23 април
Изглед
<< | април | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | ||||
2024 |
23 април — 113-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (114-и во престапна година). Остануваат 252 денови до крајот на годината.
Настани:
1972 | Во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, кој е осветен на 12 август 1990 година. |
1982 | Пуштен е во продажба Зет-Икс Спектрум. |
1996 | УНЕСКО го промовира Светскиот ден на книгата, по повод годишнината од смртта на Сервантес, Шекспир и Де Ла Вега |
Родени:
1307 | Јована — ќерка на англискиот крал Едвард I. |
1823 | Абдул Меџит I — отомански султан. |
1858 | Макс Планк — германски физичар. |
1891 | Сергеј Прокофјев — руски и советски композитор. |
1899 | Бертил Олин — шведски економист и политичар. |
1907 | Ли Милер — американска фотографка. |
1928 | Ширли Темпл — американска глумица. |
1936 | Рој Орбисон — американски рок-музичар. |
1948 | Енвер Мариќ — босански и југословенски фудбалски голман. |
1948 | Паскал Кињар — француски писател. |
1952 | Мирка Велиновска — македонска новинарка. |
1954 | Мајкл Мур — американски режисер. |
1954 | Ксенија Еркер — хрватска поп-пејачка и композиторка. |
1960 | Стив Кларк — англиски рок-музичар, член на групата Деф лепард (Def Leppard). |
1970 | Егемен Багиш — турски политичар. |
1972 | Патриција Мантерола — мексикански модел. |
1977 | Кристијан Зенони — италијански фудбалер. |
1985 | Тони Мартин — германски велосипедист. |
1986 | Антон Понкрашов — руски кошаркар. |
1988 | Антон Карпухов — руски одбојкар. |
1997 | Влатко Стојановски — македонски фудбалер. |
Починале:
1200 | Џу Си — најзначајниот филозоф на конфуцијанството по самиот Конфуциј. |
1616 | Вилијам Шекспир — англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. |
1616 | Мигел де Сервантес — прочуен шпански писател, автор на првиот реалистичен роман во шпанската книжевност, „Дон Кихот“. |
1850 | Вилијам Вордсворт — англиски поет. |
1922 | Влахо Буковац — истакнат хрватски сликар. |
1990 | Полет Годар — американска филмска и театарска глумица. |
1991 | Џони Тандерс — американски рок-музичар. |
1998 | Константин Караманлис — грчки политичар. |
2007 | Борис Елцин — руски претседател. |
2023 | Тори Боуви — американска атлетичарка. |