Прејди на содржината

Хан. Минден

Координати: 51°25′N 9°39′E / 51.417° СГШ; 9.650° ИГД / 51.417; 9.650
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хан. Минден
Градското собрание на Хан. Минден
Градското собрание на Хан. Минден
Градското собрание на Хан. Минден
Грб на Хан. Минден
Хан. Минден во рамките на Германија
Хан. Минден
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гетинген
Градски единици 11
Градоначалник Харалд Вегенер (Bürgerforum Hann. Münden)
Основни податоци
Површина 121,12 км2
Надм. височина 123 м
Население 23.530 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 194 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GÖ, DUD, HMÜ
Пошт. бр. 34346
Повик. бр. 05541
Портал www.hann.muenden.de
Местоположба на градот Хан. Минден во рамките на округот Гетинген
Карта
Карта
Координати 51°25′N 9°39′E / 51.417° СГШ; 9.650° ИГД / 51.417; 9.650

Хан. Минден (скратено за Хановерш Минден, нарекуван и само Минден; германски: Hann. Münden) — град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е во округот Гетинген на вливот на реките Фулда и Вера, кои заедно ја образуваат реката Везер. Поради тоа градот понекогаш е нарекуван „град на трите реки“.

Градот е познат по своите историски градби, некои од нив стари и повеќе од 600 години.

Градот на името првично бил Минден (Münden). Често бил помешуван со Минден (Minden), кој исто така е сместен на реката Везер и понекогаш со Минхен (германски: München). Официјалното име на градот било променето во Хановерш Минден (во текот на XIX век кога бил во рамките на Кралството Хановер) со цел да се разликува од прускиот град Минден (кој слично се изговара). За да се избегне конфузија со Хановер-Шминден, Хановер-Минден, Хановер кај Минден и Хановер кај Минхен, името на градот било скратено од Хановерската јужна железница на Хан. Минден на патничките билети по отворањето на линијата на 8 мај 1856 година, што станало официјално име во 1991 година. Жителите главно својот град го нарекуваат само Минден.

Историја

[уреди | уреди извор]
Кула од градскиот бедем
Хан. Минден во XVI век

Местото било првпат споменато во декретите на поклон на Џимунди на епархијата во Фулда во 802 година.

Градските права веројатно биле доделени во текот на втората половина на XII век.[2]

Хан. Минден бил седиште на Кралската пруска шумарска академија: ботаничките градини на градот со многу различни дрвја биле првично посадени за академијата. Подоцна, академијата била споена со Гетингенскиот универзитет, која се преселила во нова зграда во главниот кампус во 1970 година.[3]

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Многу туристи го посетуваат градот за да ги видат некои од 700. добро зачувани фахверк средновековни куќи.

Големата лутеранска црква „Св. Власиј“ (XIV-XV век), во готски стил, го содржи саркофагот на војводата Ерик I од Брауншвајг-Каленберг (п. 1540).[2]

Други знаменитости се:

  • Градското собрание — изградено во ренесанса во XIV век (денес средишната готска сала е зачувана), а фасадата била обновена помеѓу 1603 и 1618 година.
  • Стариот мост на Вера — мост преку реката Вера, еден од најстарите камени мостови во земјата.
  • Ботаничка градина во Хан. Минден — арборетум.
  • Остатоци на градскиот бедем — изграден во текот на XII век (обновен во теко на XV век).[2]
  • Тилишанце (Tillyschanze) — кула за набљудување изградена во периодот 1881-1885 од граѓаните во чест на опсадата на градот од грофот Тили во 1626 година.[2]
  • Замок Велфен — првично изграден од војводата Ерик I во готски стил во 1501 година, како резиденција и како административна зграда. По неговото уништување од пожар во 1560 година, војводата Ерик II повторно го изградил во ренесансен стил. Јужното крило било повторно опожарено во 1849 година, но не било обновено.

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Хан. Минден е збратимен со следниве градови:

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Chisholm 1911, стр. 4.
  3. „Факултет за шумарство и екологија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-03-09.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]