25 август (настани)
Изглед
1831 | Во Лондон британскиот научник, физичар и хемичар Мајкл Фарадеј откри дека електрицитетот може да се создава од магнет. |
1903 | Илинденско востание: Востаниците го нападнаа и ослободија гратчето Невеска, нахиски (општински) центар во Леринската околија. Ослободувањето на Невеска е еден од најзначајните настани во времето на Илинденското востание. |
1944 | Во селото Шешково, Кавадаречко, е формирана првата македонска дивизија на НОВЈ, во чиј состав влегоа II, IX и X македонска бригада. |