Струмичко-радовишка Котлина
Струмичко-радовишка Котлина | |
---|---|
Поглед на Струмичкото Поле од падините на Беласица | |
Надм. висина | 200 |
Географија | |
Местоположба | Република Македонија, |
Нас. места | Струмица, Радовиш |
Струмичко-радовишка Котлина — котлина во југоисточниот дел на Република Македонија[1], по горниот и средниот дел од сливот на река Струмица, во подрачјата околу градовите Струмица и Радовиш. Зафаќа површина од 1.482 км2, а надморската височина се движи од 200 м до 1.881 м.
Настанок
[уреди | уреди извор]Котлината е настаната тектонски, со спуштање на земјиштето долж раседните линии помеѓу планините Беласица на југ, Огражден, Плачковица и Готен на север и Плауш и Смрдеш на запад.[2]
Опис
[уреди | уреди извор]Котлината се дели на три дела: Струмичко, Радовишко и Дамјанско Поле. Рамничарскиот дел има должина од 200 до 500 м и зафаќа површина од 29.000 ха (290 км2). Највисоко е Дамјанското Поле, а најниско е Струмичкото.
На север, кон планината Огражден најдолниот дел од котлината се извишува. На запад котлината е поврзана со малите полиња Попчевско и Костуринско по долината на Бела и Тркајна Река. На исток Струмичко Поле се стеснува и источно од Ново Село, помеѓу Беласица и Огражден, широчината е околу 2 км, за потоа реката Струмица преку Клучната Теснина да навлезе во Петричката Котлина (Пиринска Македонија).
По целата должина во подножјето на планините се наоѓаат фосилизирани дилувијални наноси, на кои се наоѓаат повеќе села и двете града: Струмица и Радовиш.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Котлината дава високи приноси на раноградинарски култури благодарение на изградените системи за наводнување. Од особено значење е Струмичкото Поле, кое е мошне плодно и богато.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Носии од Радовишко Поле и Струмичко Поле
- Струмичко Поле
- Југоисточна Македонија
- Струмица (река)
- Радовишка Река
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 129. Посетено на 16 јануари 2024.
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 1452. Text "series " ignored (help)
|