Унгарска работничка народна партија
Унгарска работничка народна партија Magyar Dolgozók Pártja | |
---|---|
Прв водач | Маќаш Ракоши |
Последен водач | Јанош Кадар |
Основана | 14 јуни 1948 |
Распуштена | 31 октомври 1956 |
Спојувајќи ги | Унгарска комунистичка партија и Социјал-демократска партија на Унгарија |
Насленик | Унгарска социјалистичка работничка партија |
Идеологија | комунизам, марксизам-ленинизам |
Меѓународна припадност | Информбиро |
Знаме | |
[[Политика на Унгарија]] [[Список на политички партии во Унгарија|Политички партии]] [[Избори во Унгарија|Избори]] |
Унгарска работничка народна партија (унгарски: Magyar Dolgozók Pártja) или скратено УРНП (унгарски: MDP) — владејачка комунистичка партија во Унгарија во периодот од 1948 до 1956 година. Партијата била основана со спојувањето на Унгарската комунистичка партија и Социјал-демократската партија на Унгарија.[1] Ориентацијата на партијата била за тесен сојуз на Унгарија со СССР и истата ја поддржувала марксистичко-ленинистичката идеологија во нејзината сталинистичка варијанта. Партијата фактички се распаднала и била званично распуштена за време на Унгарската револуција од 1956 година. Нејзин наследник станала Унгарска социјалистичка работничка партија.
Раководители на партијата
[уреди | уреди извор]- Претседател
- Арпад Сакашич (12 јуни 1948 — април 1950).
- Генерален секретар на Централниот комитет
- Маќаш Ракоши (12 јуни 1948 — 28 јуни 1953).
- Прв секретар на Централниот комитет
- Маќаш Ракоши (28 јуни 1953 — 21 јули 1956);
- Ерно Геро (21 јули — 25 октомври 1956); и
- Јанош Кадар (25—30 октомври 1956).
Партиски конгреси
[уреди | уреди извор]Партијата ги одржала следните конгреси:
- Обединувачки конгрес (13—14 јуни 1948, Будимпешта) — партијата била основана;
- II конгрес (28 февруари — 2 март 1951, Будимпешта) — одлучено било значително зголемување на контролните броеви во првиот петгодишен план (1950—1954); и
- III конгрес (24—30 мај 1954, Будимпешта) — поднесени биле резултатите од првиот петгодишен план, биле одобрени контролните броеви во вториот петгодишен план(1955—1959) и било дискутирано прашањето за народниот фронт.
По создавањето на Унгарската социјалистичка работничка партија, конгресите продолжиле да се бројат како IV, V, VI итн.
Број на членови
[уреди | уреди извор]Во 1948 година, вкупното членство на партијата изнесувало околу 1 милион, а во 1949 истото се намалило на околу 900 илјади членови.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Neubauer, John, and Borbála Zsuzsanna Török. The Exile and Return of Writers from East-Central Europe: A Compendium. New York: Walter de Gruyter, 2009. p. 140