Трифора
Трифора (италијански: trifora) — вид на прозорско окно вертикално поделено на три еднакви дела. Секој дел е натсводен со лак, а понекогаш и целата трифора со еден дополнителен лак, при што во просторот меѓу трите помали лакови и големиот лак често се наоѓаат декоративни елементи.
Трифорите поретко се употребувале од бифорите и монофорите. Се појавиле во времето на романиката, најмногу се користеле во времето на готиката, а многу малку во ренесансата. После тоа биле скоро заборавени, а повторно се враќаат во архитектурата во XIX век, во времето на историзмот и повторната популаризација на готиката и романиката.
Овој вид прозорска рамка вообичаено се користел за поголеми отвори на горните катови. Најчесто трифорите се граделе на завршните катови на камбанариите, бидејќи големите отвори на трифорите ја смалувале масата на камбанаријата, па истата можела да достигне поголеми висини.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Монофори, бифори и трифори на камбанаријата на манастирот Св. Ѓорѓи во Неготино
-
Бифори и трифори на камбанаријата на црквата Св. Архангел Михаил во Теово
-
Монофори и трифори на камбанаријата на црквата Св. Димитрије во Скопје