Прејди на содржината

Ханс-Јоахим Хопе

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ханс-Јоахим Хопе (германски: Hans-Joachim Hoppe; р. 22 септември 1945 во Хилден кај Диселдорф) — македонист, политички научник, новинар и експерт за Источна Европа.

Студирал славистика и предавал на Келнскиот универзитет. Неговата дисертација се однесувала на германско-бугарските односи за време на Втората светска војна, издадена од Институтот за современа историја во Минхен 1979 г. Во таа книга исто така е разгледувана и депортацијата на Евреите од Македонија и бугарската окупациска политика во Македонија.

Исто така работел во „Институтот за источнонаучни и меѓународни студии“ во Келн. Тој e бил на повеќе јазични ceминаpи во Русија, Бугарија, Хрватска и Албанија. Тој е еден од првите Германци, којшто го научиле македонскиот јазик во 1967 на Загрепскиот универзитет.

Во септември 1997 бил набљудувач на ОБСЕ за време на изборите во Србија, во време кога претседател на СР Југославија бил Слободан Милошевиќ.[1]

Денес е публицист за Источна Европа и пишува редовно за мрежниот весник „Евроазиски Магазин“ (Eurasisches Magazin) и други весници.

Тој е член на немски Сојуз на историчарите на Источна Европа, на Југоисточноeвропскo друштво и на Германско-канадско друштво.

Творештво

[уреди | уреди извор]
  • Bulgarien - Hitlers eigenwilliger Verbündeter. Eine Fallstudie zur nationalsozialistischen Südosteuropapolitik (Бугарија - Хитлеров своеволен сојузник), студија од Институт за современа историја (Institut für Zeitgeschichte) во Минхен, 1979 г.
  • Die Situation der mittel- und südosteuropäischen Länder (Ситуациja во средноевропските и јужноевропските држави), во: Aussenpolitik (German Foreign Affairs Review), 2/1994, S.134-145.
  • Die politische Szene der Republik Makedonien (Политичката состојба во Република Македонија), Berichte des Bundesinstituts für ostwissenschaftliche und internationale Studien (публикации на „Институтот за источнонаучни и меѓународни студии“ во Келн), 47/1995.
  • Die politische Führung des Milosevic-Regimes (Политичкото раководство на режимот на Милошевиќ), Berichte des Bundesinstituts für ostwissenschaftliche und internationale Studien (публикации на „Институтот за источнонаучни и меѓународни студии“ во Келн), 26/1999.
  • Säson für Könige! Macht das bulgarische Modell Schule? (за Симеон Сакскобургготски премиер на Бугарија 2001-2005) во: Südosteuropa Mitteilungen. 3/2002, S. 54–66.
  1. Als Miloševic unterging, begann der Weg Jugoslawiens nach Westen - Wahlbeobachtungen am Ende des Regimes Архивирано на 11 март 2016 г. (с фотографите на изборна кампанија) Eurasisches Magazin, 1.8.2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]