Фрак
Фрак[1][2] — најсвечен црн вечерен костум за мажи, кој се носи на големи свечености и на приеми. Фракот се препознава по долгите скути одзади, а напред под струкот се исечени. Се носи преку штиркана бела кошула со јака што се вади и елек со бела пеперушка, на црни панталони со висок струк со црни лакирани чевли. Како моден додаток на фракот може да се носи шешир („цилиндер“) и бел шал.
Потекнува од 18 век кога се проширил од Англија на континентот. За време на владеењето на францускиот крал Луј XVI (1774 – 17992), фракот исто така бил судски свечен костум, а по Француската револуција, воена и службена униформа. Отпрвин, долг темен капут со тесен струк, фрак-мантилот е изработен во пастелни бои во ерата на романтичарите и добил грациозен облик: предниот дел е скратен, а две скути се веат во задниот дел. Со поедноставувањето на модата во втората половина на 19 век, фракот се изгубил како секојдневна граѓанска облека.