20 март (настани)
Изглед
1602 | Создадена е Холандската источноиндиска компанија |
1616 | Волтер Роли бил ослободен од Лондонската кула по 13 години затвор |
1760 | Избувнал голем пожар во Бостон. |
1792 | Законодавното собрание на Франција официјално го одобрилo предлогот за користење на гилотината како средство за погубување |
1815 | Наполеон Бонапарт со 140.000 војска влегува во Париз |
1848 | Германска револуција: баварскиот крал Лудвиг I абдицира од престолот |
1861 | Голем земјотрес го зафатил градот Мендоса, Аргентина |
1933 | Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор. |
1956 | Франција ја призна независноста на Тунис. |
1991 | Каледа Зија е избрана за премиер за Бангладеш. |
1991 | По одржаните повеќепартиски избори во Република Македонија, во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев. |
1992 | Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет (MOK). За претседател е избран Васил Тупурковски. |
1996 | Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство. |
1996 | Излезе првиот број на весникот „Дневник“. |