Прејди на содржината

Хајка (филм од 1977)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Хајка“ — југословенски филм од 1977 година, во режија на Живоин Павловиќ. Главните улоги ги толкуваат: Раде Шербеџија, Мики Манојловиќ, Павле Вуисиќ, Лазар Ристовски и Данило Лазовиќ.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

На почетокот од 1942 година четниците им предлагаат на партизаните да се обединат против италијанската војска, која ја држи под окупација Црна Гора. На договорениот состанок доаѓаат тројца партизани, но наместо претставниците на четниците доаѓа италијанската војска. Партизанската дивизија е потполно разбиена, а од неа преживуваат само неколку луѓе кои решаваат да се скријат во подземни колиби. Во меѓувреме, еден заробен партизан носи вести дека четниците одат кон Босна, со цел да се пресметаат со партизаните. Поради тоа, преживеаните партизани од дивизијата одлучуваат да извршат низа диверзии за да ги задржат четниците во Црна Гора. Така, тие предивикуваат голема хајка по нив...