Прејди на содржината

Тервел (град)

Координати: 43°44′55″N 27°24′23″E / 43.748579° СГШ; 27.406475° ИГД / 43.748579; 27.406475
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тервел
Тервел
град
Поглед на црквата „Свети Георгиј Победоносец“ во Тервел
Поглед на црквата „Свети Георгиј Победоносец“ во Тервел
Тервел is located in Бугарија
Тервел
Тервел
Местоположба на Тервел во Бугарија
Координати: 43°44′55″N 27°24′23″E / 43.748579° СГШ; 27.406475° ИГД / 43.748579; 27.406475
ЗемјаБугарија
ОбластДобрич
ОпштинаТервел
Управа
 • ГрадоначалникСимеон Симеонов (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна43,59 км2 (16,83 ми2)
Надм. вис.&10000000000000201000000201 м
Население (2022)
 • Вкупно6.375
 • Густина150/км2 (380/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код9450
Повик. бр.+359 05751
Мреж. местоtervel.bg

Тервел (бугарски: Тервел) — град во Северозапдна Бугарија, административен центар на општината Тервел во Добричката Област. Има население од околу 6.283 жители (2022).[1]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во историскиот регион Јужна Добруџа на 44 километри северозападно од регионалниот центар Добрич и на 49 километри јужно од Силистра.

Историја

[уреди | уреди извор]

Старото отоманско име на градот било Куртбунар („бунар на волците“). Првпат селото било споменато во османлиските даночни регистри од 1673 година, иако областа била постојано населена уште од антиката од племената на Гетите на Тракијците, потоа Словените и Прбугарите и сочинувале дел од Бугарската држава во поголемиот дел од средниот век. Во 1878 година, Куртбунар станал дел од новоослободеното Кнежевство Бугарија. Селото било дел од Романија заедно со цела Јужна Добруџа помеѓу 1913 и 1940 година. Во 1940 година цела Јужна Добруџа била вратена во рамките на Бугарија. Современото бугарско име му оддава чест на бугарскиот хан Тервел, успешен бугарски монарх од 8 век. Поранешното село е прогласено за град во јануари 1960 година.

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]