Прејди на содржината

Шинигами

Од Википедија — слободната енциклопедија
Статуа на Јама (Енма) во храмот Нариаи-џи, Мијазу, Кјото.

Шинигами (死神, „Смртта“, „смртоносник“ или „дух на смртта“) или бог на смрттабогови или натприродни духови што го канат човекот во смрт во некои гледишта од јапонската религија и култура. Шинигамијата се опишани како чудовишта, помошници, и темни суштества. Шинигамијата се користени во приказните и религиите во јапонската култура.

Јапонска религија

[уреди | уреди извор]
„Изанами (лево) и Изанаги ги создаваат јапонските острови“
(天瓊を以て滄海を探るの),
од Еитаку Кобајаши.

Во будизмот, постојат Мара кои се занимаваат со смртта или Мртју-мара.[1] Тоа се демони кои ги тераат луѓето да сакаат да умрат и се вели дека кога човек ќе биде опседнат од овие дмони, во шок, одеднаш посакува да умре преку самоубиство, па затоа и понекогаш се објаснува дека овие суштества се „шинигами“.[2] Исто така, во Јогакарабхуми-састра, записи за Јогакара, демонот го решава времето на смртта на луѓето.[3] Јама, кралот на подземниот свет, како и они демоните како што е Волова глава и Коњско лице, исто така се сметаат за еден вид шинигами.[4]

Во Шинто и Јапонската митологија, Изанами им ја дала смртта на луѓето, па затоа Изанами понекогаш се сфаќа како шинигами.[4][5]

Сепак, се смета дека Изанами и Јама се различни од боговите на смртта во западната митологија.[3][6] Некои форми на будизам не го вклучуваат верувањето во никакви богови, па затоа понекогаш се смета дека концептот за бог на смртта не постои воопшто. И покрај тоа што киџин и онрјоо духовите од јапонската будистичка вера можат да им го одзедат животот на луѓето, постои мислењето дека не постои „бог на смртта“ што ги води луѓето во светот на мртвите. Меѓутоа, по војната, западниот поим за „бог на смртта“ навлегол во Јапонија, а шинигамите започнале да се споменуваат како битија со човечка природа.

Нингјоо џоорури

[уреди | уреди извор]

Општо земено, зборот „шинигами“ не се користи во Јапонската класична книжевност, вклучително и нема многу записи во врска со нив,[7] но веќе во Едо периодот, зборот „Шинигами“ може да се види во делата на Чикамацу Монзаемон за нингјоо џоорури во и класичната литература што содржи теми за двојно самоубиство.

Во третата Хооеи ера (1706 г.), во изведбата на претставата „Шинчуу Нимаи Соуши“, која ја обработува темата за мажи и жени кои биваат поканети кон смртта, е напишано „патот кој го води богот на смртта“,[8] и во шестата Хооеи ера (1709 г.), во записот „Шинчууха ха Коори но Сакуџицу“, жена која во следниот миг извршила двојно самоубиство со маж, рекла: „минливоста на еден живот е привлечена од богот на смртта“.[8] Никогаш не станало јасно дали мажот и жената дошле да извршат двојно самоубиство поради постоењето на шинигами, или дека шинигами е даден како причина за нивното двојно самоубиство,[4] додека постојат и толкувања дека зборот „шинигами“ е израз за „минливоста на животот“.[9]

Освен тоа, во петата Кјоохоо ера (1720 г.), во изведбата на претставата Љубовните самоубиства во Амиџима, постоел изразот „за човек опседнат од бог на смртта“. Бидејќи ликот бил продавач на хартија, ликот кој се спротивставил на смртта го напишал знакот за „хартија“ (紙, ками) како „бог“ (神, ками),[8][10] но има и толкувања кои тврдат и дека самиот Чикамацу не мислел за постоењето на шинигами.[4]

Класична литература

[уреди | уреди извор]
„Шинигами“ од книгата Ехон Хјаку Моногатари, од Шунсенсаи Такехара.

Во класичната книжевност од Едо периодот, се споменуваат шинигами кои опседнувале луѓе. Во Ехон Хјаку Моногатари од дванаесеттата Тенпоо ера (1841 г.) постои приказна со наслов „Шинигами“, но во неа, шинигами бил дух на починат кој имал лоша намера и делувал заедно со злонамерите на живите луѓе, кои биле водени по лош пат, што предизвикале повторни инциденти на места каде што претходно имало инциденти со убиства, на пример со рекреирање на ист��то самоубиство на места каде што претходно веќе се обесиле луѓе[11] и на тој начин овие шинигами делувале на начин што ги опседнувале луѓето што предизвикало тие да сакаат да умрат.[7][12] Близу до ова, според есејот од Бакамацу периодот со наслов „Хого но Урагаки“, постоеле „ицуки“ што ги тераат луѓето да сакаат да се самоубијат со бесење, како и ствари раскажани преку народната религија како што се гаки-цуки и шичинин мисаки.[3]

Во подоцнежниот Едо период, есејот „Шоозан Чомон Кишуу“ од третата Каеи ера (1850 г.) од есеистот Мијоши Шоозан, приказната насловена како „По опседнувањето од шинигами, станува тешко да се зборува или полесно да се изкажат лаги“, проститутка која е опседната од шинигами повикува еден човек да извршат двојно самоубиство,[13][14] и во кабуки претставата „Мекуранагаја Умега Кагатоби“ од Кауатаке Мокуами од деветнаесеттиот Меиџи период (1886 г.), шинигами навлегува во мислите на луѓето, што ги тера да размислуваат за лошите работи што ги направиле, по што сакаат да умрат.[15] Тие се, наместо богови, нешто повеќе како „јууки“ (што значи духови или јууреи[16]), или зли духови.[4]

Во класичното ракуго на авторот Сан-јуутеи Енчоо, имало програма со наслов „Шинигами“, но оваа била адаптација на италијанската операКриспино е ла комаре[17] и сказната на браќата ГримКумот смртта“.[18]

Народна религија

[уреди | уреди извор]

За шинигамите се зборувало и во народната религија по војната. Според обичаите на Мијаџима, Кумамото префектура, оние што излегуваат за да посетат некого во ноќта, мора да се напијат чај или да изедат сад со ориз пред да заспијат, бидејќи шинигами би ги посетил доколку ова се занемари.[19]

Во областа Хамамацу, Шизуока префектура, шинигамите опседнувале луѓе и ги воделе кон планините, морињата и пругите каде што луѓе претходно починале. На тие места, мртвите добивале „смртен ред“ (шинибан) и сè додека нема некој следен да умре таму, тие никогаш нема да заминат во духовниот свет, дури и ако имаат погреб, и се вели дека луѓето кои биле живи биваат поканети од мртвите да загинат по нив.[13] Исто така, вообичаено е да се посетуваат гробниците заради празникот Хиган на пладне или на зајдисонце, но во Окајама префектурата, посетата на гробиштата за време на Хиган при изгрејсонце без пред тоа да бидат посетени гробиштата, би резултирало во опседнување со шинигами. Но, штом потоа некој би го посетил гробот на зајдисонце, тогаш ќе биде потребно да се посети гробот повторно за време на изгрејсонце, за да се избегне опседнувањето од шинигами. Со оваа позадина на народно верување, се смета дека понекогаш луѓето ги земале предвид духовите на починатите, кои нема кој да ги обожува, да бараат придружници и да ги повикуваат луѓето да им се придружат.

Во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Шинигамите играат главна улога во јапонскиот манга-серијал Тетратка на смртта, напишан од Цугоми Охба и илустрирана од Такеши Обата. Шинигами богот по име Рјук го следи главниот јунак Лајт Јагами, давајќи му ја неговата сопствена „смртна тетратка“, која има способност буквално да одреди кој и на каков начин ќе умре, откако ќе се напише ничијето име во неа.

Во манга серијалот Bleach“, напишана од Тите Кубо, средношколецот Ичиго Куросаки станува шинигами кој им помага на неуспокоените духови да најдат мир пренесувајќи ги во задгробниот живот.[20]

Ликот „Шинигами“ е мистична вештерка во универзумот на „Нинџа желките“.

Во манга сер��јалот Наруто, шинигами се повикуваат за да го комплетираат „печатот на мрачниот жетвар“.

Шинигамите играат голема улога во анимето „Boogiepop Phantom.

Во манга серијалот Black Butler напишана од Јана Тобосо, многу споредни ликови се шинигами, како што се Грел Сутклиф, Вилијам Т. Спирс и Роналд Нокс.

Во аниме серијалот, „Mobile Suit Gundam Wing“ од 1995 г., еден од петтемина Гандам пилоти—Дуо Максвел, е познат како „Богот на смртта“ или Шинигами (поради цензурира на синхронизацијата на анлиски јазик што се емитувала на програмата Toonami на ТВ-каналот Adult Swim, ликот е наречен „Великиот уништувач“ поради религиозната тематика). Овој прекар го заработил зошто го преживеал масакрот во црквата Максвел кога бил дете, (бидејќи не бил таму за време на настанот) и затоа што ги управува огромните роботски костими XXXG-01D Gundam Deathscythe и XXXG-02D2 Gundam Deathscythe Hell.

Во 5-та сезона на манга серијалот „Иницијал Д“, ликот по име Рин Хоџо го носи прекарот шинигами поради неговиот опасен стил на возење и повеќекратните обиди да ги убие оние што ќе ги претрка, особено Рјосуке Такахаши.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 中村元 (2001). 広説佛教語大辞典. 中巻. 東京書籍. стр. 720. ISBN 978-4-487-73177-0.
  2. 大栗道栄 (1997). 図説「理趣経」入門 密教の核心. 鈴木出版. стр. 101. ISBN 978-4-7902-1074-0.
  3. 3,0 3,1 3,2 多田 1997
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 七会 2009
  5. 河野信子編 (1995). 女と男の時空. 1. 藤原書店. стр. 115. ISBN 978-4-89434-022-0.
  6. 木村 2007
  7. 7,0 7,1 村上 2005
  8. 8,0 8,1 8,2 鳥越他訳 1998.
  9. スズキトモユ (2005-07-04). „日刊! ニュースな本棚“. エキサイト. Архивирано од изворникот на 2013-04-10. Посетено на 2012-09-22.
  10. „近松の世話浄瑠璃“. 文化デジタルライブラリー. 日本芸術文化振興会. 2010. Посетено на 2012-09-22. Надворешна врска во |work= (help)
  11. 桃山人 (2006). 桃山人夜話 絵本百物語. 角川ソフィア文庫. 角川書店. стр. 131. ISBN 978-4-04-383001-5.
  12. 村上 2000
  13. 13,0 13,1 大藤他 1986
  14. 三好想山 (1970). „想山著聞奇集“. Во 谷川健一 他編 (уред.). 日本庶民生活史料集成. 第16巻. 三一書房. стр. 81–83. Предлошка:NCID.
  15. 河竹黙阿弥 (1970). 河竹黙阿弥集. 名作歌舞伎全集. 第12巻. 戸板康二 他監修. 東京創元新社. стр. 218. ISBN 978-4-488-02512-0.
  16. 松村明 編 (2006). 大辞林 (第3版. изд.). 三省堂. стр. 2579. ISBN 978-4-385-13905-0.
  17. 永井啓夫 (2011). 三遊亭円朝. 青蛙選書 (新装版. изд.). 青蛙房. стр. 271–272. ISBN 978-4-7905-0875-5.
  18. 北村正裕 (August 2000). „死神のメルヘン グリム童話と日本の落語“. 駿台フォーラム (第18号): 54–68. Предлошка:NCID.
  19. 八木三二 (July 1933). „熊本県宮地町地方“. 旅と伝説 (第6年7月号): 178. Предлошка:NCID.
  20. https://www.imdb.com/title/tt0434665/plotsummary

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • 大藤時彦 他 (1986). 相賀徹夫 編 (уред.). 日本大百科全書. 第11巻. 小学館. ISBN 978-4-09-526011-2.
  • 木村文輝 (2007). 生死の仏教学. 法藏館. ISBN 978-4-8318-2418-9.
  • 多田克己 (1997). „『絵本百物語』の妖怪たち“. 絵本百物語 桃山人夜話. 国書刊行会. ISBN 978-4-336-03948-4.
  • 近松門左衛門 (1998). 近松門左衛門集. 新編日本古典文学全集. 2. 鳥越文蔵 他校中・訳. 小学館. ISBN 978-4-09-658075-2.
  • 七会静 (2009). よくわかる「世界の死神」事典. 廣済堂文庫. 廣済堂. ISBN 978-4-331-65459-0.
  • 村上健司 他編著 (2000). 百鬼夜行解体新書. コーエー. ISBN 978-4-87719-827-5.
  • 村上健司編著 (2005). 日本妖怪大事典. Kwai books. 角川書店. ISBN 978-4-04-883926-6.