Штадланд (германски: Stadland) — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Везер, околу 32 километри североисточно од Олденбург и 42 километри северозападно од Бремен. На запад се граничи со Јадскиот Залив. Административното седиште е во селото Роденкирхен.
Општината Штадланд ја зафаќа површината на некогашната историска област Штадланд. Заедно со областа Бутјадинген претставува полуостров помеѓу Везер и Јадскиот Залив и е една од најрамните области во Германија со височина помеѓу 1,2 и 0,8 метри надморска височина.
Општината Штадланд се граничи на северозапад со општината Бутјадинген и на североисток со градот Норденхам. На исток се граничи со Долен Везер, а на запад со Јадскиот Залив. На југоисток се наоѓа градот Браке, на југ со општината Овелгене и на југозапад со општината Јаде. Сите општини припаѓаат на округот Везермарш.