13 Ноември (населба)
13 Ноември | |
---|---|
Населба | |
Југозападниот раб на населбата и населбата Острово во позадина | |
Населените места во Општина Аеродром | |
Координати: 41°59′24″N 21°27′38″E / 41.99000° СГШ; 21.46056° ИГД | |
Држава | Македонија |
Општина | Аеродром |
Површина | |
• Вкупна | 20,84 ха (5,150 acres) |
13 Ноември — високоурбанизирана населба во северозападниот дел на Општина Аеродром. Наречена е според Денот на кој е ослободено Скопје.
Географија
[уреди | уреди извор]На југ граничи со населбата Аеродром, на исток и на север со Јане Сандански, додека на север и северозапад со реката Вардар (преку реката е населбата Ќерамидница). Во крајниот југозапад еден крак се граничи со населбата Острово.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2002, населбата 13 Ноември била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[1]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата 13 Ноември била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 63.764 |
Албанци | 850 |
Турци | 464 |
Роми | 459 |
Власи | 651 |
Срби | 2.125 |
Бошњаци | 403 |
Други | 6.392 |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Мајчин Дом
Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Стефан“ - осветена на 22 март 2014. Се наоѓа во дворот на Мајчин Дом;[2]
- Црква „Св. Троица“ - камен темелник поставена 9 јуни 2014 година под ктиторство на рускиот стопанственик Сергеј Самсоненко[3]
- ТЦ Три Бисери;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
- ↑ Осветување на нов храм[мртва врска]
- ↑ „Стартува изградбата на новата црква во скопски Аеродром“. Курир. Посетено на 1 јануари 2023. На
|first=
му недостасува|last=
(help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- 13 Ноември (населба) на Ризницата ?
|
|