Фурмантера
Formentera | |
---|---|
Знаме | |
Географија | |
Место | Средоземно Море |
Координати | 38°42′N 1°27′E / 38.700° СГШ; 1.450° ИГД |
Архипелаг | Питиуси, Балеарски Острови |
Површина | 83,24 км2 |
Највисоко место | 119 м |
Највисока точка | Ла Мола |
Држава | |
Автон. заедница | Балеарски Острови |
Најголема населба | Сант Франсеск Шавиер |
Демографија | |
Население | 11,891 (2021) |
Густина | 142,85 /km2 (36.998 /sq mi) |
Дополнителни податоци | |
Службени јазици: каталонски, шпански |
Фурмантера каталонски: Formentera) или Форментера и (шпански: Formentera) — најмалиот и најјужниот остров во групата Питиуски Острови (сочинета од Ибица Фурмантера и разни островчиња) во состав на автономната заедница Балеарски Острови, Шпанија. Зафаќа вкупна површина од 83,24 км2 и има 11.891 жители (2021).[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Се смета дека името на островот доаѓа од латинскиот збор frumentarium што значи „амбар“. Населен е уште од 2000–1600 г. п.н.е. Од тоа време се археолошките наоѓалишта во Ка на Коста,[2] на ’ртот Барбара (повеќе места)[3] и Кова дес Фум.[4] Со островот владееле Картагинците, а потоа Римјаните. Подоцна прешол во рацете на Визиготите, Византијците, Вандалите и Арапите. Во 1109 г. бил опустошен од норвешкиот крал Сигурд I кој ја предводел т.н. „Норвешка крстоносна војна“. Во XIII век бил освоен од кралот Јаков I Освојувачот и припоен кон Арагонската Круна. Подоцна станал дел од Кралството Мајорка.
Од 1403 г. до почетокот на XVIII век Фурмантера била ненаселена поради опасноста од берберските пирати.[5][6] На 17 јуни 1651 г. за време на Француско-шпанската војна, група шпански галии под водство на Јован Јосиф Австриски крај Фурмантера го заплениле францускиот брод „Лион курон“.
На 20 октомври 1529 г. се одиграл�� поморската Битка на Фурмантера помеѓу флотата на Османлиското Царство под раководство на Ајдин Рејс и силите на Шпанското Царство кои биле распоредени на островот.
Фурмантера и околните островчиња самоуправно се осамостоиле во 1977 г. Дотогаш биле под општинскиот совет на Ибица и Фурмантера (опфаќајќи ги сите Питиуски Острови), но во одделен округ (кој веќе ја покривал денешната општина Фурмантера).
Географија
[уреди | уреди извор]Главниот остров на Фурмантера е долг 19 км и сместен на 6 км јужно од Ибица во Средоземното Море. Низ него минува границата на Балеарското Море како северозападен елемент на Средоземното.[7] Позначајни села се Сант Франсеск Шавиер, Сант Феран де сес Рокес, Ел Пилар де ла Мола (на полуостровот Ла Мола) и Ла Савина.
Фурмантера е сочинета од една истоимена општина со население од 11.981 жители (2021). Зафаќа површина од 83,24 км2. Поделена е на неколку парохии (parròquies), кои пак се делат на месни заедници (véndes).
Северно од Фурмантера е островот Еспалмадор (Illa de s'Empalmador), втор по големина во општината и обиколен со мали островчиња. Еспалмадор е томболо, одвоен од Фурмантера со плиток спруд; при осека водата е доволно ниска што дозволува пешачење меѓу двата острова. Ова е популарно одморишно место за јахтите кои одат помеѓу Ибица и Фурмантера.
Клима
[уреди | уреди извор]Островот има степска клима со врели и многу суви лета и топли суви зими. Поради рамниот терен врнежите се ретки, а температурата е прилично рамномерна. Просечните годишни врнежи изнесуваат 370-420 мм. Просечната година има 2.883 сончеви часови.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Фурмантера е позната по убавите бели плажи и нудизмот.[8] Почнувајќи од 1960-тите станала популарно одредиште за хипиците.[9] На островот престојувале и твореле мноштво познати личности и групи од популарната култура и музика.
Иако местата на островот се добро поврзани со асфалтирани патишта и изнајмувањето на автомобили е лесно, многу посетители изнајмуваат мопеди и велосипеди поради рамниот терен и распространетоста на велосипедските патеки.
На Фурмантера има и четири одбранбени кули од типот мартело.[10]
Сообраќајни врски
[уреди | уреди извор]До островот се стигнува само со траект од Ибица кој таму има сопствен терминал.
Култура
[уреди | уреди извор]Мештаните користат месен говор на балеарскиот дијалект на каталонскиот јазик. Службени јазици се каталонскиот и шпанскиот, но летно време се слушаат англискиот, италијанскиот, германскиот, францускиот и холандскиот поради масовниот туризам.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црквата „Св. Франциск“
-
Сателитска снимка
-
Брегот кај Кала Саона
-
Островот Еспалмадор
-
Плажата Трукадорс
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Национален статистички институт, Мадрид, 2021.
- ↑ Ca na Costa, L’Enciclopèdia d’Eivissa i Formentera, посет. 16 април 2017 г.
- ↑ Cap de Barbaria, L’Enciclopèdia d’Eivissa i Formentera, посет. 16 април 2017 г.
- ↑ Cova des Fum, L’Enciclopèdia d’Eivissa i Formentera, посет. 16 април 2017 г.
- ↑ Bryant, Sue (јуни 2007). Ibiza and Formentera. New Holland Publishers. ISBN 9781845378141.[мртва врска]
- ↑ Syed, Muzaffar Husain; Akhtar, Syed Saud; Usmani, B. D. (14 септември 2011). Concise History of Islam (англиски). Vij Books India Pvt Ltd. ISBN 9789382573470.
- ↑ C.Michael Hogan. 2011. Balearic Sea. Encyclopedia of Earth. Eds. P.Saundry & C.J.Cleveland. National Council for Science and the Environment. Washington DC
- ↑ Mischke, Roland; Schwarz, Berthold (2001). Ibiza, Formentera. Nelles Verlag. стр. 91–. ISBN 978-3-88618-768-3.
- ↑ Stewart, James (18 јуни 2010). „Formentera: where the party's still chilled“. The Guardian. Посетено на 15 јуни 2015.
- ↑ Clements, Bill; Clements, William H. (2011). Martello Towers Worldwide. Casemate Publishers. стр. 56. ISBN 9781848845350. Посетено на 5 март 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Фурмантера“ на Ризницата ? |
- Фурмантера на Википатување (англиски)
- Совет на Фурмантера
- Службена страница на месната управа
- Фурмантера на Curlie (англиски)
|