Турски тетовски дијалект
Турскиот тетовски дијалект или турскиот тетовски говор е дијалект на турскиот јазик кој се зборува во Тетово и од страна на значајна турска заедница во Теарце. Дијалектот спаѓа во групата на северозападните турски говори во Македонија. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“.[1]
Распространетост
[уреди | уреди извор]Тетовскиот дијалект се зборува од турското население во Тетово, како и во селото Теарце. Во останатите села од тетовскиот крај нема значајно турско население.[1]
Особини
[уреди | уреди извор]Тетовскиот дијалект, како дел од северозападните дијалекти, споделува голем број заеднички одлики со соседните говори, како и пошироките румелиски говори на турскиот јазик. Како и да е, овој дијалект има одредени особини кои го издвојуваат од околните говори, особено на фонетско ниво.[1]
Фонолошки особини
[уреди | уреди извор]Одредени фонолошки особини на дијалектот се:[1]
- во дијалектот се среќаваат сите гласови кои се присутни во стандардниот турски јазик, освен гласот “?” и гласови позајмени од македонскиот јазик.
- Наместо “?” се употребува вокалот “o”, а во другите случаи вокалот “u”
- кај повеќесложните зборови наместо вокалите i, ?, u доаѓа вокалот i
- кај повеќесложните зборови тесните вокали во вториот или другите и затворените слогови вокалот i преминува во вокалот ?
- староосманското g се пази во сите позиции
- о средината на зборот помеѓу два вокали место консонантот c (џ) доаѓа консонантот j (ж): geje<gece,
Морфолошки особини
[уреди | уреди извор]Одредени морфолошки особини во дијалектот се:[1]
- наместо наставката за сегашно време –yor се употребува –y
- наместо наставката за идно време –acak/-ecek се употребува –ejek
- кај трето лице еднина при минато неопределено свршено време наставката –mi? доаѓа секогаш наместо другите варијанти како што се –m??
- прашалната наставка се јавува само во формата mi: k???g?ni mi<k?????n? m?, yok mi<yok mu