Фарел
Фарел
Varel | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Фризија |
Градски единици | 32 |
Градоначалник | Герд-Кристијан Вагнер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 113,53 км2 |
Надм. височина | 0 - 12 м |
Население | 24.397 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 215 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FRI |
Пошт. бр. | 26316 |
Повик. бр. | 04451 |
Портал | www.varel.de |
Местоположба на градот Фарел во рамките на округот Фризија | |
![]() | |
Координати | 53°23′49″N 8°08′10″E / 53.39694°N 8.13611°E |
Фарел (германски: Varel) — град во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу реката Јаде и Јадскиот Залив, околу 15 километри јужно од слободниот град Вилхелмсхафен. Тој претставува најголем град во округот Фризија.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Фарел се наоѓа јужно од Јадскиот Залив на Северното Море. Источно од Фарел тече реката Вапел, која се влива во Јаде.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Фарел на исток се граничи со општината Јаде во округот Везермарш. На југ се граничи Фарел со општините Раштеде и Вифелштеде во округот Амерланд, а на запад со општината Бокхорн. Фарел се наоѓа на крајниот југоисток од округот Фризија.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Фарел е составен од 21 градска единица, како што се местата: Алтјирден, Боргштеде, Бипел, Дангаст, Дангастермор, Гриненкамп, Хоелухт, Хоенберге, Јерингхафе, Јетхаузен, Лангендам, Морхаузен, Нојдорф, Нојенвеге, Обенстрое, Раленбишен, Розенберг, Зегхорн, Штрек и Винкелсхајде.
Други помали места се Алмзе, Брамлоге, Бруне, Јетхаузермор, Логемор, Плагенкруг, Ралинг, Ротенхан, Шварценберг, Танге, Фарелер Шлојзе и Вилкенхаузен.
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]
Градскиот совет се состои од 32 избрани членови, иако треба да има 34 члена за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.[2] На заклучок на Градскиот совет овој број е намалена за два члена. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[3]
Партија | Удел на гласови | Број на места | Разлика (гласови) | Разлика (места) |
---|---|---|---|---|
SPD | 27,27 % | 9 | −2,56 % | −1 |
CDU | 19,65 % | 6 | − | 2,10 %−1 |
Иднина Фарел | 28,62 % | 9 | +13,36 % | +4 |
Grüne | 9,18 % | 3 | − | 1,65 %0 |
BBV | 4,25 % | 1 | − | 1,33 %−1 |
FDP | 4,59 % | 1 | + | 1,07 %0 |
Die Linke | 2,43 % | 1 | + | 0,59 %+1 |
Независен Брајтенфелт | 2,03 % | 1 | + | 2,03 %+1 |
Независен Вестерман | 1,92 % | 1 | + | 1,92 %+1 |
Градоначалник
[уреди | уреди извор]На последните избори за градоначалник на 16 јуни 2014 година бил избран Герд-Кристијан Вагнер (SPD).
- Список на поранешни градоначалници
- 1945–1946: Адолф Хајденрајх, SPD
- 1946–1948: Бернхард Албрехтс, FDP
- 1948–1949: Адолф Хајденрајх, SPD
- 1949–1950: Бернхард Албрехтс, FDP
- 1950–1952: Адолф Хајденрајх, SPD
- 1952–1961: Карл Нирад, CDU
- 1961–1976: Вилхелм Каман, SPD
- 1976–1981: Карлхајнц Бекер, CDU
- 1981–1996: Карл-Хајнц Функе, SPD
- 1997–2001: Ханс Фабијан, SPD
- 2001–2006: Волфганг Буш, SPD
- од 2006: Герд-Кристијан Вагнер, SPD
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Фарел е збратимен со следниве градови:
Црквата во Фарел
[уреди | уреди извор]Црквата на замокот или Шлоскирхе е најстарата градба во Фарел. Првиот дел на црквата се верува дека бил подигнат во 1144 година.[4] Камбанаријата била додадена помеѓу 1200 и 1250 година, првично како две кули, кои биле обновени во денешниот облик во 1651 и потоа во 1737 година. Олтарот е висок скоро 10 метри и е еден од најважните дела на северногерманскиот манеризам.
Пред протестантската реформација, светец на црквата бил Свети Петар. Денес, црквата е лутеранска и нема светец на кој е посветена. Црквата порано била една од градбите на замокот, кој бил срушен во XIX век.
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Шарлот Софи Бентинк (1715–1800) — грофица на Фарел
- Јохан Герхард Онкен (1800–1884) — основач на баптистите во Европа
- Лотар Мајер (1830–1895) — хемичар
- Оскар Емил Мајер (1834–1909) — физичар
- Фредерик Лудвиг Хофман (1865–1946) — статистичар
- Вилхелм Хегелер (1870–1943) — писател
- Карл Карлс (1880–1958) — шахист
- Ерих Хекел (1883–1979) — сликар
- Карл Шмит-Ротлуф (1884–1976) — сликар
- Фридрих Вегенер (1907–1990) — патолог
- Хилдегард Беренс (1937–2009) — пејач
- Инес Фаренкамп (р. 1963) — велосипедист
- Маркус Ајхлер (р. 1982) — велосипедист
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Железничката станица
-
Пристаништето
-
Градската црква
-
Ветерница
-
Градската шума
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 9. Dezember 2011.
- ↑ Stadt Varel – Gesamtergebnis Stadtratswahl 2016, abgerufen am 9. November 2016.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 4 March 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Фарел“ на Ризницата ? |
- Матична страница
(германски)
|
|