Прејди на содржината

Тунгуски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тунгуски јазици
Географска
распространетост:
Русија (Сибир), Кина (Манџурија)
Класификација:алтајски (спорно)[1]
  • тунгуски јазици
Гранки:
северни
јужни
ISO 639-5:tuw
Географска распространетост на јазиците.

Тунгуските јазици се јазично семејство кое се зборува во источен Сибир во Русија и во Манџурија во Кина. Поголем број од јазиците се загрозени и иднината на семејството е несигурна. Традиционално, јазичарите ги сметаат тунгуските јазици за дел од алтајските јазици, заедно со туркиските и монголските јазици.

Јазичарите кои работаат на тунгуските јазици предложиле поголем број класификации засновани на различни критериуми, меѓу кои морфологијата, лексиката и фонологијата. Најприфатлива класификација на тунгуските јазици е таа на јужни и северни тунгуски јазици (Георг, 2004):

северни
јужни

Особености

[уреди | уреди извор]

Тунгуските јазици се аглутинативни јазици. Некои од јазиците имаат сложен падежен систем и сложени системи за времето и аспектот. Исто така, јазиците имаат сложен систем на гласовна хармонија. Исто така, покрај граматичките сличности, овие јазици споделуваат и сличен зборовен фонд.

Сродност со останатите јазични семејства

[уреди | уреди извор]

Традиционално, тунгуските јазици биле сврзувани со туркиските и монголските јазици од јазичното семејство на алтајски јазици. Според други тези, тунгуските јазици можеби се сродни со ајнски, корејскиот и јапонските јазици.

  1. Lewis, 2009 (Altaic).

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Kane, Daniel. The Sino-Jurchen Vocabulary of the Bureau of Interpreters. Indiana University Uralic and Altaic Series, Volume 153. Bloomington, Indiana: Indiana University Research Institute for Inner Asian Studies, 1989. ISBN 0-933070-23-3.
  • Lewis, M. Paul (ed.). "Altaic" in Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International, 2009. ISBN 978-1-55671-216-6.
  • Miller, Roy Andrew. Japanese and the Other Altaic Languages. Chicago: The University of Chicago Press, 1971.
  • Poppe, Nicholas. Vergleichende Grammatik der Altaischen Sprachen [A Comparative Grammar of the Altaic Languages]. Wiesbaden: Otto Harrassowitz, 1960.
  • Tsintsius, Vera I. Sravnitel'naya Fonetika Tunguso-Man'chzhurskikh Yazïkov [Comparative Phonetics of the Manchu-Tungus Languages]. Leningrad, 1949.
  • Stefan Georg. "Unreclassifying Tungusic", in: Carsten Naeher (ed.): Proceedings of the First International Conference on Manchu-Tungus Studies (Bonn, August 28 – September 1, 2000), Volume 2: Trends in Tungusic and Siberian Linguistics, Wiesbaden: Harrassowitz, 45-57

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]