Црква „Св. Јован Богослов“ - Слепче
Свети Јован Богослов
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
Парохија | Слепчанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°13′39.6″N 21°8′59.2″E / 41.227667° СГШ; 21.149778° ИГД |
Место | Слепче |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Јован Богослов |
Изградба | XVII век |
Живопис | 1627 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Св. Јован Богослов (понекогаш Св. Јован Претеча) — црква кај демирхисарското село Лесково. Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Црквата е изградена во XVII век, сместена недалеку над Слепченскиот манастир. Меѓу народот е позната и како Св. Никола.[2] Ова е мала ��днокорабна градба покриена со полукружен свод. На исток има петстрана апсида. На северната и јужната страна одвнатре има потпорни пиластри кои образуваат полукружни ниши. Ѕидаријата е од кршен камен, а фасадите се фугирани. Покривот е направен со турски (ѓупски) ќерамиди, а оној на апсидата е од камени плочки. Подот е под нивото на теренот и е цементиран. Над западниот влез има засводена полукружна ниша со претстава на Јован Богослов, а во најзиниот долен дел стои натпис со годината 1627,[3] што веројатно се однесува на живописувањето,[4] а спомнат е и монахот Герасим.[3] Фреските веројатно се дело на мајстори од Линотопската школа.[4] Од сцените се издвојуваат композициите „Дејсис“ „Успение Богородично“, „Свети Лука го слика ликот на Пресвета Богородица со Христос“, како и иконата „Богородица Трирачица“ од 1627 г.[2] Иконостасот е дрвен, а големиот крст веројатно е од XVI век.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Слепче“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-23. Посетено на 22 август 2018.
- ↑ 3,0 3,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 74. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 4,0 4,1 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 164.
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Преспанско-пелагониската епархија
- Цркви во Крушевско-демирхисарското архијерејско намесништво
- Слепчанска парохија
- Цркви во Општина Демир Хисар
- Слепче (Демирхисарско)
- Културно наследство на Македонија во Општина Демир Хисар
- Храмови посветени на Свети Јован Богослов во Македонија
- Дела на Линотопската школа