Филип Костиќ
Филип Костиќ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Филип Костиќ | ||
Роден на | 1 ноември 1992 | ||
Роден во | Крагуевац, Србија | ||
Држава | Србија | ||
Висина | м | 1,84||
Позиција | крило, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фенербахче | ||
Број | 18 | ||
Младинска кариера | |||
Раднички Крагуевац | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2012 | Раднички Крагуевац | 61 | (5) |
2012-2014 | Гронинген | 43 | (11) |
2014-2016 | Штутгарт | 59 | (8) |
2016-2018 | Хамбургер | 61 | (9) |
2018-2022 | Ајнтрахт Франкфурт | 129 | (18) |
2022- | Јувентус | 66 | (3) |
2024- | → Фенербахче | 5 | (3) |
Репрезентација | |||
2010-2011 | Србија 19 | 4 | (1) |
2013-2014 | Србија 21 | 8 | (2) |
2015- | Србија | 64 | (3) |
Филип Костиќ (роден на 1 ноември 1992 во Крагуевац) — српски фудбалер, крило на Фенербахче, на заем од Јувентус, и н�� српската репрезентација.
Технички карактeристики
[уреди | уреди извор]Како левак, тој ја започнал својата кариера како лево крило, но потоа бил преместен во улога на играч кој ја покрива целата лева страна во тимот за време на неговиот престој во Ајнтрахт Франкфурт.[1][2] Опремен со подвижност, бризна и физичка подготвеност, тој е играч кој подобро се снаоѓа во офанзивната отколку во дефанзивната фаза, каде е умешен пред се во давањето асистенции.[1][2] Со преку 50 асистенции во Бундеслигата, тој еден од најдобрите 30 играчи во овој статистички показател во историјата на лигата.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Роден во Крагуевац, својте први фудбалски чекори ги направил на шестгодишна возраст во фудбалската школа "Фитнес", а потоа преминал во најстариот клуб во градот Шумадија 1903 каде што ги поминал следните 3-4 години. Кога имал петнаест години, дошол во Раднички Крагуевац, клуб за кој дебитирал за првиот тим на 2 мај 2009 година против Будуќност Ваљево во третата лига на Србија. Во трите сезони во кои настапувал за првиот тим на Раднички, тој играл во три различни лиги освојувајќи две промоции со клубот кој стигнал од третата лига до Суперлигата на Србија.
Своето деби во Суперлигата на Србија го направил на 13 август 2011, во ремито 1-1 на гостувањето кај Војводина, а својот прв гол го постигнал четеринаесет дена подоцна во победата со 4-2 на гостувањето кај Јавор Ивањица. Во сезоната 2011-2012, Костиќ одиграл 27 натпревари во првенството и постигнал 3 гола.
Гронинген
[уреди | уреди извор]Во летото 2012 година, Костиќ го напуштил Раднички Крагуевац после 64 настапи и 5 гола за клубот. Неговиот трансфер во холандскиот Гронинген бил пропратен со еден од најголемите скандали во српскиот фудбал: холандскиот клуб објавил дека трансферот изнесувал 1,25 милиони евра, практично демантирајќи ги челниците на Раднички, кои преку соопштение истакнале дека 19-годишниот фудбалер си заминал од клубот за сума од 700.000 евра,[3] па српската полиција потоа ги привела потпретседателот, генералниот секретар и агентот на играчот под сомнение дека го оштетиле клубот за половина милион евра.[4] Своето деби за Гронинген го направил на 21 октомври 2012, во поразот со 3-0 на гостувањето кај Херенфен.[5]
Откако добил мала минутажа, Костиќ конечно почнал да покажува ветувачки потенцијал на почетокот на сезоната 2013-2014; тој го привлекол вниманието на медиумите откако одиграл брилијантен натпревар во кој имал една асистенција против НЕК,[6] а потоа на 25 август тој ја зголемил својата репутација на одличен додавач со двете асистенции против Го Ахед Иглс.[7] Конечно, на 20 октомври 2013 година, Костиќ го постигнал својот прв гол за Гронинген во победата со 1–0 против ПСВ Ајндховен.[8] Вкупно за Гронинген, Костиќ одиграл 41 натпревари и постигнал 12 голови.
Штутгарт и Хамбургер
[уреди | уреди извор]На 9 август 2014 година, Костиќ се преселил во Германија каде потпишал за екипата на Штутгарт.[9] Сумата на трансферот изнесувала 6 милиони евра плус 1 милион бонуси, а Гронинген освен овие средства добил право на 15% од следната продажба на играчот.[10] Дебитирал во Првата Бундеслига на 24 август, во ремито 1-1 против Борусија Менхенгладбах, заменувај��и го Александру Максим во последните 10-тина минути од тој натпревар. Својот прв гол за швабите го постигнал на 13 декември 2014, во ремито 1-1 на гостувањето кај Мајнц 05. По испаѓањето на Штутгарт од Првата Бундеслига во сезоната 2015-2016, Костиќ го напуштил клубот после две сезони поминати во него во кои одиграл 63 натпревари и постигнал 8 голови.
Во летото 2016 година, Хамбургер го купил Костиќ за 14 милиони евра, со што тој станал најскапиот трансфер во историјата на клубот.[11] Во својата прва сезона, србинот бил еден од клучните играчи на клубот. Тој постигнал 4 гола во текот на сезоната и му помогнал на клубот да стигне до четвртфиналето во Купот на Германија, каде што биле елиминирани од Борусија Менхенгладбах, додека во првенството каде Хамбургер грчевито се борел за опстанок, целта била постигната во последниот натпревар со победата со 2-1 на домашен терен против Волфсбург, во која Костиќ го постигнал израмнувачкиот гол за 1-1.[12] Следната сезона, Костиќ продолжил да игра добро и повторно бил еден од најдобрите играчи на Хамбургер, но овој пат клубот испаднал од Првата Бундеслига.
Ајнтрахт Франкфурт
[уреди | уреди извор]Откако изразил желба да го напушти Хамбургер бидејќи не сакал да се натпреварува во Втората Бундеслига,[13] на 20 август 2018 година, Костиќ се преселил на двегодишна позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.[14][15] По добрата сезона со клубот (кому му помогнал да стигне до полуфиналето на Лига Европа со 4 гола), тој бил откупен на 17 мај 2019 година за 6 милиони евра.
Во сезоната 2020-2021, Костиќ бил втор најдобар асистент во Бундеслигата со 14 асистенции, 4 помалку од Томас Милер од Бајерн Минхен.[16]
На 14 април 2022 година, Костиќ постигнал два гола во победата на Ајнтрахт над Барселона со 3–2 на Камп Ноу, со што им помогнал на германците со вкупни 4–3 да се пласираат во полуфиналето на Лига Европа.[17] На 18 мај истата година, тој го започнал финалето на Лига Европа против Ренџерс кое завршило нерешено 1-1 во регуларниот дел и по продолженијата, по што се стигнало до изведување пенали, каде Костиќ бил еден од прецизните изведувачи за победничката екипа. Последователно, како резултат на неговите одлични игри тој бил прогласен за играч на сезоната во Лига Европа.[18]
Јувентус
[уреди | уреди извор]На 12 август 2022 година, Костиќ потпишал четиригодишен договор со Јувентус.[19]
Фенербахче
[уреди | уреди извор]На 9 септември 2024 година, Костиќ му се приклучи на турскиот клуб Фенербахче на заем до крајот на сезоната.[20]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Костиќ играл за Србија во селекциите под 19 години и под 21 година.[21] Во баражот од квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година 2015, тој го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение против Шпанија со кој ја одвел својата земја на првенството кое се одиграло во Чешка.[22] Сепак, тој не настапил на тоа првенство, бидејќи добил повик во сениорската репрезентација
На 7 јуни 2015 година, Костиќ го направил своето деби за сениорска репрезентација на Србија против Азербејџан во пријателски натпревар во Санкт Пелтен, Австрија, во кој орлите победиле со 4–1.[23] Тој го одигра својот прв натпреварувачки натпревар за Србија на 13 јуни 2015, против Данска во квалификациите за Европското првенството 2016.[24] На 5 септември 2016 година, го постигнал својот прв гол за својата земја во ремито 2–2 против Ирска.
Во јуни 2018 година, тој бил избран во составот на српската репрезентација за Светското првенство 2018,[25] каде ги одиграл сите три натпревари од групната фаза по која неговата репрезентација била елиминирана.[26][27][28]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 11 август 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2009-2010 | Раднички Крагуевац | СЛЗ | 5 | 0 | КС | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 5 | 0 |
2010-2011 | ПЛ | 30 | 2 | КС | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 2 | |
2011-2012 | СЛ | 27 | 3 | КС | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 29 | 3 | |
Вкупно Раднички Крагуевац | 62 | 5 | 2 | 0 | - | - | - | - | 64 | 5 | |||||
2012-2013 | Гронинген | ЕД | 5+2[29] | 0 | КХ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 7 | 0 |
2013-2014 | ЕД | 34+4[29] | 9+2[29] | КХ | 3 | 1 | - | - | - | - | - | - | 41 | 12 | |
јул.-авг. 2014 | ЕД | 0 | 0 | CO | 0 | 0 | ЛЕ | 2 | 0 | - | - | - | 2 | 0 | |
Вкупно Гронинген | 39+6 | 9+2 | 3 | 1 | 2 | 0 | - | - | 50 | 12 | |||||
2014-2015 | Штутгарт | 1Б | 29 | 3 | КГ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 3 |
2015-2016 | 1Б | 30 | 5 | КГ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 33 | 5 | |
Вкупно Штутгарт | 59 | 8 | 4 | 0 | - | - | - | - | 63 | 8 | |||||
2016-2017 | Хамбургер | 1Б | 31 | 4 | КГ | 4 | 0 | - | - | - | - | - | - | 35 | 4 |
2017-2018 | 1Б | 30 | 5 | КГ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 5 | |
Вкупно Хамбургер | 61 | 9 | 4 | 0 | - | - | - | - | 65 | 9 | |||||
2018-2019 | Ајнтрахт Франкфурт | 1Б | 34 | 6 | КГ | 0 | 0 | ЛЕ | 12 | 4 | - | - | - | 46 | 10 |
2019-2020 | 1Б | 33 | 4 | КГ | 3 | 3 | ЛЕ | 15[30] | 5[31] | - | - | - | 51 | 12 | |
2020-2021 | 1Б | 30 | 4 | КГ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | 4 | |
2021-2022 | 1Б | 31 | 4 | КГ | 0 | 0 | ЛЕ | 12 | 3 | - | - | - | 43 | 7 | |
јул.-авг. 2022 | 1Б | 1 | 0 | КГ | 1 | 0 | ЛШ | - | - | СУ | - | - | 2 | 0 | |
Вкупно Ајнтрахт Франкфурт | 129 | 18 | 4 | 3 | 39 | 12 | - | - | 172 | 33 | |||||
авг. 2022-2023 | Јувентус | А | 0 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | - | - |
Вкупно во кариерата | 351 | 51 | 17 | 4 | 41 | 12 | - | - | 409 | 67 |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Ајнтрахт Франкфурт
[уреди | уреди извор]- Лига Европа : 1
- 2021-2022
Јувентус
[уреди | уреди извор]- Куп на Италија : 1
Индивидуални
[уреди | уреди извор]- Играч на сезоната во УЕФА Лига Европа : 2021-2022
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Juve su Kostic: tutto sul miglior crossatore della Bundesliga“. Занемарен непознатиот параметар
|accesso=
(се препорачува|access-date=
) (help) - ↑ 2,0 2,1 „Inter, occhi su Kostic: l'esterno sinistro ideale per il 3-5-2 di Conte“. Посетено на 2021-06-10.
- ↑ Гронинген демантује Раднички: Костић је плаћен 1,25 милиона
- ↑ КРАГУЈЕВАЦ: Приведено пет особа, међу њима и двојица градских функционера
- ↑ B92 Sport (Serbian): Filip Kostić debitovao za Groningen 21 October 2012
- ↑ [1] Архивирано на 17 декември 2014 г. Sportske: Živković strelac, Kostić asistent – 4 August 2013 (на српски)
- ↑ [2] Архивирано на 17 декември 2014 г. Sportske: Kostić asistirao, Groningen do boda – 25 August 2013 (на српски)
- ↑ [3] Архивирано на 17 декември 2014 г. Sportske: Kostić srušio PSV! (на српски) 20 October 2013
- ↑ „Званично - Филип Костић је нови играч Штутгарта“. Архивирано од изворникот на 2016-08-27. Посетено на 2022-08-11.
- ↑ „Transfer Kostic naar VfB Stuttgart afgerond“. fcgroningen.nl (холандски). FC Groningen. 9 August 2014. Архивирано од изворникот на 10 August 2014. Посетено на 9 August 2014.
- ↑ Busy summer fuels expectations for Hamburg. Deutsche Welle, 18 August 2016
- ↑ „2:1-Sieg gegen Wolfsburg - HSV hält die Klasse!“. hsv.de. 20 мај 2017. Посетено на 12 август 2022.
- ↑ „VN- Kostic vuole lasciare Amburgo, Firenze piazza molto gradita - Viola News“. 2018-06-01. Архивирано од изворникот на 2018-10-05. Посетено на 2018-10-04.
- ↑ „Filip Kostic auf Leihbasis zu Eintracht Frankfurt“ (германски). Посетено на 2021-06-10.
- ↑ „Eintracht Frankfurt sign Filip Kostić“ (германски). 20 август 2018. Архивирано од изворникот на 2018-08-21. Посетено на 4 октомври 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Thomas Müller crowned 2020/21 Bundesliga's assist king“. Bundesliga.
- ↑ „Frankfurt's Filip Kostic doubles up to dump Barcelona out of Europa League“. The Guardian. 14 April 2022. Посетено на 15 April 2022.
- ↑ Filip Kostić igrač sezone!
- ↑ Juventus.com. „Official | Filip Kostić signs for Juventus! - Juventus“. Juventus.com (англиски). Посетено на 2022-08-12.
- ↑ „Filip Kostic joins Fenerbahce on loan“. Juventus.com. 9 September 2024. Посетено на 9 September 2024.
- ↑ Filip Kostić at Srbijafudbal
- ↑ „Superb Serbia end Spain reign“. uefa.com. UEFA. 14 October 2014. Посетено на 14 October 2014.
- ↑ „Ubedljiva pobeda: Srbija – Azerbejdžan 4:1 (1:1)“. fss.rs (српски). Football Association of Serbia. 7 June 2015. Посетено на 7 June 2015.
- ↑ „Poulsen and Poulsen score as Denmark see off Serbia“. uefa.com. UEFA. 13 June 2015. Посетено на 13 June 2015.
- ↑ „World Cup 2018: All the confirmed squads for this summer's finals in Russia“. BBC Sport. 4 June 2018. Посетено на 25 June 2018.
- ↑ Timothy Abraham (17 June 2018). „Costa Rica 0–1 Serbia“. BBC Sport. Посетено на 25 June 2018.
- ↑ Matthew Henry (23 June 2018). „Serbia 1–2 Switzerland“. BBC Sport. Посетено на 25 June 2018.
- ↑ Andrew Das (27 June 2018). „World Cup: Brazil cruises into next round with easy victory“. The New York Times. Посетено на 27 June 2018.
- ↑ 29,0 29,1 29,2 Во плејофот.
- ↑ 5 настапи во квалификациските кола
- ↑ 3 гола во квалификациските кола