Трихуријаза
Трихуријаза | |
---|---|
Life cycle of Trichuris trichiura. | |
Специјалност | Заразна болест |
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Трихуријаза, позната и како инфекција од нематодни црви, е инфекција предизвикана од паразитски црв Trichuris trichiura (нематоден паразитски црв).[1] Ако инфекцијата е предизвикана од неколку црви, тогаш нема никакви симптоми.[2] Оние кои се инфицирани со многу црви, можно е да имаат стомачна болка, замор и дијареја.[2] Понекогаш дијарејата содржи крв.[2] Инфекциите кај децата може да предизвикаат слаб интелектуален и физички развој.[2] Може да дојде до ниски граници на црвени крвни клетки поради загубата на крв.[1]
Причинители
[уреди | уреди извор]Болеста најчесто се шири кога луѓето јадат храна или пијат вода во која има јајца од овие црви.[2] Ова може да настане кога загадениот зеленчук не е убаво исчистен или приготвен.[2] Овие јајца често се во почвата на места каде луѓето вршат физиолошка потреба во природа и каде необработениот човечки измет се користи каковештачко ѓубриво.[1] Овие јајца потекнуваат од изметот на инфицираните луѓе.[2] Децата кои играат со ваквата почва и ги ставаат рацете во уста, лесно може да се инфицираат.[2] Црвите живеат во дебелото црево и се долги четири сантиметри.[1] Нематодниот, паразитски црв се дијагностицира со гледање на јајцата кога се испитува столицата под микроскоп.[3] Јајцата имаат форма на цилиндар.[4]
Превенција и лекување
[уреди | уреди извор]Превенцијата се прави со правилно приготвување на храната и миење на рацете пред да започнете со готвење.[5] Другите мерки вклучуваат подобрен пристап до канализација како што е употребата на функционални и чисти тоалети,[5] како и пристап до чиста вода.[6] На места од светот каде што инфекциите се појавуваат, многу често цели групи на луѓе се лечат наеднаш и регуларно.[7] Третманот трае три дена, во кои се земаат лековите: албендазол, мебендазол или ивермектин.[8] Луѓето често се заразуваат по третманот.[9]
Епидемиологија
[уреди | уреди извор]Инфекцијата од нематодни, паразитски црви инфицира од 600 милиони до 800 милиони луѓе низ светот.[1][10] Најчеста е во тропските земји.[7] Кај земјите во развој, оние кои се заразени со нематодни, паразитски црви многу често имаат инфекции од анкилостома и аскаријаза .[7] Тие имаат огромен ефект врз економијата на многу земји.[11] Се прават напори за откривање на вакцина против болеста.[7] Трихуријазата се смета за запоставена тропска болест.[12]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Parasites - Trichuriasis (also known as Whipworm Infection)“. CDC. January 10, 2013. Посетено на 5 March 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „Soil-transmitted helminth infections Fact sheet N°366“. World Health Organization. June 2013. Посетено на 5 March 2014.
- ↑ „Parasites - Trichuriasis (also known as Whipworm Infection) Diagnosis“. CDC. January 10, 2013. Посетено на 20 March 2014.
- ↑ Duben-Engelkirk, Paul G. Engelkirk, Janet (2008). Laboratory diagnosis of infectious diseases : essentials of diagnostic microbiology. Baltimore: Wolters Kluwer Health/Lippincott Williams & Wilkins. стр. 604. ISBN 9780781797016.
- ↑ 5,0 5,1 „Parasites - Trichuriasis (also known as Whipworm Infection) Prevention & Control“. CDC. January 10, 2013. Посетено на 20 March 2014.
- ↑ Ziegelbauer, K; Speich, B; Mäusezahl, D; Bos, R; Keiser, J; Utzinger, J (Jan 2012). „Effect of sanitation on soil-transmitted helminth infection: systematic review and meta-analysis“. PLoS medicine. 9 (1): e1001162. doi:10.1371/journal.pm1001162. PMC 3265535. PMID 22291577.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Bethony, J; Brooker, S; Albonico, M; Geiger, SM; Loukas, A; Diemert, D; Hotez, PJ (May 6, 2006). „Soil-transmitted helminth infections: ascariasis, trichuriasis, and hookworm“. Lancet. 367 (9521): 1521–32. doi:10.1016/S0140-6736(06)68653-4. PMID 16679166.
- ↑ „Parasites - Trichuriasis (also known as Whipworm Infection): Resources for Health Professionals“. CDC. January 10, 2013. Посетено на 5 March 2014.
- ↑ Jia, TW; Melville, S; Utzinger, J; King, CH; Zhou, XN (2012). „Soil-transmitted helminth reinfection after drug treatment: a systematic review and meta-analysis“. PLoS neglected tropical diseases. 6 (5): e1621. doi:10.1371/journal.pntd.0001621. PMC 3348161. PMID 22590656.
- ↑ Fenwick, A (Mar 2012). „The global burden of neglected tropical diseases“. Public health. 126 (3): 233–6. doi:10.1016/j.puhe.2011.11.015. PMID 22325616.
- ↑ Jamison, Dean (2006). Disease control priorities in developing countries. Helminth Infections: Soil-transmitted Helminth Infections and Schistosomiasis (2. изд.). New York: Oxford University Press. стр. Chapter 24. ISBN 9780821361801.
- ↑ „Neglected Tropical Diseases“. cdc.gov. June 6, 2011. Посетено на 28 November 2014.