historical Jesus and the Dead Sea Scrolls“. Во Arnal, William E.; Desjardins, Michael (уред.). Whose Historical Jesus?. Waterloo, ON: Wilfrid Laurier University Press. стр. 193. ISBN 0-88920-295-8.. "On the whole, O'Callaghan's thesis has met with scholarly skepticism since the fragments are extremely small, almost illegible, and his strongest case does not agree with known versions of Mark."
- ↑ Elliot (2004), JK, Book Notes, Novum Testamentum, Volume 45, Number 2, 2003, pp. 203.
- ↑ Gundry(1999), p.698.
- ↑ VanderKam, James; Peter Flint (2004). The Meaning of the Dead Sea Scrolls: Their Significance for Understanding the Bible, Judaism, Jesus, and Christianity (First HarperCollins paperback. изд.). New York: HarperCollins. стр. 315. ISBN 0-06-068465-8.
|