Хулиета (филм)
„Хулиета“ (шпански: Julieta) е филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар (Pedro Almodóvar) од 2016 година. Режисерот, исто така, е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Ема Суарес (Emma Suárez), Адријана Угарте (Adriana Ugarte), Даниел Грао (Daniel Grao), Инма Куеста (Inma Cuesta) и Дарио Грандинети (Darío Grandinetti). Филмот е заснован врз три кратки раскази од збирката „Побегната“ на Алис Манро. Филмоти бил номиниран за „Златната палма“, за БАФТАво категоријата најдобар странски филм, имал неколку номинации за Европските филмски награди, а ја освоил наградата за најдобар режисер која ја доделува Меѓународното здружение на филмофили.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Хулиета живее во Мадрид, но има намера со својот партнер Лоренцо да се пресели во Португалија. ��еѓутоа, таа се откажува од својот план по една случајна средба со пријателката на својата ќерка. Тогаш, таа решава да направи резиме на животот и се присетува на најважните настани поради кои се отуѓила од својата ќерка...
Наводи
[уреди | уреди извор]
|