Стар Чифлик
Стар Чифлик Παλαιό Τσιφλίκι | |
---|---|
Координати: 40°34′N 21°17′E / 40.567°N 21.283°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Костур |
Општ. единица | Костур |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Стар Чифлик (грчки: Παλαιό Τσιφλίκι) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало околу 2 км од северниот брег на Костурското Езеро, јужно од селото Сетома.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 20 домаќинства со 90 жители Македонци.[2]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во селото Стар Чифлик имало 60 жители, сите Македонци.[3][4]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Стар Чифлик имало 144 Македонци под патријаршијата.[5][4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стар-Чифлик се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[6]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 8 жители.[1]
Во 1920 г. селото е запишано со 7 жители. Поради малобројноста на жителите, во натамошните пописи како населба не се споменува.[1]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ од XVII век
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 43.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-10.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.
|