Прејди на содржината

Храм на пријателството (Павловск)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Храм на пријателството
Храм Дружбы
Поглед на Храмот на пријателството
МестоПавловски парк, Павловск
 Русија
ПроектантЧарлс Камерон
Започнат1781
Завршен1784
Посветен напријателство
Нагорен поглед на столбовите и медалјоните на павилјонот
Поглед на павилјонот од реката Славјанка и мостот „Чугуни“

Храм на пријателството (руски: Храм Дружбы) — павилјон во облик на класичен храм во Павловскиот парк во Павловск кај Санкт Петербург, Русија. Изграден е на свиок на реката Славјанка во 1781-84 г. по проект на познатиот архитект Чарлс Камерон и е посветен на пријателството.

Зданието веројатно најпрви служело како место за одржување на камерни концерти за избраното дворско друштво. При изградабата на павилјонот, Камерон во близината поставил и куј��а во облик на колиба од необработени трупци.

Павилјонот е окружен со шенаесет бели зажлебени дорски столбови, во кои стои ротонда во окер боја, со бел покрив. Во горниот дел од ѕидот се ставени скулптурни медалјони. Вратата е од даб и бронза, и обично е отворена за туристи. Во летниот период во храмот се изложуваат скулптури од фондот на Павловскиот музејски парк.

Порано, во една од нишите на градбата стоела статуа на Катерина Велика како Церера. Оваа статуа е гипсена копија на бронзен оригинал на Јаков И. Рашет од 1789 г., која стоела на царскоселското „Грото“. Над нишата, ѕидот е украсен со лесени украси во штукатура.

Над вратата стои натписот „Љубовта, почитта и преданоста на првите сопственици го посветија овој храм, подарувајќи им го ова парче земја“[1]. Павилјонот изгледа особено привлечно поради отсјајот во реката Славјанка и густото зеленило во заднината.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. рус.Любовь, почтение и преданность первых Владельцев посвятили этот храм подарившей им этот участок земли

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Беланина В.А. (1988). Павловский парк. Гос. музей-заповедник «Павловск». Ленинград: Лениздат.
  • Зеленова А.И. (1986). Павловский парк. Ленинград: Лениздат.
  • Конашевич В.М. (1925). Павловский парк. Ленинград: Лениздат.
  • Кучумов А.М. (1976). Павловск. Дворец и парк. Ленинград: Лениздат.
  • Масси С. (1993). Павловск. Жизнь русского дворца. Санкт Петербург.
  • Несин В., Сауткина Г. (1996). Павловск Императорский и Великокняжеский 1777-1917. Санкт Петербург.
  • Талепоровский В.Н. (1923). Павловский парк. Пг.
    • Талепоровский В.Н. (2010). Павловский парк. Санкт Петербург: Коло.
  • Третьяков Н. С. (2005). Павловск. Дворец и парк. ГМЗ «Павловск». Санкт Петербург: «Арт-Палас».
  • Шварц В. (1980). Павловск. Дворцово-парковый ансамбль 18-19 веков. Ленинград: Искусство.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]