Прејди на содржината

Церје

Координати: 40°44′58″N 20°58′32″E / 40.74944° СГШ; 20.97556° ИГД / 40.74944; 20.97556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Церје
Село
Церје is located in Албанија
Церје
Церје
Координати: 40°44′58″N 20°58′32″E / 40.74944° СГШ; 20.97556° ИГД / 40.74944; 20.97556
ДржаваАлбанија
ОбластГорица
ОкругГорица
ОпштинаПустец
Население (2000)
 • Вкупно252
Час. појасСредно Европско Време (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Церје — село во Мала Преспа, Република Албанија, Општина Пустец во округот Горица.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Церје е село во областа Мала Преспа, која денес е под Албанија. Атарот на селото граничи со атарите на следните села: од север со Зрновско, и со територијата на Република Грција, во тој склоп со селата Граждено, и некогашното село Орово, од југ со Ракицко и Мачуришта, на запад со селото Ѕвезда.[1]

Топонимија

[уреди | уреди извор]

Ова е список на позначајните топоними во Церје и неговата околина:[2]

Бого Поле, Ваковското, Влашка Вода, Гини Вода, Гробиштата, Гумејнца, Дабјето, Зеленото, Иван, Илија, Јанкулоите, Кленче, Кончината, Крај, Лазоите, Крушите, Орлои Ливади, Пијојте, Преслапката, Репреи Круши, Ридишта, Тодорица, Трлиштата, Тумејнца, Церје.

Историја

[уреди | уреди извор]

Церје е старо повеќевековно село, за селото се вели дека ја има преместено својата местоположба, за претходна локација на селото се спомнува месноста Ридиштата, која се наоѓа 0,3 км источно од денешната. Се вели дека тогаш селото целосно се раселило, а потоа пак било населено со население кое дошло од околните села (Орово, Граждено, Нивици, Зрновско и други)

Во ова село е роден Божин Спасов кој учествувал во Кресненското востание.

Во почетокот на Втората светска војна селото со анексија на Албанија, потпадна под фашистичка Италија, со што се најде во зафатот од Грчко-италијанската војна. Церјани биле мобилизирани во албанската војска, а имало и загинати. По капитулацијата на Италија Церје беше слободна територија на НОАД Албанија. Во почетокот на 1943 година борците на одредот „Даме Груев“ формираа НОК, а во април 1944 година на пат за Дебрца, низ селото поминаа и борците на Првата македонско-косовска ударна бригада. Во текот на оваа војна како борци на албанската НОАБ се вклучите 4 борци.[1]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Демографија

[уреди | уреди извор]

1900 година според Васил К’нчов селото броело 120 православни Македонци.[3][4]

Година Население
1900 120
1926 98
1945 175
1960 250
1969 308
1979 308
1989 297
2000 252 [5]

Церје е чисто македонско православно село, во него живеат следните македонски родови:

Гочевци, Гујовци, Доневци, Журковци (доселени од Пустец), Лазаровци (доселени од Орово), Наумовци, Спировци, Спирковци, Штерјовци (доселени од Нивици), Ридовци, Танасковци (Сотировци), Трповци (доселени од Граждено), Трајковци и Цветковци.[1]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
  • Ксеанела Сотирофски (р. 9 август 1979) — ректорка на универзитетот „Александар Мојсиу“ во Драч;[6][7]
  • Јован Шкмби (р. 28 јануари 1954) — претседател на друштво „Преспа“, огранок Поградец, советник од Македонска алијанса за европска интеграција во советот на општина Поградец;[8]
  • Сотир Неделко Јошев — македонски револуционер од ВМОРО.[9]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 Јовановски, Владо (2016). Населбите во Преспа. Скопје. стр. 505-506-507-508-509.
  2. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 506. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. [1] Архивирано на 15 мај 2007 г.
  5. [2] Архивирано на 11 февруари 2012 г.
  6. Organet Drejtuese[мртва врска]
  7. Kseanela, dekania që beson te politika e moralshme dhe angazhimi qytetar. Архивирано од изворникот на 2016-05-12. Посетено на 2016-12-11.
  8. Екслузивно интервју за весникот „Илинден”: Јован Шкмби
  9. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]