Црква „Св. Спас“ - Ногаевци
Изглед
Свети Спас
| |
Црквата „Св. Спас“ во селото Ногаевци | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Велешко |
Парохија | Градска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Ногаевци |
Општина | Градско |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Изградба | 1800 - 1820 година |
Осветување | почеток на XIX век |
Архитектонски опис |
Црквата „Свети Спас“ (или Свето Вознесение Христово) — македонска православна црква во селото Ногаевци, јужно од Велес во рамките на Општина Градско. Црквата е изградена во периодот меѓу 1800 и 1820 година[1], со сличен карактеристичен изглед за повеќе цркви изградени во овој период во повеќе блиски околни велешки села. Сместена е на височинка во средишниот дел на селото Ногаевци. Црквата била изградена со камења кои биле земени од остатоците од стар камен мост на ракли, кои се наоѓал во месноста Ракла под селото веднаш крај Вардар[2]. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=381&Itemid=55
- ↑ Радовановиќ, С. Воислав. Тиквеш и Раец - антропогеографски испитувања. (1914) [Превод: Јасминка Јанева] Култура, Скопје, 2011. стр.478
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Спас“ - Ногаевци на Ризницата ?