Прејди на содржината

Чивава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Положба на државата Чивава во Мексико
Прекрасна панорама од Бакарниот кањон

Чивава (шпански: Chihuahua) е сојузна држава на северот од Мексико. Со површина од 244.938 км2, таа е најголемата сојузна држава во Мексико. Во неа живеат околу 3 милиони жители. На запад се граничи со Сонора, на север со САД (Ново Мексико и Тексас), на исток со Коахуила, на југозапад со Синалоа, на југ со Дуранго.

Најголемиот град не е главен град на Чивава, туку Хуарез на реката Рио Браво, спроти градот Ел Пасо во Тексасу.

Државата Чивава се наоѓа на пустинска висорамнина која стрмно се спушта кон запад. Во овие планини се наоѓа најголемата туристичка атракција на државата, питоресниот Бакарен кањон (Barranca del Cobre).

Популација по градови

[уреди | уреди извор]
Плоштад во градот Чивава.
градот Хуарез.

Население во најголемите 7 градови во државата Чивава.

Град Популација 2000 популација 2005
Хуарез 1'187,275 1'301,452
Чивава (град) 657,876 748,518
Делисиаз 98,615 108,187
Парал 98,876 101,147
Куаутемок 85,387 91,725
Нуево Касас Гранде 50,378 50,863
Камарго 37,456 39,149

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]