Прејди на содржината

Тодор Чаловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Чаловски
Роден 23 август 1945
Гостивар, ДФ Македонија, ДФ Ј��гославија
Починал 15 јуни 2015(2015-06-15) (возр. 69)
Скопје, Македонија

Тодор Чаловски (Гостивар, 23 август 1945 - Скопје, 15 јуни 2015) — македонски поет, литературен критичар, есеист и преведувач.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Куќата во Галичник во која живеел.

Чаловски е роден е на 23 август 1945 година во Гостивар. Основно образование завршил во Галичник, гимназија во Скопје и Гостивар, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во весниците „Студентски збор“, „Вечер“ и „Нова Македонија“, во Радио Скопје, како уредник на Културна редакција и на Сектор за култура, литература и уметност, а бил и заменик-одговорен уредник на Радио 2000. Потоа работел како уредник-коментатор во Македонското радио. Учествувал во уредувањето на списанијата „Белези“ и „Разгледи“, а бил главен уредник на ревијата на ДПМ „Стожер“. Бил секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија и член на Советот на СВП. Основач е на Книжевната колонија во Галичник. Починал во Скопје на 15 јуни 2015 година.[2]

Книжевно творештво

[уреди | уреди извор]
  • Ноќ во која те нема (поезија, 1969)
  • Ноќен часослов (поезија, 1971)
  • Сердарски болести (поезија, 1975)
  • Ѕвезда во човека (поезија, 1981)
  • Јадро (поезија, 1984)
  • Праг (поезија, 1988)
  • Маѓосна меѓа (поезија, 1989)
  • Прониз (поезија, 1994)
  • Дарови (поезија, 1994)
  • Галица (поезија, 1996)
  • Будна куќа (поезија, 1998)
  • Песни (1998)
  • Критички видувања (есеи и критики, 1998)
  • Глас крепител (поезија, 2000)

Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Млад борец“, „Студентски збор“, „Младост“ (Белград), БИД „Мисирков“, „Григор Прличев“ (за препев) и Награда за најдобра критика на годината во Македонија.

{{наводи}]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр.2379 - 280.
  2. Почина писателот Тодор Чаловски. Архивирано од изворникот на 2015-06-17. Посетено на 2015-06-16.