Стара Црква (Големо Мраморани)
„Стара Црква“
| |
Местоположба | 41°24′05.3″N 21°30′12.2″E / 41.401472° СГШ; 21.503389° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Големо Мраморани |
Општина | Долнени |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Стара Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското историско село Големо Мраморани. Претставува црква и некропола од среден век. Се наоѓа непосредно до урнатините на селото, која според темелите, не била многу голема градба и претставувала еднокорабна црковна градба со средни димензии, но во неа биле вградени како сполии и елементи од постара градба, сосема веројатно, ранохристијанска црква, на која укажува еден мермерен споменик, капител со изработен крст, како и други мермерни и камени блокови, тегули (покривни ѓерамиди) од античкиот период и слични показатели и остатоци од постара градба. Речиси во самите гробишта, на мало растојание од црквата се среќава и еден голем винарник – објект за гмечење грозје и правење вино, а уште еден таков објект, но со помали димензии, се наоѓа на периферијата на гробиштата, поточно на околу 50 м источно од карпата „менхир“. Овие камени објекти, како објекти биле користени во производството на вино уште од антиката, а можеби и во подлабоката историја. На просторот на кој биле сместени црквата и гробиштата се среќаваат и други културни траги, како обработени форми по карпите, така и фрагменти од керамички садови, питоси и друг археолошки материјал.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Гробишта — осамени наоди од римско време;
- Манастир — црква од средниот век;
- Големо Мраморани — населба од бронзено време;
- Големо Мраморани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Истражувања на КУЛТУРНИОТ ИСТРАЖУВАЧКО-ДОКУМЕНТАЦИСКИ ЦЕНТАР „КАЛЕШ АНЃА“ од Прилеп; 2013
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Големо Мраморани
- Археолошки наоѓалишта во Општина Долнени
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Прилепско