Фазли Велиу
Фазли Велиу Fazli Veliu | |
---|---|
Прекари | Даја |
Род | ОВК ОНА |
Битки/војни | Косовска војна Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Роднини | Вујко на Али Ахмети |
Фазли Велиу (албански: Fazli Veliu) е роден на 1 април 1945 година во село Колари, Кичевско. Завршил албански јазик и литература во Приштина.
Емигрирал во Швајцарија во 1968 година[1]. Се поврзал со Кадри Зека и браќата Јусув Гарвала и Бардош Гарвала за подготвување на соединување на четири албански антијугословенски групи од кои ќе се роди (ДАСРЈ) „Движење за Албанска Социјалистичка Република на Југославија“. Во 1985 година тоа движење станало познато како Народно движење за Република Косово.
Фатен во Германија од Интерпол по барање за тероризам од Македонија (еден од организаторите на групата бомбаши), но со помош на министерот за правда Џевдет Насуфи тој не бил екстрадиран. Тој бил еден од творците на ОНА, како и политички претставник на истата.
На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна список на граѓани[2], а на 27 јули е ставен ѝ на списокот на американскиот претседател Џорџ Буш[3].
По крајот на конфликтот во Македонија, тој согласно новиот закон за амнестија, бил ослободен кривично[4]..
Фазли Велиу е познат е по прекарот „Даја". Фазли Велиу е вујко на Али Ахмети.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 82
- ↑ „македонска црна листа“. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2010-12-25.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2011-02-16.
- ↑ „А1 телевизија: Амнестирани Ахмети, Велиу и Шаќири“. Посетено на 16 февруари 2011.