Чанадски Санџак
Чанадски Санџак (турски: Çanad sancağı, Liva-i Çanad) ― санџак (административна единица) на Отоманската Империја сместен во денешниот северен Банат (денес во најсеверна Србија, најјужна Унгарија и најсеверозападна Романија), со средиште во Ченад (унгарски: Csanád, Чанад) , Романија). Источно унгарско кралство, вазална држава на Отоманската Империја во првата половина на 16 век, ја изгубила територијата во 1552 година, кога била организирана во Темишварскиот Пашалак. Тој бил еден од четирите санџаци на Темишварскиот Пашалак во 1550-тите, еден од единаесетте санџаци во 1699 година, еден од петте во 1700-01 година, еден од шесте во 1701-02 година, до неговото укинување во 1707 година, станувајќи подобласт на Темишварскиот Санџак. Бил освоен од Хабсбурзите и бил организиран во Чанадската Жупанија .
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- Fodor, Pál; Dávid, Géza, уред. (2000). Ottomans, Hungarians, and Habsburgs in Central Europe: The Military Confines in the Era of Ottoman Conquest. BRILL. ISBN 9004119078.