Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Епаноми
Успение на Пресвета Богородица | |
---|---|
Κοιμήσεως Θεοτόκου | |
40°25′42″N 22°55′37″E / 40.42833° СГШ; 22.92694° ИГД | |
Место | Епаноми, Солунско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | 1865 |
Управа | |
Епархија | Новочешминско-каламариска |
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως Θεοτόκου) — црква во гратчето Епаноми, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Новочешминско-каламариската епархија на Цариградската патријаршија.
Во средината на XIX век, при поволните услови по реформите во отоманската држава, христијанската заедница во Епаноми решила да изгради втора црква покрај постоечката „Св. Ѓорѓи“. Според натписот над западниот влез црквата е подигната во 1865 г.[1][2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Храмот има втор олтар, посветен на Свети Димитрија Солунски. Целината е изградена по архитектонски урнек на „Св. Ѓорѓи“. Претставува трикорабна базилика — архитектонски тип силно распространет во подоцнежните години на отоманското владеење на Балканот. Има димензии од 29 × 14 м. Изграден е од камен, има дрвен покрив првично покриен со камени плочи, а подоцна со европски ќерамиди.[3]
Живопис и иконопис
[уреди | уреди извор]Кулакиски живопис
[уреди | уреди извор]Црквата е живописана од Маргарит Ламбу и неговиот братенец Николаос Константину, претставници на Кулакиската школа. Маргаритис е автор една икона на Света Катерина од 1838 г. Николаос ги изработил царските двери (1865), една икона со четворицата евангелисти (1867) и една икона на Архангел Гаврил од жртвеникот (1868).[4]
Дела на Дичо Зограф
[уреди | уреди извор]Три иконостасни икони во црквата се дело на истакнатиот мијачки мајстор Дичо Зограф — две на Христос Седржител од 1865 г. и една на Успението Богородично од 1866 г. Според епаномецот Спиро Наков/Накев (Спирос Наку), чиј дедо по мајчина линија бил брат на Дичо Зограф, мајсторот отседнал во Епаноми со неговите браќа во 1865 г.[4]
Во црквата има и една икона постара од неа — Богородица на престол од 1825 г, дело на зографот Анастасиос. Не е познато дали е од стариот храм на Епаноми или од друго място.[4]
На крајот на 1995 г. во храмот работел и зографот Панахотис Хаѕоглу, ученик на познатиот уметник Николаос П. Георгијадис. Уметникот се отседнал во Епаноми и ја презел целата црква „Св. Богородица“, како и црквата „Св. Аргириј“. Негово дело се владичкиот престол, амвонот и балдахинот на олтарот.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Царските двери, Николаос Константину, 1865 г.
-
„Успение Богородично“, Дичо Зограф, 1866 г.
-
„Успение Богородично“, 1856 г.
-
Света Kатерина, Маргарит Ламбу, 1838 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου Επανομής“. Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου Επανομής. Посетено на 11 јуни 2014.
- ↑ „ΕΝΟΡΙΑ ΚΟΙΜΗΣΕΩΣ ΤΗΣ ΘΕΟΤΟΚΟΥ“. Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου Επανομής. Посетено на 11 јуни 2014.
- ↑ „Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου Επανομής“. Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου Επανομής. Посетено на 11 јуни 2014.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „ΑΓΙΟΓΡΑΦΟΙ ΠΟΥ ΕΡΓΑΣΤΗΚΑΝ ΣΤΟΝ ΙΕΡΟ ΝΑΟ ΚΟΙΜΗΣΕΩΣ ΤΗΣ ΘΕΟΤΟΚΟΥ ΕΠΑΝΟΜΗΣ“. Ιερός Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου Επανομής. Посетено на 11 јуни 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Недески, Виктор (2021). „Иконите на Дичо Зограф во црквата „Успение на Богородица" во Епаноми, Солунско“ (PDF). Monumenta. МАНУ. 6: 115–125.